Soned1 -> RE: Вештачко оплодување VIII дел (19.12.2016 16:55:44)
|
brm_brm , нарачував од инернет, некои California gold nutrition и пиев прво по 200 мг, па после и по 500 мг на ден, но самоиницијативно, никој не ми препорача и јас читав по странски форуми. Во врска со овие Q10 од интернет, во аптека ми рекоа дека се непроверени и може и немаат толку Q10 во нив, бидејќи е скапа состојка, а јас ги нарачував ефтино, околу 15 еур беа. Најдобро е и ти да си купиш од HealthAid, летото ги немаше по аптеките, па јас затоа нарачував од интернет во дози од 100 мг. Има и од други произведувачи кај нас, но најчесто се по 30 мг, тоа е мала доза. И јас ќе си купам сега од HealthAid, чим ги има, они имаат квалитетни производи. Инаку последните јајце клетки што ги извадивме дадоа до сега највалитетни ембриони, кај мене, иако и тоа не е гаранција за успех, пак имав мисед. Но јас прв пат можев да замрзнам ембриони, значи секако квалитетот им беше подобар од предходно и препоставувам дека и големите количини на Q10 имаа удел во тоа.
|
|
|
|