Anushka -> RE: Царски рез (7.6.2010 13:12:24)
|
Здраво Бети М, Јас сум мајка на три, сите со царски. Немаш никаква причина да размислуваш. Јас најубаво си поминав со третиот пороѓај. Се си знаев на памет ха, ха [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Сепак, секоја бременост, а со тоа и пораѓање е засебна приказна. Најбитни се позитивните мисли и свесноста дека се оди во болница „под нож“ за убава работа, а не да се паничи. Еве ти пример дека нема правила: Кога го родив првото дете, имав 22 години. После тоа раната ме болеше и трнеше се` до следниот пороѓај, по две години. Тогаш се чувствував подобро, но по една година, почнаа од раната да ми излегуваат конци кои заборавиле да ми ги извадат (?![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]). Третото го родив пред 11 месеци, на свои 40 години! Не само што ништо не ми е, туку актвино продолжив да тренирам аеробик и да си правам стомачни без проблем. Биди оптимистична, игнорирај ги болките и радувај се на скората средба со новото бебе!
|
|
|
|