evoksi -> RE: Вештачко оплодување VI дел (12.1.2015 13:16:30)
|
Anna78, Многу ми е жал, сосема добро разбирам како се чувствуваш. Подршката од девојчињава овде е непроценлива. Се надевам следниот пак ке бидеме некаде во исти термин, па ке се консултираме. Сакав да те охрабрам во врска со спермограмот. Првиот спермограм на мм беше со 1% нормални сперматозоиди. После испитувања кај уролози, пиење витамини, здрав живот и све тоа, ништо не му најдоа, само холетеролот си го доведе во нормала, а спермограмот остана ист без подобрување. Сепак, со само 1% добивме ќерка. Значи вие со 3% имате многу повеќе шанси. kate.., јас сум кај доктор Попович и сум задоволна. Единствено што ми смета е што за што и да отидам чекам по саат време минимум. Не знам како е кај другите, но ова со чекањето стварно е проблем, пошто е во работно време, па откажуваш состаноци, други работи. Позитивни искуства има од докториве, па може е најдобро да видиш која клиника ти е поблизу. Ти посакувам што побрзо големо меше. LoveableMe, ме праша зошто не сме ги замрзнале ембрионите. Сега да ме прашаат веројатно нема да одговорам така, но тогаш, кога прашав какви се ембрионите ембриологот ми рече едно имаме најсупер, две се супер и едно е добро. Ме убедуваше да вратиме две, јас инсистирав едно и првата мисла ми беше ако не успее ова што е најдобро сигурно нема ни оние што не се толку добри и затоа одбив да се замрзнат. Згрешив знам, ама што е тука е. Ти благодарам многу за советите и ти стегам палци за следниот циклус.
|
|
|
|