RE: Царски рез (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Melanija RR -> RE: Царски рез (29.6.2015 18:44:00)

Milicka 30 јас со тоа се намачив,одев во Чаир да ме цистат, и дома ацидиборици па бедатид па стерилна газа. Отиди на преглед да видат дали има дупчиња ако продожи задолжително на брис




bucko mal -> RE: Царски рез (30.6.2015 11:51:48)

Edna nedela sigurno, samo sto poleka poleka se namaluvashe. Bi ti preporacala, posle odmivanje nezno da se ibrises I da polezish taka, bez obleka bez nisto ranata da dise. Sepak pazi situacija I konsultirajse so doctor, neli site sme razlicni. Najbitno e ranata da dise.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Milicka 30

Буцко мал да ти се врати се што сакаш.Бев на др. Денес, ми кажаа дека се е во ред. Ама ме пецка цело време и стално менувам гази. Колку време ти течеше исцедок?





mamicka21 -> RE: Царски рез (2.7.2015 15:41:49)

Здраво девојки...Да ве известам се породив на 27.06 со царски рез.Отидов на нормално ЦТГ и ме задржаа во болница бидејки имав големи отоци на нозете и рацете и излезе дека билирубините ми прават проблем и дека мора да се прави царски за да не ни се деси нешто на мене и на бебето.Останав вчудоневидена и исплашена ама што е тука е.Ми дадоа да си одам до дома да се спремам и ајде полетуваме.Мојата принцеза се роди навечер а не мене веднаш ми ја донесоа иако не бев целосно освестена тоа беше најубавата средба.Еве вчера не пуштија и сега сме дома си нанаме на спалната....[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Sara -> RE: Царски рез (6.10.2015 14:10:47)

Првиот пат царскиот рез ми беше со целосна анестезија, сега се мислам да одберам спинална, што мислите? Некако сакам да го доживеам моментот да си го видам одма бебуш, првиот пат се освестив во операциона сала ама веќе беше касно, не ми го покажаа, едвај дочекав после 4-5 саати да го видам, а и толку време ми требаше да си дојдам на себе отприлика....




Melanija RR -> RE: Царски рез (7.10.2015 1:10:00)

ИЗВОРНА ПОРАКА: angelce moe

zdravo mamicki
bremena sum 14ta Nedela, pred edna Nedela pocnav da osecam bolki vo delot na predhodnoto poroduvanje T.E. carskiot rez. se porodiv pred 3godini, i ne kako neznam zosto osecam bolka, dodusa i si ja osecav ranata ovie 3 g. Ko da ne mi zazrea bas kako sto treba.
Ve molam vasi iskustva. mozebi ke mi olesni malku [sm=smiley13.gif][sm=smiley13.gif][sm=smiley13.gif]




Melanija RR -> RE: Царски рез (13.10.2015 13:41:14)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR
. Незнам дали некој има некакво искуство.Јас знам дека по 2-3 год е сосема нормално да се има уредна бременост со раѓање. Контроли сигурно си правела така што внатрешно раната е секако помината ,а надворешно е прашање на кожа која за 6 месеци целосно заздравува.Ако чуствуваш непријатност консултирај се и на преглед во болница или некој специјалист

ИЗВОРНА ПОРАКА: katalina1

Zdravo...i jas se porodiv carski pred 2 ipol godini i se uste imam cuvstvo deka ranata ne mi e celosno zarasnata.Imeno i samiot maticen ginekolog mi rece ednas deka loso sum sosiena pa zatoa luznata mi e kako ispaknata i se uste e crvena.Na promena na vreme uzasno me cesa,a jezivo mi e da pipap,a ne pa da ja cesam.Isto taka pred da mi dojde menst.me boli poveke od voobicaenoto.Alal da ti e,jas se uste ne se osmeluvam za vtoro dete.Mislam deka najdobroda se konsultiras so svojnt maticen,ama mislam deka ne e nisto strasno,seceno e tamu,normalno e da naboluva.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

Јас немам нискуство со претходно породување, ама имав лапароскопија пред огидна дена уредно зарасната и се како што треба. Е сега во бременоста почнав да добивам болки некако во пределот мешу двата реза и матичната ми рече дека кај некои жени е нормално да се јават такви болки при ширење на ткивото ако имале некаква интеревнција. МИ рече обично тие што имаат претходен царски се шалат на вакви болки. Не е ништо опасно или страшно туку е само заради растегнивање на ткивото.





angelce moe -> RE: Царски рез (13.10.2015 13:48:41)

Fala zenski za odgovorot, Katalina1 cuvstvoto e bas kako sto mi ja opisa. iI jas mislam deka ne e dobro sieno. koga e zbor za hrabrosta za povtorno zabremenuvanje, mila nemav drugo care deteto go izgubiv pa pregratkata mi e prazna. duri i porano se obiduvav no eto bidna sega [sm=smiley36.gif]




marchi -> RE: Царски рез (3.11.2015 1:02:19)

Од мојот царски рез поминаа 2 години и 8 месеци, после месец ипол - два месеци докторот ми рече дека имам мал излив но не е страшно ќе се повлече, и нормално жена како жена морав да работам да кревам, затоа и го добив изливот. Сега во последно време чувствувам затегање на сеченото место и нешто слично како боцкање. Сега некако страв ми е за втора бременост




angelce moe -> RE: Царски рез (30.11.2015 15:11:52)

Evo edno objasnuvanje za idni mamicki, posto se sto pisuvame ovde e kako edno malo informativno mesto za sekoja dilema na idni mamicki. i jas na sekoja moja dilema vleguvam vo forumot pa baram ovde iskustva, i ako vo posledno e malku poslabo aktivno forumot, dajte mamicki aktivirajtese, sekako e zima nema sto da pravime.
znaci imav problemi vo pocetokot na bremenosta so predhodnata rana id rezot, duri i bolki koi mislev deka se strasni, nemozev da go fatam meseto. no najverovatno bilo zaradi toa sto raste matkata, sega nemam tolku problem




Bea -> RE: Царски рез (2.2.2016 10:08:56)

Мене ми се ближи терминот, а бидејќи синко абер нема од вртење, скоро сме сигурни дека ќе биде царски.
Ве молам споделете искуство како оди постапката во Ремедика или по приватниве клиники од прием па натаму?
Мене не ми е страв од самата спинална, туку од моментот на свесност, да не им испаничам таму, да се изгубам...




srekna2 -> RE: Царски рез (2.2.2016 11:18:50)

Jas so carski se porodiv vo Remedika pred 2,5mseci. Te primaat u soba,ti davaat cepcinja za da se ispraznis. Posle pominuva anestiziolog koj ti ja objasnuva celata procedura okolu carskiot se dogovarate za anestezija. Otkako vlezes u sala se se zavrsuva tolku brzo ,duri trepnes beba e nadvor. I se toa u opustena atmosfera. Nemas mesto za panika zasto okolu tebe se vrvni specijalisti. Ti pravat muabet celo vreme za da te opustat. Zemi si mobilen so tebe u sala za da go slikaat bebto koga ke se rodi. Jas duri uspeav i da se slusnam so soprugot dodeka me sijea.se na se edno ubavo iskustvo




Kvisko -> RE: Царски рез (2.2.2016 11:27:16)

Bea еве јас со најтазе искуство од истата болница и истиот лекар. Еден ден пред царскиот ти земаат крв за анализа на крвна слика и инфективдн скрининг и имаш едно цтг и ехо преглед (за ова не сум сигурна зашто кај мене на ехо ден пред породување донесд Димитров одлука да биде царски). Разговараш и со анестезиолог и се убаво ти објаснува за самата постапка. Добиваш инструкции што и како да правиш дома од аспект на јадење и пиење зашто треба да бидеш со празни црева. Е сега утредента имаш прием и подготовка што значи чепчиња за прочистување и слично. Јас тој дел сабајлето го збрзав зашто вечерта ми пукна водењакот и се отворив ама во сала е исто. Откако ќе се прочистиш те внесуваат во сала односно си пешачиш до таму. На вчез во салите ти даваат други влечки и ти ставаат капа. Во сала те соблекуваат гола и си легнуваш на кревет. Те вртат на страна и те боцкаат со анестезија прво локална и тоа малку се чувствува а потоа ти кажуваат да се свиткаш ко кифла и не чувствуваш кога ја ставаат анестезијата туку ќе почувствуваш топло прво во левага нога и ќе почнеш да губиш осет во нозете. Јас ова рачунај го преживеав под контракции 9 прста отворена и ок беше само моравме да чекаме да помине една контракција за да се свиткам убави и изгледа два пату боцнаа за спиналната ама јас не осетив. Потоа те покривааг со чаршафи и не гледаш што се случува туку анестизолот ти објаснува што де случува. Чувствуваш благо тегнењд без болка кога ја шират кожата и притисок кога притискаат да го извадат бебето што е нормално. Бебето го вадат за помалку од 5 минути, кај мене беа 4 а потоа упте 30-40 минути те шијат тебе. Бебето го гледаш кога го вадат потоа кратко го прегледува педијатар а ти си го гледаш ти го даваат да го допреш и бакнеш и пак оди на прегледи. Потоа го носат бебето на оддел а тебе на интензивна нега додека ти пушти анестезијата. Во текот на целата постапка ти орави моабет анестезиологот а се убацуваат и другите од време на време за да бидеш опуптена. На нос имаш цевче за плус кислород да си дишеш. Имаш катетер кој ти го вадат штом ќе почнеш да сд движиш односно да можеш сама да одиш до тоалет а тоа е обично утредента. Најтешко мене ми беше примањето инфузии цел ден после царскиот зашто имам слаби вени. Во соба брзо после пристигањето ти го носат бебчо на гушкање.




Bea -> RE: Царски рез (2.2.2016 13:47:51)

Fala vi devojki, vo petok sum na ctg pa ke vidime kaj mene kako ke se odvivaat rabotite.




lolla RR -> RE: Царски рез (2.2.2016 14:24:31)

Беа, постапката ти ја опишаа погоре. Јас само да те охрабрам дека во тие 3 минути додека го вадат бебето, возбудата е него да го видиш, ништо друго не ти е важно. Тоа е толк усе брзо, како во сон.

Мене најтешкиот дел ми беше што морав да чекам 24 часа за да станам од кревет и да отидам да го видам во инкубатор.




Bea -> RE: Царски рез (2.2.2016 16:58:45)

A sedativce nesto davaat pred postapkata? :)




lolla RR -> RE: Царски рез (2.2.2016 17:49:28)

Мислам не, ти викам тоа толку брзо иде дур трепнеш веќе го бубниваш бебуш. Има сестра ти прави муабет, демек ја интерсира колку еха имаш правено итн.. а може и ставаат нешто интравенозно. Релакс, ти се ближи најубавиот ден.




Hopeful RR -> RE: Царски рез (2.2.2016 21:29:21)

Беа, не ти треба седатив, верувај ми [sm=smiley1.gif]
Мене ме фати паника само ноќта додека седев врзана на ctg и чекав да дојде утрото и да ме земат, а кога почна постапката, бев како во бунило, измешани чувства милион. Анестезиологот беше цар, ми правеше муабети и ме смееше цело време.

Инаку истата постапка е и во Систина како што опиша Квиско, со тоа што откако ќе го извадат бебето/бебињата [sm=smiley1.gif], ставаат целосна анестезија за киретажата и шиењето. Многу брзо се оправив потоа, раната одма ми се среди и зарасна, болките нормално ги третираат по кратка постапка, немој да си ќутиш ако те боли нешто, и дури се зачудив сама од себе колку лесно помина се.

Морам овој момент да го истакнам - ми го донесоа прво едното бебе, слушав таму во позадина - дајте и го да го види, дајте и го да го види, и ми го донесоа, и стои сестрата со бебе покрај мене, а јас цела глупава и збунета, не знаев што да направам па само го душнав. Кретен. После ми го носат другото бебе, исто, и си викам овие очекуваат нешто да направам, со првото ништо, ај сега со ова, па го бакнав и одма почна близначкиот guilt trip - лелеее првото не го бакнав, го запоставив, и со тоа се опседнувам секој ден, дали им давам подеднакво љубов на двајцата [sm=smiley36.gif]




Bea -> RE: Царски рез (9.2.2016 19:13:26)

А дали може некој од искуство да ми каже, дали на царски можам да отидам со леќи или морам очила да носам?




wanna be mum -> RE: Царски рез (10.2.2016 14:55:26)

Ако дојди работава за царски, мене ми прпа од спиналната [sm=smiley36.gif] многу имам околу мене искуства со главоболки после тоа и сл не баш фини последици, незнам си викам целосна подобро или не? хихихихих




mommy_angels RR -> RE: Царски рез (10.2.2016 15:04:36)

Нема потреба од страв,јас имав болки во половината,ама ништо страшно,беа од време на време,нешто како блага главоболка [sm=smiley1.gif]. Многу е убав моментот кога ќе го извадат бебето,присутна си цело време и си дел од породувањето(свесна) [sm=smiley1.gif]. Не го пропуштај тој миг од животот спиејќи [sm=smiley2.gif]




lolla RR -> RE: Царски рез (10.2.2016 15:58:05)

Bea, јас пред да ме качат во сала сама прашав дали да ги извадам леќите и сестрата ми рече да, обавезно. И што ако не прашав? Најубаво прашај си, јас имам истерано операција со целосна анестезија со леќите, а за ивф-то отидов со наочари.

Мама кики се согласувам со мами енџелс дека не би сакала да го прспијам раѓањето на моето дете. Спиналната не беше ништо страшно, и по пола саат во соба за оправување се отпушта анестезијата. За болки, најважно е многу течности, јас конкретно ниту го видов ниту осетив местото по операцијата.




wanna be mum -> RE: Царски рез (10.2.2016 23:12:37)

Da toa e taka, vo pravo ste, ama neli zavisi i od anasteziologot dobro da ja stavi spinalnata, mene toa me plasi, ne im veruvam inace stoi toa deka se e polesno i poubavo :)




mommy_angels RR -> RE: Царски рез (11.2.2016 14:05:48)

Јас на пример не им верувам ни на фризерите,па пак одам,не им верувам на продавачите ,па пак купувам.Навистина има мал милион грешки и проблеми што можат да настанат при секаква медицинска интервенција,но навистина се поголеми шансите за компликации со целосна анестезија ,отколку со спинална.Знам дека чувствата ти се измешани,но ќе видиш дека се ќе помине во најдобар ред,зашто навистина верувам не сакаш да го преспиеш раѓањето на детето.




wanna be mum -> RE: Царски рез (12.2.2016 14:35:56)

Dobro, sporedbata so prodavaci ne e bas na mesto ama ke si se informiram za prednosti i maani sekako, ne e se taka crno-belo :) fala!!




Bea -> RE: Царски рез (12.2.2016 14:52:51)

Wanna be mom, освен да бараш некој анестезиолог со име и презиме на кој му веруваш, друго не знам што може да направиш.
И мене ми е многу страв од царскиот и деновиве интензивно работам на себе да го совладам тој страв и да се сконцентрирам на раѓањето на моето дете.
Сме зборувале во други теми за тоа колку е важна довербата во докторите и тимот, зошто ова се ситуации на кои не можеме да влијаеме. На крај краишта, гледај колку различни искуства има меѓу нас, кај ист доктор, во иста болница. Не значи дека ако јас поминам лошо и ти ќе поминеш или обратно. Ајде среќно нека ни е :)




Страница: <<   < Претходна страница  27 28 29 [30] 31   Следна страница >   >>