RE: Царски рез (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


bitolcanka82 -> RE: Царски рез (12.2.2016 16:12:33)

I mene me ceka istoto carski so spinalna.Se plasham od anestezijata istoto mi beshe i pred laparohisteroskopijata.Sovetot koj jas go dobiv do koj se drzam i vam vi go preporacuvam deka vlegvame vo operaciona sala so edna misla deka na svet ke doneseme zdravi pravi bebinja i nishto drugo.Pozz devojki




Hopeful RR -> RE: Царски рез (12.2.2016 17:53:58)

Муабетиве со анестезијата и анестезиолозите, како и стравот од нив, се рекла казала. Јас не знам ниеден пример некоја да се пожали од царски, па макар и на државно. Да бидеме реални и позитивни, анестезија, поготово спинал, е рутинска работа и дајте да не ги потценуваме луѓето што студирале, специјализирале и работат на тоа со години. Еве јас досега стопати сум била под разни анестезии, делумни, општи, какви не, и немам никакво лошо искуство. Најлошо, и тоа условно лошо, ми беше после пункцијата на јајце клетки, а и тоа не беше ништо. Колку за споредба, лошење и вртоглавица од главоболка е полошо.

Ајде олабавете се, стравовите низ врата и очекувајте го денот и мигот кога ќе го запознаете своето дете [sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Царски рез (12.2.2016 20:31:45)

Јас сум со царски со целосна анестезија во Чаир. И знаете што,супер поминав.[sm=smiley1.gif] И за лапаро и хистеро бев на ГАК.Но кога бев на царски на анестезиологот му кажав дека при таа интервенција одлично поминав со анестезијата.Каква и што е незнам но се беше ок.

И двата пати цел ден си ги отспав , вечерта ни дадоа и дијазапамче јас несакав викам јас и вака се наспав.[sm=smiley36.gif] Ниту лошење ниту главоболка[sm=smiley1.gif] но секој организам е индивидуален .Информирајте се но точно во сала влезето со мисла дека ќе се гушкате[sm=duda.gif]




Kvisko -> RE: Царски рез (14.2.2016 18:19:24)

Нема шго плашење од анестезија веќе се е рутинска работа. Секој индивидуално ќе си изреагира на анестезијата и тоа е тоа. Ако треба треба и толку. Мене на пример ми студеше и после тотална на ГАК а со истата во Ремедика не, а ми студеше и после спинална сега за царскиот во Ремедик. Ама јас на тоа не гледам како на нешто страшно си поминува после некое време и толку. Затоа има анестезиолози и сестри да пазат што е и како е. Никој нема да ве остави незгрижени. За царски е супер спиналната зашто се гледа одма бебчето. Јас немав никаков проблем со главоболки и слично од анестезијата.




Bea -> RE: Царски рез (19.3.2016 9:23:01)

Дечки, едно "стручно" прашање, кога почнавте да го депилирате делот околу раната и како? Класична депикација со восок, крема, брич...?




Hopeful RR -> RE: Царски рез (19.3.2016 22:05:47)

Беа, јас уште сум со брич, шубе ми е да ставам восок... мислев добро ми зараснува раната, поминаа 10 месеци, ама докторот рече не е тоа тоа, црвено е, а не треба. Мачкам контрактубекс, па ќе видам. Мислам дека тебе секако ти е рано за класична депилација, почекај убаво да зарасне.




Страница: <<   < Претходна страница  27 28 29 30 [31]