Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (15.12.2015 15:12:14)
|
Pcelka, многу ми е жал... [sm=smiley13.gif] Од она што го гледам, мислам дека кај тебе нема потреба ни за имунолошки, ни за генетски испитувања, бебињата си биле во ред и бременоста си била најуредна, штом стигнала до 22 недела. Ова слабост на матката ми се чини дека значи само слабост на цервиксот, и се слагам дека 3цм е кратко, можело порано да се интервенира со класичен серклаж, тој се прави околу 19-20 недела, и со строго мирување би се намалил притисокот. Но, нема поента да гледаме наназад кон она што било, да бидеме оптимисти за следната бременост која сигурно ќе дојде [sm=smiley1.gif] Провери го убаво цервиксот сега, и разгледај дали е подобра опција трансабдоменален серклаж, наместо обичен, тој е каде каде подобар и посигурен. И мислам да консултираш друг доктор, за секој случај...
|
|
|
|