|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  65 66 [67] 68 69   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Вештачко оплодување VI дел
9.1.2015 0:31:16   
butterfly 00
Na mojata komsika nejzina prijatelka posle neuspesno IVF napravi na spontan ciklus I sega e 4 mesec bremena.

_____________________________

3 inseminacii, 2 IVF = / , 2 FET = /

(Одговор на членот butterfly 00)
Непосредна врска до пораките: 1651
   RE: Вештачко оплодување VI дел
9.1.2015 9:09:35   
mili4kask
Zdravo devojki Srekna vi nova godina i srekni bozikni praznici! Me nemase nekolku nedeli eve me pak. Pravevme punkcija izvadija folikul koj bese prazen. user posted image So Ivanovski se dogovorivme da odime povtorno na IVF so stimulacija po 6 meseci da ne udirame glava vo zid. Sega odmaram, pa zdravje tamu posle letoto ke probame pak. Na site novi trudnici im posakuvam lesna i ubava bremenost a na ostanatite ovaa godina sto poskoro da vidat user posted image user posted image . Ve guskam siteuser posted image

(Одговор на членот butterfly 00)
Непосредна врска до пораките: 1652
   RE: Вештачко оплодување VI дел
9.1.2015 9:29:54   
LoveableMe RR
evoksi, баш убаво што не дружиш на форумов, жал ми е за тоа што ти се случило, но шансите за успешно ИВФ се поголеми со стимулација. ИВФ на природен циклус, во секој случај може да се направи, но шансите за тоа се помали. Имаме ТЕМА за тоа, можеш да прочиташ, но мој совет е да одиш со стимулации, а на природен циклус можеш да пробаш и следниве месеци. Кај кој доктор беше, со каква терапија, може треба да се проба со друга терапија?

Мили4каск, баш ми е жал, во овие месеци пробувајте природно, па не се знае кога ќе се фати. Позз

Ја чекаме Анна78, денес треба да прави тест.user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот mili4kask)
Непосредна врска до пораките: 1653
   RE: Вештачко оплодување VI дел
9.1.2015 14:03:54   
evoksi
Фала ти LoveableMe,

Јас сум кај доктор Поповиќ. Пред 5 години имав успешно инвитро кај него. Првиот пат поминав неверојатно лесно и веројатно затоа мислев дека и овој пат ќе биде така. Но за жал не беше.

Докторот ја зема шемата од првиот пат и воглавно одеше по неа. Ми извадија 6 фоликули, 4 беа оплододени, јас инсистирав да ми вратат само едно.

Денес кога ќе размислам не знам зошто бев толку сигурна дека ќе успее зошто и првиот пат ми вратија 3 ембриони, а остана само едно.

Во секој случај фала ви многу за подршката, јас ќе продолжам да ви пишувам.

На сите ви посакувам што побрзо позитивен тест!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1654
   RE: Вештачко оплодување VI дел
9.1.2015 14:17:53   
vazna
Evoksi bas mi e zal za neuspesnoto invitro ne se razocaruvaj moze prirodno da se fati ne se znae koga moze da bidne, no ne te razbrav ti veke imas edno dete, pa se obiduvate za vtoro?

(Одговор на членот evoksi)
Непосредна врска до пораките: 1655
   RE: Вештачко оплодување VI дел
9.1.2015 14:47:23   
evoksi
Да, така е vazna. Имам ќерка.

Кај нас проблемот е кај мажот ми, многу е лош спермограмот и знам дека не може природно.
Ни требаше поприлично време да се одлучиме за второ дете бидејќи знаевме дека мора со инвитро и кога отидов сега втор пат кај докторот ми влеа многу надеж, дека се е супер, јајниците, матката ембриологот ме убедуваше дека ембриончето што го вративме е најсупер ама ете ништо не испадна.

Мене имунитетот ми е катастрофа. Тоа заборавив да му го кажам на доторот. Тој ми даде да пијам прегназол ама мислам дека треба да пијам нешто повеќе. Вие пиевте нешто за имунитет?

Година и пол отприлика после породувањето ми се појави некоја алергија на кожата, некоја хиперсензитивност и до денес не ми открија од што ми е тоа, па си пијам континуирано антихистамини и имам хроничен синуситис што исто така ми се појави пред некоја година кога се обидував да престанам да ги пијам апчињата за алергија.
Јас читав малку нешто и си ја поврзав алергијата што ми се појави со хормоните што ги примав, но никој не ми потврдил дека е така.
Затоа и сакав ако може да поминам без многу терапија.

Исто сакав да прашам што пиевте за циркулација. Јас сум од мала алергична на аспирин, па не можев да пијам, и после ЕТ цело време ми беа мраз рацете и нозете, дури и настинав.

Сега кога ќе отидам отидам ќе знам многу работи да кажам што не ми текнаа до сега

(Одговор на членот vazna)
Непосредна врска до пораките: 1656
   RE: Вештачко оплодување VI дел
9.1.2015 14:57:02   
LoveableMe RR
evoksi, имаме тема Стерилитет кај мажот, тука можеш да пишеш и да споделиш искуства за спермограмот, најпрво да престане да пуши ако пуши, витамин Ц, Е, цинк селен, Б комплекс во појачана доза, чаеви, матичен млеч.

За тебе да провериш од каде алергијата, затоа што пореметување на имунскиот систем може да ти влијае на отфрлање на ембрионите и џабе ќе правиш ИВФ доколку тоа не го средиш. Место аспирин, можеш да пиеш крилово улје, го има по аптеките. Исто и за тебе, витамин Ц, Е, цинк, целен, магнезиум да пиеш и матичен млеч.

Др. Таше на пример, го гледам на ТВ препорачува Ге132 за двајцата партнери одреден период во постапката, за ИВФ, дека тоа го зајакнува имунитетот и дава подобри резултати.

Викаш едно ти вратиле, а три се оплодиле. Зошто не ги смрзнавте другите три?Позз

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 9.1.2015 14:58:49 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот evoksi)
Непосредна врска до пораките: 1657
   RE: Вештачко оплодување VI дел
9.1.2015 17:57:26   
Anna78
Девојки нека ви се среќни празниците, од се срце посакувам сите да си дочекаме да имаме здрави и живи бебенца.
За жал јас и овојпат не успеав да се израдувам user posted image user posted image user posted image
Многу ми падна тешко, се прашувам дали ќе успеам некогаш. Толку бев некако позитивна и веројтно имав големи очекувања, но за жал работите не се случуваат кога се очекува.
Уште пред два дена ми се појави малку кафеавко крварење, се јавив одма кај сестрата и ми рече дека штом не е обилно крварење не е страшно и ништо не мора да значи, да почекам до тестот. Но, јас веќе имав симптоми за добивање-ми се лошеше, ми излегоа бубулички и синоќа не издржав направив домашен тест, а сабајлево преку крв, но за жал негативни user posted image Сега веќе ме наболува стомакот исто како пред добивање, па веројатно утре и ќе добијам user posted image Искрено незнам како ќе соберам сили за следно ивф, но морам, зашто желбата за деца ми е огромна. Извинете што се распишав, ме носи ова глупаво чувство. Позз user posted image

_____________________________

обиди = 5 год., 4 IUI = /, терапија еутирокс, 2 IVF = /, 3 FET = /

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1658
   RE: Вештачко оплодување VI дел
9.1.2015 18:45:09   
vazna
Offf Ana bas mi e zal no sto e toa, nema otkazuvanje borbata mora da prodolzi, odmori se sega malku i fizicki i psihicki i drugoto invitro ke uspee ke vidis,a moze i prirodno da bidne,user posted image ova prvo invitro ti bese?

(Одговор на членот Anna78)
Непосредна врска до пораките: 1659
   RE: Вештачко оплодување VI дел
9.1.2015 19:22:16   
Kvisko
Поддршка и од мене Anna78 и Mili4ka. Ќе дојде и вашиот ден за радување само полека.

(Одговор на членот vazna)
Непосредна врска до пораките: 1660
   RE: Вештачко оплодување VI дел
9.1.2015 20:25:17   
gina
Anna78 i Mili4ka mnogu mi zal devojki no ne se predavajte ce bide i toj denuser posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1661
   RE: Вештачко оплодување VI дел
9.1.2015 20:47:15   
LoveableMe RR
Anna78, баш ми е жал, убаво распрашај се со докторот дали треба испитувања да правиш и/или хистеро-лапаро ако не си правела за да можеш следниот пат да имаш успех. А други медицински проблеми со сопругот имате?

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 1662
   RE: Вештачко оплодување VI дел
9.1.2015 22:02:26   
kapina
Ana zal mi e dusicke mnogu mi e zal

(Одговор на членот butterfly 00)
Непосредна врска до пораките: 1663
   RE: Вештачко оплодување VI дел
9.1.2015 23:35:37   
Anna78
Ќе се распрашам обавезно, баш ме интересира дали треба некои дополнителни испитувања, хистеро-лапаро не сум правела и незнам што е тоа искрено. Јас освен со тироидната што имам мал проблем друго немам, и тироидната со еутироксот ја средив, но кај сопругот е лош спермограмот, друга мака немаме, кај мене е се во ред, барем така тврдат лекарите, незнам стварно незнам зошто и ова ивф не успеа ама тоа е. Докторот баш на трансферот рече дека имам добри ембриони и добра матка, ама ете ништо user posted image

_____________________________

обиди = 5 год., 4 IUI = /, терапија еутирокс, 2 IVF = /, 3 FET = /

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 1664
   RE: Вештачко оплодување VI дел
10.1.2015 0:07:58   
kate..
ANAA78 BAS MI E ZAL NO KOGA TOGAS KE USPEEME IMAJ VERBA VO BOGA,BOG NIKOGAS NE NE NAPUSTA MOZE BAVI NO NEMA DA NE ZABORAVI .

_____________________________

2011fevruari operacija cista otstraneta i jajnik,2012 spontan abortus,2013 april vonmatericna bremenost operacija hitno tubite otstraneti,prvo IVF neuspesno vtoro neuspesno

(Одговор на членот Anna78)
Непосредна врска до пораките: 1665
   RE: Вештачко оплодување VI дел
10.1.2015 16:28:18   
весник
LoveableMe RR да те прашам...се подготвуваш за трансфер...пиеш ли нешто витаминско...знаеш ли точно кога ќе ти биде трансферот...на кој ден е отприлика после циклус...јас се јавив кај Лазаревски....ми рекоа откако ќе добијам на 10-11 ден да отидам за преглед па да се договориме за трансфер ... па затоа сакав да чујам нешто од тебе бидејќи во ист период ќе имаме трансфер...па среќно нека ни биде!!!!!

(Одговор на членот kate..)
Непосредна врска до пораките: 1666
   RE: Вештачко оплодување VI дел
10.1.2015 18:26:14   
Hopeful RR
Anna 78, многу ми е жал... user posted image

Разговарај со докторот за можните причини, и сметам дека не е на одмет да се направи и хистероскопија пред следното ивф. За спермограмот, дали сопругот примаше некаква терапија претходно? Знам кај нас ептен направи разлика тоа што мм смени начин на живот - престана да пие алкохол, ја подобри исхраната, престана да вози велосипед, и плус пиеше Сексовит и имаше подобрување.

Нема откажување, тука сме за тебе user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот весник)
Непосредна врска до пораките: 1667
   RE: Вештачко оплодување VI дел
10.1.2015 23:55:30   
Anna78
Фала ви на поддршката девојки, навистина многу ми значи user posted image
Hopeful, кај мм само 3% од сперматозоидите се добри, се друго не е ок и пие витамини, сексовит исто и матичен млеч и баш на пункцијата биологот рече дека има мало подобрување, а исто престана и да пуши пред 2 год. Тоа е,така требало да биде, се надевам дека до следното ивф ќе се подобри уште. Денес сум веќе подобра, упорна сум многу и морам понатаму, мора да се продолжи борбата и ќе биде user posted image

_____________________________

обиди = 5 год., 4 IUI = /, терапија еутирокс, 2 IVF = /, 3 FET = /

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1668
   RE: Вештачко оплодување VI дел
11.1.2015 10:59:26   
bubla
Здраво девојчиња. Само да ве поздравам и да ви дадам поддршка да истраете во оваа макотрпна борба.
Ве следам нон стоп иако ретко пишувам. Многу ми е жал за секој ваш неуспех.
Ана и сите други, знам дека не ви е лесно, само вие си знаете како душата ви плаче. Исплачете се колку треба и после главата горе! Ќе успееме сите.

(Одговор на членот Anna78)
Непосредна врска до пораките: 1669
   RE: Вештачко оплодување VI дел
11.1.2015 20:19:23   
kate..
rr sto mikslite dr popovic sistina ili petanovski remedika

_____________________________

2011fevruari operacija cista otstraneta i jajnik,2012 spontan abortus,2013 april vonmatericna bremenost operacija hitno tubite otstraneti,prvo IVF neuspesno vtoro neuspesno

(Одговор на членот bubla)
Непосредна врска до пораките: 1670
   RE: Вештачко оплодување VI дел
11.1.2015 20:24:42   
LoveableMe RR
Весник, јас ќе одам кога ќе добијам следниот циклус некаде на 6-ти ден од циклусот, затоа што јас порано овулирам, се договоривме да одиме на природен циклус, пред трансферот нема ништо да ми даде рече, туку после ќе примам терапија, се договоривме појачана прогестеронска терапија, пошто кај мене и тоа е проблем. Ми рече можам ако не сакам кринон гел, да ставам утрогестан, бидејќи јас и немам баш најдобро искуство со кринонот, па ќе видиме......

За пиење, засега земам магнезиум и Б комплекс плус фолна, Витамин Д3 и витамин К, а планирам да земам една комбинација на калциум, магнезиум, синк селен, така нешто, мислам добро е пред трансфер. Тебе ќе ти дава терапија пред трансфер?

Кате...од тебе зависи кај кој доктор, за двајцата имаме слушано убави работи, така што твое е да одлучиш што понатаму...позз пиши каде ќе одиш во која клиника ќе решиш...

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот kate..)
Непосредна врска до пораките: 1671
   RE: Вештачко оплодување VI дел
11.1.2015 21:52:41   
bubla
Кате види се со двајцата. Со кој ќе имаш подобра хемија, тој одбери го.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1672
   RE: Вештачко оплодување VI дел
12.1.2015 9:55:34   
LoveableMe RR
Да се надеваме дека оваа година ќе биднеме многу трудни како што имаше и минатата годинаuser posted image . Ве охрабрувам сите што имавте успешно ИВФ, да ја споделите вашата приказна ОВДЕ

*******2014*******
user posted image user posted image user posted image АКТУЕЛНОuser posted image user posted image user posted image


00.01 - весник - трансфер со смрзнати ембриони (Лазаревски, Систина)
00.01 - MademoiselleNina - ИВФ на природен циклус (Ивановски, Систина)
05.01 - nadesh - почеток со терапија (Таше Трпчевски, Плодност)
18.01 - Pinky30 - почеток со терапија (Глигор Тофовски, ГАК)
00.02 - LoveableMe RR- трансфер со смрзнати ембриони (Петановски, Ремедика)
00.02 - kate..почеток со терапија(Петановски, Ремедика)


=========================
user posted image ИСЧЕКУВАЛКИuser posted image

00.00 - /////// пункција ///// = ЕТ

=========================

00.00 -////// = ТЕСТ

2015 година

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image



< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 12.1.2015 9:58:47 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1673
   RE: Вештачко оплодување VI дел
12.1.2015 13:16:30   
evoksi
Anna78, Многу ми е жал, сосема добро разбирам како се чувствуваш. Подршката од девојчињава овде е непроценлива.
Се надевам следниот пак ке бидеме некаде во исти термин, па ке се консултираме.

Сакав да те охрабрам во врска со спермограмот. Првиот спермограм на мм беше со 1% нормални сперматозоиди. После испитувања кај уролози, пиење витамини, здрав живот и све тоа, ништо не му најдоа, само холетеролот си го доведе во нормала, а спермограмот остана ист без подобрување. Сепак, со само 1% добивме ќерка. Значи вие со 3% имате многу повеќе шанси.


kate.., јас сум кај доктор Попович и сум задоволна. Единствено што ми смета е што за што и да отидам чекам по саат време минимум. Не знам како е кај другите, но ова со чекањето стварно е проблем, пошто е во работно време, па откажуваш состаноци, други работи. Позитивни искуства има од докториве, па може е најдобро да видиш која клиника ти е поблизу. Ти посакувам што побрзо големо меше.


LoveableMe, ме праша зошто не сме ги замрзнале ембрионите. Сега да ме прашаат веројатно нема да одговорам така, но тогаш, кога прашав какви се ембрионите ембриологот ми рече едно имаме најсупер, две се супер и едно е добро. Ме убедуваше да вратиме две, јас инсистирав едно и првата мисла ми беше ако не успее ова што е најдобро сигурно нема ни оние што не се толку добри и затоа одбив да се замрзнат. Згрешив знам, ама што е тука е. Ти благодарам многу за советите и ти стегам палци за следниот циклус.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1674
   RE: Вештачко оплодување VI дел
12.1.2015 13:40:09   
LoveableMe RR
евокси, не спомнувај за чекање, секаде е така, дремеме по ходници со саати за пусти дечиња што да правиме, еве и јас во Ремедика постојано чекам, ретко кога точно на закажано ме примаат зошто често има трудници, итни случаеви и се пореметува терминот. Исто беше и кога одев во Систина за првото ИВФ.

Фала ти за убавите желби, ти посакувам успех следниот пат за ИВФ или во меѓувреме природноuser posted image . Другите каде сте, што правите?

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот evoksi)
Непосредна врска до пораките: 1675
Страница:   <<   < Претходна страница  65 66 [67] 68 69   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  65 66 [67] 68 69   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?