LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (16.11.2015 9:51:11)
|
Sandra36, добредојде тука сме за дружба. Во однос на спонтаните абортуси, имаме повеќе ТЕМИ за спонтан абортус и можните причини што треба да ги прочиташ и да видиш има повеќе информации и предложени се испитувања и оперативни зафати со цел следната бременост да биде успрешна. Знаеш ли барем досега зошто тоа се случувало? Друга работа, зошто ИВФ ако остануваш бремена, но не ги износуваш бременостите? ИВФ е долг процес, терапијата зависи од докторот, во принцип во Ремедика за повеќе случаи почнуваат со супрефакт, кој слично делува како микрогинон, ги држи твоите хормони под контрола за да може после да почнат со стимулација. За естрофем-естрогенски лек, има поделени мислења, некои не даваат по трансфер, па успешни се ИВФ-ата, а некои даваат и има и успех и неуспех, зависи од пациентка до пациентка. Дексаметазон се дава по трансфер кратко за да нема имунска реакција, организмот да ги отфрли ембрионите. Тироидната има значење, зависи какви ти се вредностите на тироидните хормони. Приватно илис со ваучер ИВФ, не е многу разлика според мене, зошто и така и така ќе ги земат парите, но важно е докторот да е посветен за твојот случај и да ете најде тоа што ти треба, да успее ИВФ-то, а некогаш, дури можеби и често, треба среќа за оваа работа.
|
|
|
|