MademoiselleNina -> RE: Вештачко оплодување VIII дел (28.4.2017 14:51:45)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: sanjaaaa! Ти благодарам MademoiselleNina, во право си за трошоците, бев револтирана и прашав во клиниката ми кажаа дека сум била ивф со краток протокол и сум примала инекции што не ги покрива фондот. Инаку сега наместо пролутекс ми препишаа прогесерон депо, па сигурно поефтино ќе биде. На крај ќе заборавиме се само резултатот да биде позитивен.... Во право си, треба претходно да ги кажат сите очекувани трошоци, па да си планираш. Инаки и мене ме нервира тоа со ваучерот... имаш ваучер но и покрај тоа имаш тропшоци што и не се мали. јас на пример- скречинг 20000, замрзнување на ембриони 25000, дополнителна терапија 15000 ден, терапија за после трансфер околу 15000 и факја околу 75000ден. И све ова со ваучер!!! Ама си знаев и од претходните пати дека толку ќе фати, пошто не ми е првпат. Е ова никој не го кажува! Може само на некој форум да го прочиташ, ама никој друг нема да ти го каже. И прашањето ми е зошто не ги даваат на рецепта пролутекс, клексан, фраксапарин, крион, ако веќе се толку ефикасни? Зошто? Зошто само лекови од минатито век се преку фонд? Се што е ново не е! Ни скречинг не е, ни замрзнувањето не е ... Сите нови методи не се, да се запрашаш што е работава??? И врти сучи околу 500 до 1200Еур одат и покрај ваучерот.
|
|
|
|