Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VIII дел (8.4.2016 21:30:11)
|
Среќичка, сосема ми е јасно како се чувствуваш и се што можам да ти кажам е - нема откажување! А тоа што сите околу тебе имаат деца, а ти не, ќе им го наплатиш - на крај сите ќе ти носат тебе поклони, и тоа дај боже х2 за близначиња [sm=smiley1.gif] Парите што сме ги дале во борбата за деца се неспорни, и од сегашна перспектива колку штедам и се пребројувам на секое, си викам еееј кога давав пари без проблем на секое, за сенешто, само за да добијам бебе... А тој муабетот оф за деца, оф од деца, кај мене не држи, барем се уште. Не знам, ама јас не можам да заборавам како ми беше пред да ги добијам и сега не можам да се жалам, па дури и кога ми е тешко со нив, температури, неспиење, чуда, си викам ќути, добро е, кажи фала... Пинки, реши да го одложиш тестот? Кога ќе правиш? Пепапа, браво за бројката и за тоа што си задоволна од тимот, тоа е многу битно. Ајде нека се оплодат што повеќе и да се развијат како што треба, па за некој ден кај мама во мешееее [sm=bravo.gif] Јана, ако пак не ти дигнат, оди им таму, а во меѓувреме како што кажа Neurotoxin, со сода, ќе ублажи. Со среќа на сите во постапка [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|