sanjaaaa! -> RE: Вештачко оплодување VIII дел (26.4.2017 22:39:26)
|
srce123 те читам дека и ти примаш амп. пролутекс и флексапарин. Зошто се ова не ми е јасно, порано кога имав правено ивф, после трансфер само примав утрогестан, аспирин и фолна киселина, а сега многу трошоци, незнам колку сево ова ВОДИ ДО ПОГОЛЕМ УСПЕХ ИЛИ покрај сите маки околу забременување и само инекции купуваме. еден пролутекс е 560ден и секој ден треба да се прима??? Инаку немам многу читано сега немам време, дали некој може да ми каже што покрива вашчерот од фондот за ивф. Инаку досега имам многу трошоци со ивф преку фондот. За стимулација ми рекоа дека треба да си купам 7 ампули cetrotide по 2700 денари тоа се 18.900 денари. И од нив 3 ми останаа да се чудам сега што да ги правам а ги платив. На денот на пунцијата платив за 2 прогесерона и плус нифлам и линдацин = 1875ден. По пунцијата ми рекоа да си купам еден куп лекови и ампули. 6 пролутекс =3360ден, 5 фраксипарине=905, утрогестан=440ден, бусцопан 225, и уште апирин, декортин итн.. Утре би требало да имам трансфер, од 17 јајце клетки само 4 ембриони, и ми кажаа дека не се знае дали ќе преживеат до петти ден, и затоа мора трансферот да биде на трети ден... Мразам долги постови но многу сум револтирана на денот пред трансферот кога треба да сум нај ок... Зошто си играт со нас пациените кои со години се мачиме да имаме деца.. Зар се сигурни дека во матката ќе им биде подобро отколку во условите во кои ги оплодиуваат во лабараторија.. Многу сум ревотирана многуу зар ќе ги внесат во 3 ден за јас да се надева ддека сум бремена, а они си ја завршиле работата за исходот не ги интересира. да не мавнат тамууу!!! Значи до денот за трансфер имам дадено најмалку 25.000 денари, + еден куп пари за превоз до скопје бидејки не сум од ск. Порано плаќавме само 6000 партиципација и толку а сега 500 евра... зошто тогаш ми беше ваучер од фондот, и додека ги собирав документите за ивф и тогаш трошоци ама се надеваш дека ивф го покрива фондот.. Ве молам пишете дали и во другите клиники е така по ново, можеби јас сум во грешка... дефинитивно не сум задоволна од new born clinik. Mi vikaat da kupuvam inekcii a ne gi ni upotrebiv site..
|
|
|
|