|
RE: Трудници, што јадевте денес? 3.11.2014 20:50:25
|
|
|
|
Hopeful RR
|
Ааа lolla, баш ми е мило! Ако сакаш вакви супи, има една француска супа од кромид, е тоа е права декаденција! :) Инаку пазам на протеини, да - посебно па како вегетаријанка, сега ептен се трудам да внесувам протеини. Секако гледам да изедам по минимум една супена лажица чиа семе дневно, затоа што е фул со протеини. Инаку, гледам да јадам многу грав, леќа, наут, грашок, боранија, и секако јајца. Денес: За доручек јадев две јаболки и овес со семки и суво грозје, со вода. После за ужинка м'цнав една кришка леб со путер и пармезан. За ручек јадевме грашок со зеленчук и салата со црвена зелка, со супа од зеленчук. Сега јадам чоколокум За вечера може овошје или само салата. Некако намален ми е апетитот, не знам зошто. Може од лежењето и дека не трошам... Инаку бомбиците ми се хит! Обично правам едни слични на овие, но сега ми е преголем проект: бадеми, урми, сок од портокал, какао или рогач, кокосов путер и цимет, по еден цел лешник во средина и цело топче валкано во кокосови снегулки. А бе да се потепаш од јадење
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|
|
|