Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (23.11.2015 23:54:46)
|
Sandra36, желбата за посвојување е една од најнесебичните и најблагородните, и воопшто немај грижа на совест или каква било вина за тоа што сакаш така. Дете е дете, нема збор, и мајката не ја прави носењето во стомак 9 месеци туку целиот живот после тоа - непроспиените ноќи, солзите и радостите, насмевките и прегратките, а тоа секако би го имала. Имањето генетски свое дете знае да има преголем данок, и не секое тело може да ги поднесе сите процедури и постапки, и јас лично сметам дека не е поентата да се има дете по секоја, ама баш по секоја цена. Јас те поддржувам во твојата желба, и апсолутно се слагам дека на дете му треба здрава права и силна мајка, без болести, без компликации. Знам дека ти е тешко, посебно што не наидуваш на одобрување, но потруди се, разговарај повторно. Се надевам дека сопругот сака, и дека поширокото семејство се двоуми, ако е така, игнорирајте се околу себе и терајте по свое. Ако тој не сака, разговарај и обиди се пак, и пак. Што и да одлучиш, ние сме тука за тебе [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|