Anushka -> RE: Царски рез (7.10.2010 23:44:18)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly Јас се породив со царски со спинална во Чаир. Се породив во 14:40, на интензивна седев до следното сабајле, а немав никакви компликации. Со мене во соба имаше една жена што се породила еден час пред мене со целосна и нејзе до сабајле ја оставија на интензивна. Бебушот ми го покажаа веднаш штом се роди, а и ми го донесоа на интензивна 3 часа по пораѓањето. Мислам дека сето ова зависи од персоналот кој е моментално на смена. Другите жени викаа дека не им ги донеле бебињата на интензивна, можеби сестрите ги фатило мрза [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Инаку станав од кревет одма следното сабајле и верувале или не немав воопшто болки, само како тап притисок. Според мене ако почесто се станува од кревет, ќе има и помалку болки. Јас нон стоп шетав по ходник. да, да! Повеќе е стравот и болката во главата - отколку што навистина боли! Колку побргу станете (јас поеследниот пат станав по 3 часа), колку повеќе шетате по ходници, толку побрзо ќе ви зарасне и рана, а вие ќе станете поцврсти. Како што кажаа на последната „Породилна приказна“, тоа е совршено точно - на пороѓај се оди од среќа и радост, а не од страв и болка
|
|
|
|