|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  9 10 [11] 12 13   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Фази кај децата
22.11.2013 20:16:35   
Bethany
Во последно време е во фаза кога сака само да го гледам додека се игра, да сум поред него, ама што му се фатам за играчка, веднаш се лути. Значи гледај, а не пипај! Па и не е толку лоша фазава user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 251
   RE: Фази кај децата
22.11.2013 21:51:40   
mommy_angels RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR

Во последно време е во фаза кога сака само да го гледам додека се игра, да сум поред него, ама што му се фатам за играчка, веднаш се лути. Значи гледај, а не пипај! Па и не е толку лоша фазава user posted image

Не да не ви е лоша фазава,уживај Бетани,дури трае
user posted image
А е во фаза кога се собува и сака да оди боса (а нели зима е),потоа во фаза кога за дел од секунда е качена на стол,маса,скали итн итн
Во фаза кога се лути за ништо и почнува хистерично да плаче...
И знаете што научи мама од фазиве ... имала подебели живци од што мислела user posted image

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 252
   RE: Фази кај децата
22.11.2013 22:44:43   
elenak
Ние сме во фаза вежбање гласни жици. Викање на сет глас, се слушаме до улица. Ме збудалува.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 253
   RE: Фази кај децата
23.11.2013 12:49:02   
Felly RR
ЕленаК, и ние сме во иста фаза, значи не е до возраста. Се случува дури и песничка кога кажува, почнува убаво, и после буквално со дерење продолжува.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 254
   RE: Фази кај децата
24.11.2013 0:12:40   
zzaa
Ние моментално сме во фаза се сама, сама да се рани, сама да си игра, сама заби да мие, и ако нешто и помогнам одма вика бегај мамо.
Друга ако можам фаза да ја наречам да ја имитира мама, ако мама мие садови она да е на столче качена до мене да помага, ако правам јадење пак да помага, ако пружам алишта она помага.
Баш пред некој ден се спремаме да искочиме да прошетаме се шминкам јас и она стои до мене, излегов до кујна да земам нешто и мм вика дојди да ја видиш што прави она земала кармин се нашминкала и креон во рака, да се шминка, тртла мала уште сега е по шминкитеuser posted image .

_____________________________

Денот кога се збогатив ... Станав мајкa
http://lpmf.lilypie.com/9ToIp2.png?PUn0FHCJ
принцеза на мама

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 255
   RE: Фази кај децата
10.12.2013 8:31:39   
Tanjat7880
Da li e faza ili neshto drugo neznam no vcera mi se vide golem problem,preku koj nemozev da pominam I mu se nalutiv I go ignorirav.
Znaci,se pravi mnogu samostalen,jas dozvoluvam,sekoja posakuvana aktivnost jas ja dozvoluvam(so blagi korekcii) se shto ON ke pobara za obrok jas go pocituvam I pravam(ajde,se hrani vo shkolo )I sekogash naglasuvam deka ima razlika od drugarite vo shkolo I vozrasnite a posebno majkata I takoto,nemoze isto odnesuvanje I so ednite I so drugite.Primetuvam deka toa shto go gleda vo shkolo troduplo go primenuva doma,dobro,tamu e poumeren pa doma neka se ispuka.No se ima granica,vcera tolku me natazi so edna negova izjava shto me rasplaka,go napravi toa nepromisleno,sakashe da se napravi fraer no mene me pogodija zborovite,imaa znacenje na totalna nekultura I neblagodarost za tugj(moj)trud.Odamna ne sum primenila zabrani I kazni,nitu pa mi e navika skarani I luti da si legnuvame no sega moram da smenam neshto,mora nekako da se kanalizira I da znae kako se odnesuva edno 8godishno dete,sepak treba da ima nekoj pravec a treskanjeto gluposti ne e reshenie nitu te pravi mangupuser posted image

(Одговор на членот zzaa)
Непосредна врска до пораките: 256
   RE: Фази кај децата
10.12.2013 8:56:45   
Mihaela 2010
Of Tanja,znaes kako vikaat mali deca mali problemi,golemi deca golemi problemi
nemam iskustvo se uste sme mali,ama preptostavuvam deka od skolo mu e takvoto odnesuvanje,za zal nemozes postojano da kontroliras so kogo se druzi i kakvi se decata vo negovata okolina,ucat edni od drugi,i sto e naj tragicno kolku i da vl;ozuvas da se trudis ke se najde nekoj sto ke ti go usere celiod trud...golem e sedni go i razgovaraj,bidi stroga,nateraj go da se stavi na tvoe mesto pa da vidi kako ti e...

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 257
   RE: Фази кај децата
10.12.2013 9:13:18   
mommy_angels RR
Ах Тања тоа е дело на т.н. "улична школа". Такви испади сме имале и ние ,а ќе имаат и нашите деца.Наше е да ги насочуваме како е правилно,како што тоа го правеле и нашите родители со нас.
Е сега ќерка ми ја фати фазата да не сака да се бања.Всушност не сака да седне во када user posted image . И така последните бањања ни се стоејќи ,набрзина, а таа десет пати за тоа време ќе ми каже "бавоооо",демек готово било

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 258
   RE: Фази кај децата
10.12.2013 9:42:41   
Tanjat7880
Tocno,odnesuvanjeto mu e od sholsko,jasno mi e I koi deca toa najizrazeno go pravat,razgovarame postojano za posledicite od takviot odnos,postojano mu povtoruvam za mudrosta deka NE E VAZNO SHTO E KAZANO VAZNO E KOJ KAZAL,deka glupaviot nema sto da kaze I nema potreba da se slusha I postojano taka I efekt NIKAKOV!
I se tesham deka videnoto nadvor podobro da go proba doma za da jas imam predestava shto pravi no sepak treba da se ima granica,smetam deka dovolno e golem za da ja razbere...a on seushte aber nema da se uozbili!

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 259
   RE: Фази кај децата
10.12.2013 10:46:09   
vezilka RR
Како растат децата се повеќе треба да се зборува со нив, да се разговара и да им се укажува. Јас цврсто верувам дека разговорите имаат ефект, некогаш не моментално, но се врежуваат во нивните главчиња, и еден ден ќе испливаат. И цврсто верувам дека домашното воспитување, односно тоа што се зборува и прави дома, на крајот преовладува во градењето на карактерот на децата.

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 260
   RE: Фази кај децата
10.12.2013 10:55:31   
Tanjat7880
I jas ja poddrzuvam taa teorija deka razgovorot I dogovorot reshavaat se,i se trudam maksimalno da razgovaram,dogovaram I pregovaram ko so covek ramen na mene a ne dete I nekogash navistina ti puka film koga gledash deka ete vo toj moment I vo taa situacija nema nikakva traga od zboruvanoto I kazanoto...ahhh

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 261
   RE: Фази кај децата
10.12.2013 11:48:22   
vezilka RR
Ех, Тње, што вика зет ми, како ќе остареме инаку. Тоа е само треба да бидеме упорни. Јас живо се сеќавам на разговорите со моите родители, се сеќавам на чувството кога сме разговарале за некои работи кои јас во тој момент ни ги сваќав, или не ги одобрував. Се сеќавам дека се чувсвував иритирано и изгубено, и посакував да се бунтувам 9понекогаш и се бунтував). Но точно, се сеќавам, кога за тие некои работи, понатаму, си помислив, леле имале право. тоа што мене ме тераше даправам така како што ми кажуваа моите родители, и да се однесувам така како што тие ми кажувале, и покрај тоа што понекогаш не мислев така беше мојата доверба и почит кон нив. Јас тогаш, и сега верувам во моите родители, тоа чувство ми го вградиле, и тоа чувство сакам јас даим го вградам на моите деца. А тоа мислам дека го постигнале со разговор, а не со наредби и казни.

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 262
   RE: Фази кај децата
11.12.2013 2:10:19   
Defne90 RR
Nie sme sega vo nekoja buntovna faza sto trae veke podolgo vreme odnosno otkako M si go dobi pomaloto bratce.Se obiduvam da mu ukazuvam i da ne go karam no ponekogas ednostavno e nevozmozen.Se tepa po site domasni i po gostite sto ke dojdat kaj nas a vo posledno vreme pocna i da pcue.Doma nitu pcueme nitu vikame no toa e skola od drugi.Se nadevam deka ke pomine taa agresivna faza koga ke trgneme na gradinka ako pak togas ne stane uste pobuntoven.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 263
   RE: Фази кај децата
9.1.2014 17:57:04   
Bethany
Лоша фаза user posted image
Се му е не, не , не , не.
Те вика да се играш со него, одиш, му ја допреш играчката, тој во врисок: нееееее, мамоооо, неееее!
Се тргнеш, пак те влече: дојдиии мамо, дојдиииии!
И така во недоглед и со секого. Ахх ќе биде интересно кога ќе тргне во градинката.... ќе види дека светот не се врти околу него user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 264
   RE: Фази кај децата
9.1.2014 19:13:21   
Felly RR
Ох Бетани, напорна фаза е тоа. user posted image Имаме и ТЕМА за тоа.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 265
   RE: Фази кај децата
9.1.2014 19:58:23   
Bethany
А не е кај нас тој класичен негативизам, туку што мора да биде се по некој негов ЗАМИСЛЕН ред, кој наравно никој не го знае, бидејќи е само во НЕГОВАТА глава. Па не знаеш што треба, а што не треба да направиш, секако нешто ќе згрешиш. Како и да е, напорно е user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 266
   RE: Фази кај децата
10.1.2014 8:30:24   
vezilka RR
Уф, и Никола е во некоја таква фаза на инаетење и натегање до утре сабајле. Веќе втор пат го фаќа ваков бран, еднаш околу втората година, ама тогаш не го држеше долго, и еве сега пак. Сум приметила дека го почнува натегањето ако нешто не му е по ќеф, или ако не му се сите овци на број, на пример, му се спие, не е арен нешто, или сакал нешто а не му било удоволено(најчесто ова е причината)..и веднаш почнува со натегањето и врескањето за првата следна работа која може да биде најбезвезна. Еднаш имавме случка кога не му дозволив нешто, не се сеќавам што беше, а тој во моментот седеше на подот, и му викам ајде сега стани, и тој, не сакаааааам, зошто да станам. Епа не станувај му велам, а тој, сакаааам да станам, зошто да не станам, па ќе ми биде ладно на газето ако не станам..и така едно пола саат, ако не и повеќе. Па сега вклучува и други елеменити во расправањето, ако на неговото зошто добие одговор што не му се допаѓа, вика не може така, тоа не е одговор. Или не ме карај, и не ми зборувај така, тоа не е убаво, зборувај ми убаво..па не става во позиција пред да проговориме нешто убаво да размислиме што ќе кажеме со спремни пет-шест варијанти на реплкики после тоа. И тие разговори понекогаш знаат да не излудат, особено ако сме кнап со време и немаме пола саат за дискусија и убедување.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 267
   RE: Фази кај децата
12.1.2014 20:36:46   
Палешка РР
Миа е во фаза "Сакам да бидам машко" user posted image

Мамо купи ми кuser posted image ре, тато купи ми количе. Некни ја крена куќава за татко и да и купел багерче црвено. И јаден тој најде црвено багерче, па излезе нов проблем - во 7 часот навечер вриштеше во песокта да си игра user posted image
Па ајде и дадовме ориз и пославме ќебе и си играше со багерчето user posted image И после неможев да го дометам оризот user posted image
Се тешам што па другиот ден бара невеста да биде, со фустани, шминка, лакирање нокти и сите нишани. Тогаш и принц па бара и плачи принц да и купиме. Лелееее колку е невозможна user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 268
   RE: Фази кај децата
13.1.2014 8:56:49   
mommy_angels RR
Палешка user posted image user posted image user posted image ,ќе најдеш ти и принц да купиш user posted image ,ме изнасмеа Миа

А околу ова фазите можам и да не се одјавувам од тука user posted image
Прво ниту дозволува да се облекува,ниту соблекува.Ќе фатам да ја облекувам се витка,извиткува како некоја змија да неможеш крајот да го најдеш,а притоа нормално вриштење и плачење.Тоа ќе помине,ама кога ќе треба да се соблечеме ,пак истата песна.Ќе вика ,ќе плаче мамааааааааааааааа,неможеееееееееееее,тудииииииии (демек студело,а тоа 100 степени во соба) user posted image
И така јас многу често си повторувам ТРПЕНИЕ-СПАСЕНИЕ user posted image
А да и фаза гледање во очи дури ја карам чекајќи да се одоброволам па да си продолжи со тоа што почнала да прави user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 269
   RE: Фази кај децата
13.1.2014 9:43:03   
AneLav RR
Ние сме во ваза „НЕ“ . Едвај зборуваат а зборот „НЕ“ го кажуваат така отсечно тоа чудо некое. Поготово А, таа за се вика „НЕ“, па кога ќе се налути не можеш да ја смириш ме побудале. За се се лути ништо не и е погодено. Вчера ја заспивав цел саат се инаетеше а срце и спиеше, се закла од плачење го разбуди и брат и, тој кутриот се тресеше се чудеше што се дешава 30 минути можеби му рикаше над глава. Прв пат ми се случува ова со спиењево обично одма заспиваат што и е на А не можам да сватам.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 270
   RE: Фази кај децата
27.2.2014 2:01:26   
Defne90 RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Миа е во фаза "Сакам да бидам машко" user posted image

Мамо купи ми кuser posted image ре, тато купи ми количе. Некни ја крена куќава за татко и да и купел багерче црвено. И јаден тој најде црвено багерче, па излезе нов проблем - во 7 часот навечер вриштеше во песокта да си игра user posted image
Па ајде и дадовме ориз и пославме ќебе и си играше со багерчето user posted image И после неможев да го дометам оризот user posted image
Се тешам што па другиот ден бара невеста да биде, со фустани, шминка, лакирање нокти и сите нишани. Тогаш и принц па бара и плачи принц да и купиме. Лелееее колку е невозможна user posted image


Ха ха ха изгледа децата треба да поминат преку сите фази за да пораснат и да созреат.Ете и ние стигнавме до таа фаза само ние сме во обратна насока,М сака да биде женско.Значи ќе дојде со мене кога ќе се шминкам и ќе почне мамо шминкај ме и мене,сака и тоа ептен многу да го лакирам,сака да ги обува моите високи потпетица.Буквално како женско се однесува.Се надевам дека таа фаза ќе помине побрзо затоа што нервите ми ги скина.user posted image

< Поракaта ја уредил Defne90 -- 27.2.2014 2:02:04 >


_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 271
   RE: Фази кај децата
10.5.2014 17:02:59   
Defne90 RR
Покрај М и помалото веќе почна да изведува по дома и да беснее.Сега е во фаза кога се качува буквално насекаде,дали на маса,дали на стол,дали на кревет а от кревет дирекно на прозорец,дека се наоѓа под него.Сака да допре се и ги отвора буквално сите фиоки и плахари по дома,сака да си игра со сите украси што ми се наредени,само со играчките не се занимава.И најлошото од таа фаза,толку многу знае да се налути за било што,што од лутина ќе почне да плаче и да се дере и упорно да ја мава главата од под.И после пак плачки кога челото ќе му стане црвено.Е оваа фаза дефинитивно е најмачна и најнапорна и се надевам дека побрзо ќе помине,само плачки е по дома.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 272
   RE: Фази кај децата
10.5.2014 23:46:56   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90

Покрај М и помалото веќе почна да изведува по дома и да беснее.Сега е во фаза кога се качува буквално насекаде,дали на маса,дали на стол,дали на кревет а от кревет дирекно на прозорец,дека се наоѓа под него.Сака да допре се и ги отвора буквално сите фиоки и плахари по дома,сака да си игра со сите украси што ми се наредени,само со играчките не се занимава.И најлошото од таа фаза,толку многу знае да се налути за било што,што од лутина ќе почне да плаче и да се дере и упорно да ја мава главата од под.И после пак плачки кога челото ќе му стане црвено.Е оваа фаза дефинитивно е најмачна и најнапорна и се надевам дека побрзо ќе помине,само плачки е по дома.




И ние сме во оваа фаза заглавени од зимоскаuser posted image user posted image Само се јази на високо,маси столици.Сега сака да се крие,па влегува позади кревети и таму стои скриенuser posted image И сега е мнооогу чувствителен,многу се вреѓа ако го искараш па легнува да плаче,протестира ,удира со главата на подотuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 273
   RE: Фази кај децата
26.6.2014 8:40:29   
AneLav RR
Сега сме во фаза „НЕ САКАМ“ поготово синко за све вика НЕ САКАМ,а кога ќе му речам добро ако не сакаш тоа земи нешто друго и пак вика „не сакам“ и само цмиздри. А двајцата се во фаза „КАЈ Е ТАТКО ТИ“. Ги искарам ли за нешто било што одма рикаат и двајцата и викаат „КАЈ Е ТАТКО ТИ“ мислат на татко им. Вратата под клуч ја држам стално оти излегуваат во ходник и плачат по татко им. Тој во ординација можеби со луѓе овие пиштат ли пиштат, а ако има некој во чекална се чудат можеби со нас.А пак надвор кога ќе ги извадиме, ако се заиграат на некое место или ако застанеме , оди па тргни ги. Драми со „ТРЕСКАЊЕ ОД ЗЕМЈА“ со пиштење не ме ни слушаат што им зборувам. ни се чудат луѓето, ми е срам и страв да излезам и да подзастанам некаде. Пробав да го игнорирам ваквото однесување ама нервоза од петици ми се крева. Можеби се фази можеби се такви децата но се надевам дека ќе им помине.user posted image

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 274
   RE: Фази кај децата
26.6.2014 12:39:40   
miana
Ние сме во некоја одвратна фаза на инаетење... Ако нешто не и е по кеиф одма се мава од земја, фрла со што ке и дојде до рака, ми вика - ја тебе јута, не ака тебе и сл. Вчера кога си дојдов од работа ми бараше лижавче, и дадов лижавче, е не сакала такво, сакала големо и одма зема да бутка столици , да фрла се што ке и дојде до рака ..И да спомнам дека котек не помага user posted image Во последно време е многу врзана за мене, не ми дозволува ни да се истуширам,,,Наутро станувам уште во 06ч додека она спие да се спремам и веке во 7 и 30 јас сум на работа ( што никогаш не се случило , работното време ми е од 08 ч) ако ме начека дома, нема да можам да излезам..Ми вришти да одблечам пижами, не се помрднува од мене... Наутро се облекувам и додека се шминкам имам и спавача врз алиштата за случајно ако стане да не ме види во алишта... Не беше вакво детево. Почнав да ја одвикнувам од пелени и свеки ја тера со сила да седи на нокшир и веројатно затоа не се двои од мене user posted image Ваљда ке помине...

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 275
Страница:   <<   < Претходна страница  9 10 [11] 12 13   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  9 10 [11] 12 13   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Dali?
Jana9

Vi se zdosadeni seriite na televizija?

Da (75%)

Ne (25%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!