Felly RR -> RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. до 40. недела [chat] (23.8.2015 22:09:21)
|
sunflower*, мене грлото на матката ми го мереше матичната во 24 недела мислам, бидејќи го чувствував многу ниско бебето, па испадна дека должината е добра но имав фанелинг, кој и до крај ми остана, сега веќе одкако вледов во 9ти месец, почнаа само вагинално грлото да ми го проверуваат а со ехо не. А со појасот исто и јас, си го купив на приватно и тоа во 34 недела, и само 2-3 недели го користев, и тоа јас што лежев цело време, ама бебето ми беше многу ниско спуштено, грлото размекнато, па една недела на секое станување, и за до WC го ставав појасот, лежев со поткрената карлица, па наредната контрола матичната беше зачудена како наодот сосема одговара за нормална бременост. Сега еве 10 дена до термин, и последниот пат на контрола д-рката вели дека бебево абер нема за излегување. Почетокот кога почнав повеќе да шеткам (кога влегов во 9ти месец) имав јаки бодежи во долниот дел на стомакот, сега ми се намалија, а исто и на неколку дена ми се јавуваа менструални болки, докториве велат дека се нормални, подготвителни болки. Сега еве и менструалните болки ми се проретчија, се јавуваат на 10тина дена, ама ептен долго ми траат, може повеќе од 12 саати. Само ајде ќе се издржи уште некој ден, само со [sm=duda.gif] да биде се во ред. Друго еве Азура сега ја читам - јас одам на ЦТГ еднаш неделно, после контракциите одев и 2 пати неделно, но одкако влегов во 9ти по еднаш, а очекувам сега при крајот пак 2 пати да ми рече матичната. И не би рекла јас дека е тахикардично бебето, може нешто така во моментот се погодило, било вознемирено. Ама баш затоа би требало пак да одиш да се следи редовно.
|
|
|
|