Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (30.12.2014 14:58:50)
|
И јас се слагам со Loveable Me, kapina. Се работи за неуспешна имплантација, баш заради тоа што толку рано завршува се. Да, знам дека се што е со бета над 5 технички се смета за бременост, ама мислам дека се додека не се чуе срцева акција и вијабилен плод, не може да се збори за вистинска бременост. Извини и ти ако ти отежнувам со муабетов, ама факт е дека кај тебе проблемот е поврзан со самата ИВФ постапка, не бременоста сама по себе. Инаку сите ние сме паталци и сите чекаме живо здраво и право дете во раце за вистински да се израдуваме, а не сме до крај среќни со самата бременост. Зарем мислиш дека мене ми престанаа маките? Напротив, нејќеш ни да знаеш низ што се поминувам. Сакам да кажам, секој со своето гајле, и колку порано почнеш да ги бараш причините на вистинското место, толку побрзо ќе имаш успех. Во твојот случај, многу важен е и позитивниот став, кој мислам дека ти недостига. Стварно не можеш да размислуваш дека следното ивф ќе биде неуспешно (како да си кобиш предвреме) и тоа после ќе го правиш во странство. Ако така, ич не се мачи, и оди одма во странство, не се третирај сама себе како заморче. Знам дека е тешко, ама мора да бидеш оптимист во секоја ситуација и да не дозволиш да опаднеш психички.
|
|
|
|