|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Фази кај децата
30.8.2012 15:14:09   
AnnaMolly RR
Леле ептен ми олесна што читам дека не е само до него. А бе пусти маки со децава веќе, аман. Мислам дека преку се ќе поминам, ама ова плачењево без причина од кожа ме вади.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 201
   RE: Фази кај децата
30.8.2012 15:25:19   
arh_diz
Nie sme vo faza tepanje , udiranje grizenje ,kubenje,nemozam da izlezam so nego na kraj mu kazuvam netba taka toj si prodolzuva po svoe.Na igraliste koga ke izlezeme istoto prodolzuva nebira dete pomalo pogolemo go stipe go grize , sram mi e veke.Povozrasnite decinja znaat deka e takov i pocnuvaat da go izbegnuvaat.Site igracki sto ke gi vide se negovi , a svoe nedava na igraliste lulaskite se negovi ako se lula drugo dete toj go tepa.Pocnav da go kaznuvam ke se stepa so dete za raka i vednas go nosam doma .

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 202
   RE: Фази кај децата
30.8.2012 15:27:34   
AnnaMolly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz RR
Site igracki sto ke gi vide se negovi , a svoe nedava na igraliste lulaskite se negovi ako se lula drugo dete toj go tepa.Pocnav da go kaznuvam ke se stepa so dete za raka i vednas go nosam doma .


Леле истоооооооо! Си шетаме на улица и за се што ќе види, без разлика што и да е, вика „Мое е, мое е“ и плаче, ме тепа! Аууууу, страшна работа. Децава сите се исти изгледа, копи-пејст.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 203
   RE: Фази кај децата
30.8.2012 15:29:23   
AnnaMolly RR
Јас во тој случај открив дека игнорирањето е најдобро, арх_диз. Нормално, прво му кажувам дека не смее така да прави, дека тоа не е негово. И ако продолжи да плаче го оставам да си плаче, го игнорирам. Тешко ми е да го гледам како плаче со крокодилски солзи, ама па така побрзо се смирува.

На пример, ако го игнорирам престанува со плачење за 5-10 минути максимум.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 204
   RE: Фази кај децата
30.8.2012 16:02:31   
vezilka RR
И Никола така прави, ама само за топки. Не вика дека се негови, ама исто ти е кога ги зима сите што ќе ги види..ако може со сите топки во паркот да игра. Ако не му дозволам да ги земе, има плачење и вриштење! А најмногу ми е страв од фонтаните, нели Скопјево се напраи саде фонтани, на секој чекор ги има, и ова моево сака да влезе цел у фонтана да се бањал..цело време се влечеме, јас му објаснувам дека таа вода не е за бањање, 2 минути стои настрана и пак јово-наново.И не дај боже да види некој нешто да јаде, застанува и чека да му дадат, како ние дома да не му даваме да јаде, жив срам ме јаде..стрвле невидено е! Некои денови навистина ми е напорно шетањето, ме уморува и ме исцрпува..

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 205
   RE: Фази кај децата
30.8.2012 16:34:56   
nadica

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR


На пример, ако го игнорирам престанува со плачење за 5-10 минути максимум.


da ignoriranjeto e najdobro i najfunkcionalno taka i fazata pobrgu minuva ama N ima advokati pred koi ne semee da place i mene toa uste poveke me vadi od koza

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 206
   RE: Фази кај децата
30.8.2012 17:11:14   
Annet
Lele moevo e stanato mnogu besno dete.
doma si e ok,se zaigruva,si gleda crtani ama stom izlezeme pocnuva interesnoto.Kaj mene samo vo race,a so tetko i peski trca duri,nego go slusa.Mi ide da poludam,ako nesto saka ,vidi i nemoze da dobie, se navednuva na zemja i place,kloca so nozinjata.Lele kakvi sramovi,vo site butici da vleze i da si izleze..Neznam,mnogu se plasam,ovaa faza sega mi e najteska.Stvarno koga ke proodele bilo najtesko....

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 207
   RE: Фази кај децата
31.8.2012 9:27:02   
AnnaMolly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR


На пример, ако го игнорирам престанува со плачење за 5-10 минути максимум.


da ignoriranjeto e najdobro i najfunkcionalno taka i fazata pobrgu minuva ama N ima advokati pred koi ne semee da place i mene toa uste poveke me vadi od koza


И ние имавме такви адвокати, ама никој не смее да писне кога го карам (за негово добро, нели). Или ако некој почне да се буни, го носам во соба и таму седиме додека не се смири. Мајка ми на пример не ми дава да го карам пред луѓе user posted image Срамота било. Ама не попуштам, мора дисциплина од мали нозе, инаку маф ни е работава.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 208
   RE: Фази кај децата
31.8.2012 12:26:32   
arh_diz
Jas ne praktikuvam da go karam pred luge , mu objasnuvam so dobro.Koga sme doma go karam i kaznuvam
Inaku ignoriramjeto najmnogu pomaga pa duri nekogas koga se budi noke da proveri dali sum tuka , ke pocne da olace na sila ako jas se javam toj uste prodolzuva i pocnuva da me udira.Nekolku veceri go ignorirav i veke ne se budi

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 209
   RE: Фази кај децата
31.8.2012 15:10:18   
kikicka
леле и мене ми е Л во фаза лудило, башка тоа адвокатите кога ја карам( понекогаш и страшно звучам дека се дерам) ке кажат не така демек сдетето трауми ке добиенод што се дерам а јас нерви немам веке, од златно мирно дете што слушаше сега е преегалена и на сите му се качува на глава а мене така ме нервира. а нешто не и се даде траќањеврештење, абе неможеш да ја фатиш ко залудена. сега е во фаза на неспиење преку ден а тоа уште повеке ми ги ретче нервите , дека и тие 3 саати мир што ги имав сега векенсе минато user posted image

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 210
   RE: Фази кај децата
31.8.2012 15:13:12   
kikicka
заборавив да кажам и мене почна да ме мава по лицето како шамари ама јас и вракам демек и престанува. мада да неа тоа и е интересно и се смее си мисли дека си играме user posted image

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 211
   RE: Фази кај децата
5.10.2012 13:53:16   
AnnaMolly RR
Луѓе помагајте, утешете ме дека му е само фаза и дека брзо ќе помине, оти нема спас за мене!
Детево не знам што му стана, ама последниве недела-две е буквално лепенка за мене. Не можам да одам во ве-це, не можам да работам по дома, НЕ ДАЈ БОЖЕ да ме снема од соба на подолго од 2 минути. Крокодилски солзи се леат и има вриштење до Америка.
Не сака ни со татко му да седи ако не сум тука и јас.
Кога гледа цртани морам до него да седам, кога си игра мора да му бидам во видокруг, кога спие навечер МОРА во секој момент да бидам до него зашто ако се подразбуди и не може да ме допре со рацете ми вика „Мамо, седи тука, не оди на работа!“.
Не знам што му е, детево како да ми се смени, како да е исплашен од нешто.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 212
   RE: Фази кај децата
5.10.2012 14:09:51   
kikicka
Епа Изгледа фаза му е ама мислам дека и самиот ти кажал....Не оди работа мамо .....Мислам дека треба онака да седнеш и убаво да му објасниш зошто одиш на работа и кога си дома дека нема да избегаш никаде....па види како ке се реакциите...мислам на разговор баш како со возрасен човек.

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 213
   RE: Фази кај децата
5.10.2012 14:19:52   
Mihaela 2010
Луѓе помагајте, утешете ме дека му е само фаза и дека брзо ќе помине, оти нема спас за мене!
Детево не знам што му стана, ама последниве недела-две е буквално лепенка за мене. Не можам да одам во ве-це, не можам да работам по дома, НЕ ДАЈ БОЖЕ да ме снема од соба на подолго од 2 минути. Крокодилски солзи се леат и има вриштење до Америка.
Не сака ни со татко му да седи ако не сум тука и јас.
Кога гледа цртани морам до него да седам, кога си игра мора да му бидам во видокруг, кога спие навечер МОРА во секој момент да бидам до него зашто ако се подразбуди и не може да ме допре со рацете ми вика „Мамо, седи тука, не оди на работа!“.
Не знам што му е, детево како да ми се смени, како да е исплашен од нешто.

Lele ova ko jas da sum go pisuvala....Vo ista situacija sum i jas i neznam do koga ke trae ova....Jas mislam deka e zaradi gradinkava...duri sum 99% sigurna deka e toa...sekoe sabajle place deka ne saka da ide u gradinka ,deka saka jas da ja cuvam,deka ke doagala so mene na rabota...i preku vikend e lepenka za mene mama pa mama,me umre,a po mm ic..
Saka samo jas da ja uspijam,dodeka spieme navecer celo vreme u mene se buta,me gali,me pipka i sl..
Se nadevam i jas deka e nekoja faza,mislam milo mi e sto e lepenka do mene,ama nemozam na raat da se izuriniram :D

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 214
   RE: Фази кај децата
5.10.2012 14:41:19   
AnnaMolly RR
И јас мислам да не се случило нешто во градинка. И вчера ми плачеше кога го носев, а нема плачено една година! Не памтам последен пат кога плачел кога го носам во градинка.
Ќе разговарам со воспитувачките искрено да ми кажат ако се случило нешто, па да видам што можам да преземам.
А за одењето на работа не ми правел никогаш проблем, ова е првпат. Си знае дека мама и тато одат на работа за да имаме пари за чоколатце и смоки user posted image , а Филип оди во градинка. Луѓе, никогаш не ми правел вака, гарант е од нешто исплашен. Поим немам што му е, се надевам брзо ќе помине.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 215
   RE: Фази кај децата
5.10.2012 14:50:21   
miana
Mozebi go iskarala nekoja ucitelka i sega se cuvstvuva nesigurno tamu... I kerkami e ista user posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 216
   RE: Фази кај децата
5.10.2012 17:10:07   
Felly RR
Матеа е исто така како лепенка за мене залепена, и не ми дава никаде да одам. Само за викенд, знае дека сум дома и тогаш може да слезе кај баба и долу, да поседи, а друг пат, ми вика- ама, мамо и ти биди тука (не смеам јас горе да седам, туку мора да и бидам придружба). За да можам да работам, седнувам на лаптоп, во истата соба, и тие играат, јас работам. Мора да ме гледа дека сум тука.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 217
   RE: Фази кај децата
5.10.2012 18:42:08   
AnnaMolly RR
Е кај мене е баш спротивно! Кога сум на работа преку викенд знае дека сум на работа и не ме бара, не плаче по мене. А кога знае дека сум тука, дека сум дома, ништо не прави без мене.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 218
   RE: Фази кај децата
27.11.2012 15:51:26   
Mihaela 2010
Lele neznam sto da kazam,eve vekje dve nedeli M e vo nekoja faza na tepanje...se nadevam deka ke projde ama stvarno neznam vise kako da postapuvam..
vcera duri dobivme poplaka vo gradinka deka gi tepala decata (inaku e najsitnicka od site tamo) i duri edno devojce so plasticnoto nejzino sise ja udrila po glava...lele mi zovre..
Dodjov doma i so arno so ubavo ja sovetuvav,pa ete denes bila dobra...
Iskreno mislam deka i e nekoj period,a moze e izrevoltirana sto ide vo gradinka,a moze i gleda tamo drugi decinja sto pravat pa ajde i taa...

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 219
   RE: Фази кај децата
5.4.2013 0:28:58   
lilicka
Лелле ние периодов сме во повеќе фазии,незнам од која да почнам!
Одеднаш почна да несака да се бања,не дава да се чешла,не дава заби да и измијам,да исечам нокти....ајде ке издржиме со оваа некако,но нешто што ме загрижува што почна во последно време да ми вика мама плашам или мама плачам....незнам од што се има исплашено толку...дури во сон ми вика мама плашам!Е сега нема веќе гледање ТВ и цртани си реков да не од тоа,не ја карал некој никогаш не е удрена и нема да биде гарантирано....незнам што еuser posted image Многу ми е жал кога ми вика мама плашам и јас и викам од што бе мама?а таа ме гледа како бајчеuser posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 220
   RE: Фази кај децата
16.4.2013 9:54:55   
oliva

ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka RR

леле и мене ми е Л во фаза лудило, башка тоа адвокатите кога ја карам( понекогаш и страшно звучам дека се дерам) ке кажат не така демек сдетето трауми ке добиенод што се дерам а јас нерви немам веке, од златно мирно дете што слушаше сега е преегалена и на сите му се качува на глава а мене така ме нервира. а нешто не и се даде траќањеврештење, абе неможеш да ја фатиш ко залудена. сега е во фаза на неспиење преку ден а тоа уште повеке ми ги ретче нервите , дека и тие 3 саати мир што ги имав сега векенсе минато user posted image

и со моето дете се случува истото,многу е немирен,се траќа нонн стоп ако не е по негово,почна и мојот денски да не спие,тепа цело време и гриза,се надевам дека е фаза која ќе помине

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 221
   RE: Фази кај децата
16.4.2013 10:37:14   
masa
Сега ние сме во фаза на лажење дека нешто е дозволено.Многу ми се допаѓа (морам да се пофалам user posted image ) што научи да прашува дали нешто смее или несмее user posted image НО кога не и се допаѓа одговорот си го менува.На пример иде ќе ме праша нешто и ќе и кажам дека несмее или неможе и оди кај мм и му вика "мама рече може".Сега треба оваа фаза да ја надминеме да научи дека зборот на родителот не треба да се извртува и да се менува како сака.Друго кога ќе направи беља не вика кршив нешто или исурив туку се скрши,се истури,како таа не е крива туку ете се случило user posted image Како само си извртува...се надевам и ова ќе го надминеме user posted image

(Одговор на членот oliva)
Непосредна врска до пораките: 222
   RE: Фази кај децата
16.4.2013 14:07:23   
vezilka RR
Ние сме во фаза, чекај нешто да видам.. Абе што и да треба да праиме, тој права реакција му е чекај прво нешто да видам. Ајде да смениме пелене, чекај нешто прво да видам. Ајде да се пресоблечеме, чекај прво нешто да видам. Сабајле стануваме во 7 и се облекуваме до 8, пошто прво нешто треба да види, и на крај пак со подвикнување. Од дома до градинка одиме 40 минути пат кој се оди за 10 минути во реално време, оти нели треба прво нешто да види, во секој двор.. Не може од одма нешто да напраиме, мора да се молиме пола саат. А богами некогаш губам нерви, после дваесет пати чекај прво нешто да видам.

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 223
   RE: Фази кај децата
23.4.2013 10:39:24   
Annet
А па ние сме во фаза Не.Не те фермам,викај си.Се прави на Тошо... Сите сме на игнор ставени,и несака да се облекува,соблекува,несака надвор,а после несака дома.и цееееел ден вришти,се дереее,незнам зошто,се и е погодено.Со ништо не се заигрува,незнам,оти стана вакви бееее,што дете ќе биде моево ,незнам....

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 224
   RE: Фази кај децата
23.4.2013 11:47:27   
Bethany
Anet, kaj nas pomaga koga mu kazem taka postrogo: Pogledni me vo ocite koga ti zboruvam! Ne znam zosto ama koga dete te pogledne vo ocite mora nekako da te poslusa, se dodeka ne te gleda, moze da te ignorira. I nas ne ignorira, ama koga veke situacija stane ozbilna malku postrogo mu kazem, mu ja duri svrtam glavata nakaj mene i mu kazam toa sto sakam da mu kazam, naravno najcesto e toa objasnuvanje da ne pravi nesto sto go pravi vo momentot. Ovo doma pali, nadvor poveke ne ignorira user posted image
A za vikanje poradi nesto sto ne smee da ima, ne mu popustame nikako, pa taman se deral cel den... ama brgu se smiruva koga vidi deka ne mu davame toa sto bara.
Nie sme vo faza (ako moze da se narece faza) koga da se naogame na 200 metri kv. povrsine i sekade e bezbedno za nego, ima mesto da istrazuva, da gleda, faka, toj si najde obavezno (samo ne znam kako mu uspeva) bas toa edno edinstveno sto ne bi trebalo da mu odvlekuva vnimanie, i posle celo vreme kade i da sme, se raspravame okolu taa edna stvar da ne treba da odi tamu itn.
Odime vo priroda, zelenilo, treva naokolu, mesto da trca, da istrazuva, bas odevme poradi nego, a toj od tolku golem prostor ja najde edna cesma so gubre naokolu i celo vreme pomina odejki natamu i nie vrakajki go nazad user posted image I toa e sekade taka vo posledno vreme. Se prasuvam kako samo od prva najde nesto sto ne bi trebalo.
Vo princip e relativno poslusno dete, ima miren, krotok duh, pa mozebi zatoa nemavme dosega nekoi tantrumi, ama ke vidime ponatamu sekako.

< Поракaта ја уредил Bethany -- 23.4.2013 11:51:15 >

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 225
Страница:   <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?