Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (22.3.2015 14:36:57)
|
Девојки, lolla е таков случај, со еден успешно фатен ембрион и здрав прав синко, така што нема губење надеж! [sm=smiley1.gif] Сигурно ги има уште многу, само во моментот не ми текнува, може ќе пишат. Во секој случај, телото си знае и си препознава, кога мене ми се случи биохемиската си се тешев со логика дека ембриончето нешто не било ок и подобро за мене да излезе. Мора човек да биде оптимист, колку и да е тешка ситуацијата. Инаку, после 4 дена лежење, ок е да се потстане и да се раздвижиш малку, Јана81. Сепак, циркулацијата е подеднакво битна, а штом лежењето ти ствара стрес, подобро да се движиш. Не забегувај, сепак, ама да, слободно шеткај наваму натаму, неинтензивно и ненапорно. Со среќа на сите [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|