|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Трудници, што јадевте денес?
31.10.2014 17:30:59   
Bethany
Јас денес:

овесни варени во млеко и банана
јаболко
две тостерки со путер и мед и чај од коприва

компир манџа со салата марула+краставица и интегрално лепче
мало чоколадце со кокос

за вечер не знам што ќе јадам. Обично ми е тешко навечер. Пред да одам да спијам, јас прво повратам, така да најдобро да избегнувам да јадам, ама не можам, желудникот ем бара храна, ем не поднесува храна.

А исто како во прва бременост, јас можам нон стоп да јадам теста, пециво и слично, за жал.
Овошјето и салати и се друго не ме заситува, тоа ми е само успат, заедно со нешто друго.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Трудници, што јадевте денес?
2.11.2014 19:38:53   
lolla RR
Вчера:

- на станување: смуди од аронија, боровинки, капини, банана, кокосово масло и 2 урми, беше делишс
- доручек: домашна јуфка од свеки потпечена со сиренце и јогурт, беше превкусна ама ме фатија киселини од неа
- јаболко, чај
- ручек: кофтенца од телешко мевце со многу кромид и лук, и салата кинеска зелка
- вечер: кришка лепче со пинџур

Денес:

- на станување: лажичка семе од коприва, јаболко, банана и цеден сок од лимон и 2 мандарини
- доручек: палента со арганово масло, сиренце и јогурт
- кафе
- ужина: свеки варела тиква, па изедов пола тенџере
- ручек: сарма, едно 5-6 изедов ама се тешам беа без леб и беа средна големина user posted image
- учина: чај од камилица и 1 калинка
- вечер: голема лажица чиа семе со вода, да надокнадам протеини за денес

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Трудници, што јадевте денес?
2.11.2014 19:50:08   
Hopeful RR
lolla, супер што спомна палента, ете идеја за утре user posted image

Вчера на станување јадев банана и јаболко, а потоа конечно јадев симит погача! За ручек бев сама, и дека со лежењево не можам да готвам, јадев варени јајца со салата. Попладне мснав и еден кроасан seven days, а за вечера шпагети со сос од кромид и пелати.

Денес сабајле јадев јаболко и ананас, а потоа овес со сончоглед, тиква, лен и чиа семки и суво грозје, попарено со вода. За ручек пак јадев варени јајца, овојпат со варена брокула, пармезан и лепче. После тоа пак смачкав еден кроасан user posted image Сега пијам кафе и не знам за вечера, веројатно јогурт со семки, нешто полесно.

Некако немам некој апетит, нити па ми се јаде нешто посебно, и баш ми е сеедно што ќе јадам. Може дека лежам и не можам да си спремам, а веќе жал ми е за мм... А ич не сум таква во нетрудно издание, баш сум гурман user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Трудници, што јадевте денес?
2.11.2014 20:00:26   
Mihaela 2010
Sabajle mandarin, caj od kamilica so med
Dorucek 2 przeni kriski so sirenje, kaskavalce, kiselo mlekce
Uzinka palacinka bez nisto
Dve mandarini
Kafe
Rucek spanakj so kiselo mleko
Uste edno kafe
Sega pola dunja i uste malku ke nanamuser posted image

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Трудници, што јадевте денес?
2.11.2014 20:16:53   
lolla RR
Женски, а внимавате ли да внесувате секој ден доволно протеини? Јас најмногу на тоа пазам, тие биле најпотребни за матката и бебето. Потоа доаѓа железото и калциумот, па магнезиумот. Исто, пазите ли на пример, кога јадете нешто со железо, да не јадете млечни работи со него и саат подоцна?Јас и на тоа пазам, и затоа има денови кога гледам да јадам повеќе млечни работи, а некои денови избегнувам, зш гледам да јадам работи богати со железо.

Михаела, на здравје јадењето!

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Трудници, што јадевте денес?
3.11.2014 16:52:29   
lolla RR
Денес: инспирирана од хоупфул

- на станување: чај од коприва, лажица семе од коприва, 3 урми со малку ореви, цеден лимон со 2 мандарини
- преддоручек: овес со малку овесни трици покиснати во млака вода со лажица мед и 2 сецкани јаболки
- доручек: пола парче пита со спанакј и сирење од специјал и чашка јогурт )ми се згади животот, погадно чувство во уста не сум имала, не памтам од кога)
- ужина: 2 бомбици, ке пишам доле рецепт
- РУЧЕК: тањир крем супа од тиква со лук и кромид и пржено урда со пиперки и кисело млекце (вчера бевме за село па се снабдивме со милион домашни продукти, козјо кисело млекце, урда, тикви, праз, калинки итн итн... жива радосна си иде накај дома хаха)
- после сме на гости ама вечер обавезно ке биде уште еден тањир од супата, хоупфул, беше преееекрасна, фала за идејата

БОМБИЦИ од суво овошје:

- 400 гр урми без семка
- 200 гр сува смоква
- 50 гр суво грозје
- 50 гр брусница без шеќер
- 30 гр интегрален сусам
- 100-200 гр ореви може и микс со бадеми и лешници
- пакување кокосово брашно
- 30 гр лен и 30 гр семки од тиква
- 3-4-5-6 лажици кокосово масло

Се се меша и внимателно се бленда во сецко со сечило S/. Потоа се прават бомбици се ставаат во фрижидер и стојат до една недела, кај нас малце помалку.

Имајте убава вечер и полни мешковци.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Трудници, што јадевте денес?
3.11.2014 20:50:25   
Hopeful RR
Ааа lolla, баш ми е мило! user posted image Ако сакаш вакви супи, има една француска супа од кромид, е тоа е права декаденција! :) Инаку пазам на протеини, да - посебно па како вегетаријанка, сега ептен се трудам да внесувам протеини. Секако гледам да изедам по минимум една супена лажица чиа семе дневно, затоа што е фул со протеини. Инаку, гледам да јадам многу грав, леќа, наут, грашок, боранија, и секако јајца.

Денес:
За доручек јадев две јаболки и овес со семки и суво грозје, со вода.
После за ужинка м'цнав една кришка леб со путер и пармезан.
За ручек јадевме грашок со зеленчук и салата со црвена зелка, со супа од зеленчук.
Сега јадам чоколокум user posted image
За вечера може овошје или само салата.

Некако намален ми е апетитот, не знам зошто. Може од лежењето и дека не трошам...
Инаку бомбиците ми се хит! Обично правам едни слични на овие, но сега ми е преголем проект: бадеми, урми, сок од портокал, какао или рогач, кокосов путер и цимет, по еден цел лешник во средина и цело топче валкано во кокосови снегулки. А бе да се потепаш од јадење user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Трудници, што јадевте денес?
4.11.2014 10:54:39   
Elena 29
Hopeful,za proteinite odlicni se bademite,tie se epten bogati so proteini,isto taka i puterot od kikiriki ima mn proteini.Jas go dodavam vo ovesnata kasa-dve lazici od nego zadovoluva mnogu od dnevnata potreba za proteini,baska e mn vkusen.
Devojki da ve prasam od kade go kupuvate semeto od kopriva,sakam da si zemam,iako go pijam redovno cajot od kopriva.user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Трудници, што јадевте денес?
4.11.2014 11:21:57   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Elena 29
......Devojki da ve prasam od kade go kupuvate semeto od kopriva,sakam da si zemam,iako go pijam redovno cajot od kopriva.user posted image user posted image user posted image


Билна аптека на Алкалоид, карши Зоил. Позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Elena 29)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Трудници, што јадевте денес?
4.11.2014 11:29:36   
Elena 29
Fala ti LoveableMe user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Трудници, што јадевте денес?
4.11.2014 14:04:40   
lolla RR
Семе од коприва има и во Зегин, ама пак е пакување на Алкалоид. ОКолу 65 денари е, и јас мешма со цеден лимон и мед.

А путер од кикирики од кој и од каде купувате? Тоа никогаш немам пробано user posted image

(Одговор на членот Elena 29)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Трудници, што јадевте денес?
4.11.2014 18:54:49   
Hopeful RR
До летово, имав пробано само од нашите, македонски путери од кикирики и ич не ми се свиѓале, дури се чудев што толку се потресуваат американци. Но летово најдовме во Лидл тегла путер од кикирики по смешна цена од некои евро-две, и купивме, и огромна разлика има, ептен е добар! Не е нешто што би можела секој ден да го јадам, ама добар е. Не ми текнало да го ставам во овес, ќе пробам утре user posted image

Инаку моето денешно мени е скоро исто како вчерашното - овошје, овес и грашокот што остана од вчера user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Трудници, што јадевте денес?
5.11.2014 9:05:23   
lolla RR
Вчера:

- на станување: чај од коприва и 2 бомбици
- доручек: макробиотички геврек со супа од тиква
- ужина: мандарини 2 и 1 круша и 1 бомбица
- какао
- ручек: боранија со киноа и салата кинеска зелка
- вечера: боранија и пола парче домашна проја

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Трудници, што јадевте денес?
5.11.2014 11:33:19   
Elena 29
puterot od kikiriki go kupuvam od pogolemive marketi,sigurno ke go najdes.Samo kaj nas nema nekoj izbor,ima samo dva vida.jas go kupuvam Pami smoothy,lesno se macka na lepce,se rastopuva vo ovesnata kasa i baska mene mi e mnogu vkusen user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Трудници, што јадевте денес?
5.11.2014 13:27:02   
blond
Од сабајле топло чоколадо прво се напив, па после ајвар со чајче. За ручек боранија. И круша едвај една изедов.

(Одговор на членот Elena 29)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Трудници, што јадевте денес?
5.11.2014 16:19:05   
Hopeful RR
Од сабајле јаболко и круша, а потоа една мрсна никаква симит погача - мајка ми демек да ме израдува, ама ич не ми се свиѓаше. За ручек гравче од вчера и салата од патлиџани, кромид и маслинки, а за вечера најверојатно јогурт со семки, дека ги скокнав сабајлечки user posted image user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот blond)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Трудници, што јадевте денес?
5.11.2014 16:24:33   
Mihaela 2010
denot go pocnav so caj od nane
pa banana
dorucek varen gevrek so krem sir
kafe
mnogu voda
okolu 14 casot uste edno gevrece vareno(od onie okruglite ohridski) so edna zzdenka
mandarina
za rucek nemam nesto posebno,ke se sprzi nesto
vecera koj znae,moze samo casa mleko

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Трудници, што јадевте денес?
5.11.2014 16:28:31   
lolla RR
Денес:

- на станување: јаболко, цеден лимон, семе од коприва и чај од коприва
- доручек: парче проја и домашно козко кисело млекце
- ужина: 2 мандарини, пола банана, 2 бомбици
- ручек: макарони со сос од многу праз, домашен кечап и кашкавал (превкусно)
- вечера: ке ја дојадам супата од тиква

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Трудници, што јадевте денес?
5.11.2014 16:32:23   
Bethany
Vcera:

od sabajle nekolku kivi
pa za dorucek lepce so kajmak i vareno jajce i jogurt
jabolko
rucek: grasok so edna krmenadla i cveklo
za vecera grickav bademi i izedov dve mali banani

Denes:

Pak zapocnav den so kivi
Caj od kopriva
dorucek: si izblendirav edna banana i malku kapini, so ovesni snegulki, malku med i jogurt, toa piev
Jabolko-dve
dve mali parcinja leb so puter i med
sega izedov polna cinija salata zelka so rendan morkov i krastavica
Kje go cekam mm da dojde pa kje jademe pak grasok i salata
i vecera kje vidam

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Трудници, што јадевте денес?
5.11.2014 16:33:51   
kokicekokice
Ја читам темава и се чудам.Сериозно сите јадете по цел ден волку малку и се некои семиња,житарици?Па мене денот не ми поминува помеѓу оброците без чоколадце,наполитанче, некои грицки.И од овшје не јадам по 1 овошка, туку повеќе. Или јас сум Перо ждеро 😢или сите си премолчувате по некоја ужинка. 😁

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Трудници, што јадевте денес?
5.11.2014 16:38:55   
Bethany
кокичекокиче user posted image еееј мене ми е гадно душата ми излегува од нос од благо, па дури и од пржено, ете толку ми се гади.

Пред некој ден ми падна на ум сладолед, демек ќе ми прија на желудников, земав малку изедов и повратив, затоа не се рачуна user posted image

Море, едвај чекам нормално да си јадам ко човек, а не овака преживувам, ама морам се друго ми е тешко после, по цели ноќи не спијам од што не може да се свари ни благо ни нешто тешко user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот kokicekokice)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Трудници, што јадевте денес?
5.11.2014 16:39:45   
lolla RR
кокиче, на никој не се правдаме тука, не верувам дека некој лаже што јадел, идејата беше да се добиваат идеи за оброци во бременоста, и нема споредување, секој валда си јаде колку му бара организмот. Пиши ни и ти кога ке можеш.

(Одговор на членот kokicekokice)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Трудници, што јадевте денес?
5.11.2014 16:43:57   
LoveableMe RR
Јас исто ви се воодушевувам колку малку јадете повеќето, јас колку ми се јаде сега, а не па трудна, секоја чест, ќе си имате добро линииче до крајот на бременоста!user posted image user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Трудници, што јадевте денес?
5.11.2014 16:49:57   
kokicekokice
Не зборам за правдање,туку се зезам дека кога прочитав колку малку спрема мене сите јадат просто се усрамив.Мене денот без чоколадце не ми пиминува,а никој не спомнува дека го консумира. Затоа ќе си молчам и не пишувам што јаде по цел ден оваа стрвна трудница, подобро да си терате сите со помалку:)

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Трудници, што јадевте денес?
5.11.2014 17:28:51   
lolla RR
кокиче, штом си стрвна, ке да имаш добри идеи за јадење. Пишувај ајде :)

Ловабл, ти што побрзо тука да не стрвиш.

(Одговор на членот kokicekokice)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?