Bea -> RE: Вештачко оплодување VII дел (13.8.2015 9:40:51)
|
Butterfly, пишував и претходно, еве ќе го споделам моето искуство. Уште пред трансферот читав по клиниките и во регионов и во странство - никаде не советуваат лежење и мирување цело време. Во странство поготово практикуваат мирување или како што викаат они bed rest денот на трансферот и ноќта. После се враќаат на нормални активности. Плус многу доктори не препорачуваат строго лежење заради послаба циркулација во пределот на матката, а и заради тоа што на организам што претходно бил нормално активен - строгото мирување му е неприродна положба. Мене Димитров ми кажа - 2 дена мирување. Јас мирував 2 дена, со тоа што пак станував, се врткав по дома. Потоа фати викенд уште 2 дена - тогаш почнав да шеткам пократко или до продавница, без да се осеќам замор и веќе од понеделникот значи на 5-тиот ден од трансфер си тргнав на работа. За скалите, 4 спрата без лифт не се малку, но ако си навикната на нив и не те замараат не треба да е проблем. Јас на работа имам едно 20-тина скали кои после трансфер ги качував и по неколку пати на ден. Откако дознав дека сум бремена, ми ставија шубе да не ги качувам многу, па припазував - полека, со паузи - битно е да не осеќаш напор. Полека, опуштено! Кога веќе ембриончињата се во меше, процесот на вгнездување што следи не е поразличен во однос на тоа кога природно дошло до бременост. Ти поскаувам многу среќа и да не израдуваш за 2 недели!
|
|
|
|