Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (5.11.2015 21:11:18)
|
Ја отворам темава после кратка пауза и ептен се израдував на убавите вести - mimidjon, честитки!!! Да си имаш лесна и школска бременост, и едно до две здрави прави бепчиња! [sm=bravo.gif] Те чекаме со инфо од ехо, веројатно ти е закажано за две недели? Во однос на муабетот за болниците и докторите - не само што не може да се етикетира цела болница, туку не е фер да се етикетира и еден доктор. Се е до личното искуство, и честопати неуспесите знаеме да ги припишеме на докторот, а не на факторите на кои тој не може да влијае. Нормално, сите имаме големи очекувања, но докторите не се богови, сепак не можат се. Мислам дека имаат личен пристап, барем јас имам такво иксуство, а терапиите се исти во целиот свет, едноставно тоа е механизмот. Дури во светските клиники и пооксудни се терапиите, кај нас даваат повеќе за секој случај. Се е до тоа да се најде доктор со кој ќе осетите поврзаност, сепак се работи за осетлив проблем и неопходно е докторот да стане пријател на парот, да функционираат со доверба и како тим. Но и покрај тоа, ништо не гарантира успех, за жал... Мислам дека сите даваат се од себе, и кај секого е со различен успех...
|
|
|
|