Среќичка -> RE: Вештачко оплодување VIII дел (7.4.2016 11:39:56)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: butterfly 00 Srekicka dusicke navistina po toa sto go pisuvase veruvav deka ke uspees, tesko e premnogu i boli, no moras da se boris, ne si edinatvenata sto si go postacuva toa prasanje zosto bas jas, ovde na forumot zatoa site sme sobrani da si pomagame zosto site se borat so istoto, koe IVF ti bese ova po red, sakas li da ti pisam jas do sega kolku IVF imam napraveno, pa so zamrznati, pa na priroden ciklus, pa sponat niz mnogu raboti pominuvame ama veruvaj Bog e golem i ke stavi raka samo treba trpenie, isplaci se, soberi sila i vo nova borba, te guskam najsilno i tuka sme za tebe vo sekoe vreme Второ е ова. Минатиот пат ич немав надеж затоа што целата постапка се искомплицира и само чудо ќе беше да успеевме. Овој пат имав многу надеж. Затоа и толку ме боли. Ќе размислам сега убаво што следно. Му пишав на докторот да ми даде насоки што да испитуваме следно, затоа што цело време ми вика се е во ред (се водиме идиопатски), а мора да има нешто. Дури и кариотип правев на своја рака иако ми рече не ми треба, па после ми вика правевме кариотип, така?! Сега ќе видам на што испитувања ќе ме прати, ако ме прати, па после ќе видам што ќе правам следно. Ако не ми каже ништо, ќе правам се на своја рака. Може многу да се научи од форумов, па ќе видам какви испитувања сте правеле вие. Како казнета се чувствувам. Сите околу мене со деца, само јас ко грев некој.
|
|
|
|