Весна -> RE: Крштевка - колку е важна? (27.1.2010 12:02:05)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama Јас не сум религиозна, а имам и отпор спрема функционирањето на инситуцијата црква па затоане се венчававме со мм, а и не бев заинтересирана за крштевање на Мила. Сепак кумовите имаа желба да ја крстат и им направив кеиф. Ја крстивме во Св Петка. Закажав во 6 попладне да биде церемонијата и ми дадоа список што треба да донесам ама на списокот не беше напишана тарифата. Откако бидна шишање, бањање, плачење за да ни дадат крштеница кумот плати 1000ден а родителите 1500. Замислете луѓе што се верници, луѓе за кои е навистина значаен тој чин а финансиски не стојат добро. Треба ли да си одделат од храна, да не платат сметка за струја за да му дадат на попот? Отсекогаш ме револтирале тие работи. И за радост и за жалост попот е тука да те ограби. Го мислам истото!!! Ни јас ни мм не сакаме Јана да ја крстиме, но ете моите родители мир немаат (тие ептен се религиозни), па знаејќи каков став имам општо кон цркавата (не религијата) уште од сега ми попуваат за крштевањето. И толку ми е станато сеедно, та ако до толку им значи ќе им ја дадам на лето нека ја однесат. А сме крстени, но не и венчани во цркава. Имам слушнато дека доколку родителите не биле венчани во црква нема да можело ни детето да се крсти [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] ...
|
|
|
|