|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  9 10 11 [12] 13   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Фази кај децата
24.9.2014 21:28:51   
Bethany
Оваа фаза воопшто не ми се допаѓа. Се што се рече, мора да е контра од кажаното.
Пример: ќе те гушнам, а тој одговара: е нема да ме гушнеш.
И такамора да речам : е не те гушкам , па тогаш тој ќе повтори спротивното.
Во секој случај напорно.

Исто мислев дека никогаш нема да го кажам ова, ама ќе го кажам: Ех да постои некое далечинско за исклучување, или барем на mute да во ставам. user posted image
Па верувате дека кога фати еден збор да повторува, ако не го повтори петсто пати, не е помалку. Не знам како не му здосади. Пример: цртани, цртани, цртани, цртани, цртани /× 500
Јадам,јадам,јадам,јадам,јадам ×500 пати.
Упорен дечко баш.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 276
   RE: Фази кај децата
5.11.2014 9:56:50   
blond
леле и мојот е страшно упорен, постојано се смеам дека кога ќе порасне ќе вика на женските, де ма даааааааај миии, де ма само мааааааалце, де мааааааа дај мииии user posted image user posted image user posted image user posted image

Додека не се исоплни неговата желба по сто пати-сакам сокче, сакам сокче, јас-не може сега, за пола час. Он пак-сакам сокчех200пати или додека не му се даде сок.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 277
   RE: Фази кај децата
14.5.2015 14:36:54   
mommy_angels RR
Овде пишувам само кога е нешто лошо.Е сега решив да си го пофалам детулево-сега е во фаза кога сака да биде послушна и многу и е криво ако нешто згреши.Ова ја држи цела недела,се надевам дека ќе ја подржи барем уште една user posted image
А да и уште една фаза не дрма-фустанче,сукничка,ете само во тоа може во градинка да се оди,така оделе девојчињата user posted image .А да, и косата со кики,никако поинаку.

(Одговор на членот blond)
Непосредна врска до пораките: 278
   RE: Фази кај децата
14.5.2015 15:23:42   
miana
Ние сме во некоја мн лоша фаза кај керками ... Пребира што ке облече, ме вади од кожа...Замислете дури и гакичките ги пребира... Секој ден кога ке дојде од училиште, глуми учителка, и вади алишта од плакарите и низ цела соба ги мести (облекувала деца ) и јас кога си доаѓам од работа и кога ке видам лом по дома, ми се кртева коса.. И најтрагично е ако земеш да и собираш , она почнува да вришти, да се мава од земја..Или кога ке запне за нешто, плаче додека не и се даде..Ама плаче и не сопира, дури до повраќање стигнува.. Значи, никаде не ми се оди од неа, зошто ни се цели церемонии... Се молиме се колиме пола саат, се убедуваме што треба да се носи и се ме прашува - ова вара? ( дали и одговарало ) абе ме полудува..Еве сега мајками сака да одиме женско друштво една недела до Грција, јас немам храброст, знам дека ке се мрднам од умот.. Дај боже да е фаза и да поминува, зошто неможам веке, пред крај сум..Инаку ова трае веке 2-3 месеца..Ужас!

< Поракaта ја уредил miana -- 14.5.2015 15:25:05 >


_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 279
   RE: Фази кај децата
15.5.2015 9:53:41   
blue_blue
miana, гледам два начина да го решиш ова. Едниот е воопшто да не придаваш внимание на нејзиното однесување т.е. да ја оставиш буквално што сака да носи...ако сака и по гаќи нека излезе ич да не ти чуе...значи кога треба да се облече само кажи и да иде да се облече и не коментирај, не и кажувај, не се расправај...ако те праша дал одговора кажи и - не знам, ако тебе ти е ОК, и мене ми е....не викај за расфрланите алишта, само кога таа ќе престане да игра стај ги сите за перење, и кажи и утре кога ќе ги побара дека се перат и не може да ги носи пошто ги вадела од плакар и сега мора да се перат и објасни и дека затоа ти не вадиш алишта од плакар и не играш со нив. Исто така следен пат ког аќе ти побара нешто да и купиш кажи и дека немаш пари пошто парите за тоа нешто си ги потрошила на прашак и струја да ги переш алиштата со кои она играла а кои инаку веќе еднаш биле чисти и би требало да се перат ако таа не си играла со нив...Биди истрајна во ова, со децата најважно е да имаш константа во однесувањето и ставот...Таа видела дека со ова околу облекава ти привлекува внимание и сега го користи нон-стоп...

Друг начин е да и дадеш тоа што треба да облече и да и кажеш да облече а ако не сака нема да одите таму кај што сте тргнале (на шетање, на гости - некаде каде таа сака да оди)...нек вришти, ти не и збори ништо, остај ја нек се треска од земја (и ќерка ми има повраќано од плачење и лупање од земја па еве ја сега уште малку ќе пуни 7 години и веќе добри 6-8 месеци ниеден инцидент не сме имале...како расте и со моето и на мм упорно игнорирање на нејзинито извољевање стигнавме до тоа да имаме разбрано дете) и стварно немој да ја однесеш...нека идат сестра и и маж ти, а ти остани со неа....кога ќе се смири ќе и објасниш зошто не сте отишле и дека ако следен пат сака да иде некаде ќе мора да облече тоа што и е дадено...пробај, се надевам ќе ти успее...греота е да не идеш на одмор ради однесувањето на детето...

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 280
   RE: Фази кај децата
15.5.2015 10:35:03   
Neurotoxin RR
Во однос на ова, мојата иако има 2 ипол години, уште откако се роди, се што бара и негодува и е со вриштење. И јас и мм сме тивки, навистина не се ни караме, не зборуваме гласно, незнам на кого е навистина, и тоа нејзино вриштење ме вади од кожа. Ама јас и не се тресам многу за тоа, се преправав дека не ја слушам, и беше полошо. Ама научивме една тактика, кога ќе почне да вреска, особено кога се лути и не е во право, си добива казна, ја оставам во спална, сама и таму плаче, плаче, и прекинува по некое време, ќе и ја отоврам вратат и и викам сега кога престана и можам да те разберам кажи ми со убаво што е проблемот. Сега знае и „звини“ да каже. На право место го користи, знае кога греши.

Строги сме во однос на тоа дека неможе да прави работи кои не се нормални да ги прави, и давам избор на две до три парчиња кои претходно сум ги избрала јас, од нив може да избере, во плакар не и е дозволено да чепка. И кога се лути со врескање, се знае дека следи казна. Па сега научи само да ги прекрсти рачињата и да рече, лута сум, и ќе се скрие под маса. Ептен е темпераментна и нас многу повеќе време ни требаше и сеуште ни треба да се разбереме, ама не попуштаме никако.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 281
   RE: Фази кај децата
15.5.2015 11:27:58   
miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

miana, гледам два начина да го решиш ова. Едниот е воопшто да не придаваш внимание на нејзиното однесување т.е. да ја оставиш буквално што сака да носи...ако сака и по гаќи нека излезе ич да не ти чуе...значи кога треба да се облече само кажи и да иде да се облече и не коментирај, не и кажувај, не се расправај...ако те праша дал одговора кажи и - не знам, ако тебе ти е ОК, и мене ми е....не викај за расфрланите алишта, само кога таа ќе престане да игра стај ги сите за перење, и кажи и утре кога ќе ги побара дека се перат и не може да ги носи пошто ги вадела од плакар и сега мора да се перат и објасни и дека затоа ти не вадиш алишта од плакар и не играш со нив. Исто така следен пат ког аќе ти побара нешто да и купиш кажи и дека немаш пари пошто парите за тоа нешто си ги потрошила на прашак и струја да ги переш алиштата со кои она играла а кои инаку веќе еднаш биле чисти и би требало да се перат ако таа не си играла со нив...Биди истрајна во ова, со децата најважно е да имаш константа во однесувањето и ставот...Таа видела дека со ова околу облекава ти привлекува внимание и сега го користи нон-стоп...

Друг начин е да и дадеш тоа што треба да облече и да и кажеш да облече а ако не сака нема да одите таму кај што сте тргнале (на шетање, на гости - некаде каде таа сака да оди)...нек вришти, ти не и збори ништо, остај ја нек се треска од земја (и ќерка ми има повраќано од плачење и лупање од земја па еве ја сега уште малку ќе пуни 7 години и веќе добри 6-8 месеци ниеден инцидент не сме имале...како расте и со моето и на мм упорно игнорирање на нејзинито извољевање стигнавме до тоа да имаме разбрано дете) и стварно немој да ја однесеш...нека идат сестра и и маж ти, а ти остани со неа....кога ќе се смири ќе и објасниш зошто не сте отишле и дека ако следен пат сака да иде некаде ќе мора да облече тоа што и е дадено...пробај, се надевам ќе ти успее...греота е да не идеш на одмор ради однесувањето на детето...



Бчагодарам за советот.. Речиси се од ова имам веке применето ако ми верувате user posted image
Ако не одиме некаде, нејзе и е баш гајле, ке си продолжи со нејзината игра.
Еве утрово пак имавме кавга за облекување и отиде во градинка со вриштење бидејки не ги сакала тие хеланки што и ги облековме ( лаже дека ја стискаат, ја чешаат и слични драми - глуми неверојатно ) И баш утрово и реков дека повеке нема што да облече и да избира бидејки се од алишта е расфрлено во нејзината соба..Па ако верувате дури и на сестраи плакарот го расфрла.. Ако не и се дозволни нешто баш вришти, а проблем е што додека и дојдам јас од работа, дома и одат по кеифот, само за да не им се качува на глава.
Гаките ги менува по 6 пати дневно..... Не сум го пробала ова со купувањево само, ама пак таа ретко бара ( речиси и воопшто не бара ) нешто да и се купи - Распрдено user posted image
Вчера имавме гости ( кумот нејзин ), седевме на тераса а таа од внатре рика - сакам заминат гостите user posted image user posted image user posted image Брука!!!!
Јас ке влезам внатре, таа драми дека нешто ја боли и плаче така панично, дури да и поверуваш.. И јас веке ненам кога нешто навистина ја боли user posted image
Ужас... Сум пробала со се, ако ми врувате.. И кога ке запне - тие пижами ги сакам она плаче, рика, урла и не се предава!!!

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 282
   RE: Фази кај децата
18.5.2015 8:40:59   
Snowhite RR
miana како јас да се читам во постов. Значи мене Михаил истото ми го прави откако почна да разбира, значи бира алишта, плачи вреска ако нешто не му е по ќеф, пази дури и на чорапите дали му одговарале. Исто и ние можи цела една зима одевме во градинка со плачки, затоа што не сакаше да носи тоа јас што ќе му одберам. Сега за да ги избегнам плачките на сабајле, вечерта заедно бираме алишта што ќе носи следното утро, сепак и покрај тоа, тој повторно може да најде некоја „рачка“ за да плаче. Исто сум пробала и ова Неуротоскин што вика, да му понудам две комбинации и да бира меѓу нив, функционирало и ова. На крај краева остави ја сама нека одбери, па ако треба и како преправена нека оди.
За тоа што си игра со алиштата јас не би се замарала, зашто гледам дека залудно се нервираш кога следниот ден повторно ја игра истата игра. Едноставно остави ја нека игра, дури можеш кога ќе се вратиш од работа да се вклучиш и ти во играта, до кога мислиш дека ќе сака да ја игра таа игра, ќе и се здосади за брзо, барем со расфрланите алишта не се валка, па да мораш плус и да метиш или да бришиш после играта.
Искрено јас не гледам некој проблем во сето ова, едноставно е фаза која треба да оставиш да помине. Додуша кај Михаил од мал, па еве годинава и на училиште ќе тргнува и фазата со облекување по негов избор се уште трае.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 283
   RE: Фази кај децата
11.6.2015 23:24:12   
marchi
i nie sme vo malku poteska faza od normalnata user posted image skoro za se veli nekjam nekjam...se drecka ako ne e po negovo i ama bas ne se razbira od zborot NEMOJ. se kara se tepa,udira kako reakcija ako se iznervira mislam deka zbor ovde voopsto ne vredi.sekoj den sme pretezno so karanje ke se rasplace go ostavam i se smiruva koga gleda deka nekjam da popustam za da bide po negovo.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 284
   RE: Фази кај децата
25.6.2015 10:47:18   
Neurotoxin RR
Можеби сме имале некои фази, ама ете поминувале неккао, ми изгледале нормални. Оваа недела, веќе и од градинка ми кажаа дека го прави истото. Сака сама да се соблече за мочкање/каккање, и сама го прави тоа, ја оставам, некогаш пробува и сама да се брише и облекува, ја оставам, па псоле досредувам јас како што треба. Ама во градинка почнала сега да им се соблекува кај ќе стигне, дома само навечер ми го прави тоа, ќе ја легнам во креветче, си ќути и по некое време слушам ме вика, идам и ја гледам гола лежи за да ја станам и се мочкало демек. И мораш да ја седнеш, веќе е спремна она.

И вчера кога ми кажаа и во градинка дека правела вакви глупости, и раскажав една приказна за едно девојче кое без срам се соблекувало пред другите и како тие ја испоштипале и како осите и пчелките ја искасале и како после тоа се соблекувала исклучиво пред нокширчето и само пред мамам и тато. Па дури и ми побара уште еднаш да и ја прераскажам. Несакам така да ја преплашувам и лоши филмови да и правам, ама морам инстант да го решам ова, таква гола ќе испоседне насекаде, а реално се бориме со некои проблеми, де цистити, де инфекции, не е во голема мера, ама носот и тој дел и се слаби точки.

Фазата на скржавост и гласна вриштава реакција за нешто што ќе и биде „одземено“, се постојани фази. Зборувам, пробувам, луѓе, ништо не дава. Нас да, ама со деца, нема шанси, се кара како некоја баба, оди си го зема, и си го прибира пред себе, ако е нејзино само, за туѓото, знае да го земе сама, ако не и го даваат или ако и го земат, не прави проблем, али своето нема шанси и ако некој успее да го земе, иде си го граба и вришти и вика мое е, дај ми го.

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 285
   RE: Фази кај децата
3.7.2015 18:09:21   
lukajana RR
Ние сме во една многу чудна фаза што се вика Спиење по туѓи куќиuser posted image .
Секој ден наоѓа каде да спие некогаш кај моите,па кај девер ми,кај свекорот,кај стрина на мм кај баба ми со тетка му ,кај другата тетка и веќе досаден почна да станува само смислува да оди некаде колку да не е дома.
А ако му кажам нешто ми вика што ми кажуваш јас сум голем сам си знамuser posted image

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 286
   RE: Фази кај децата
17.7.2015 11:08:24   
marchi
lukajanana pa ti si imala "zlaten problem" user posted image nie na sekoi 3-4 nedeli imame novi fazi user posted image sinokja dobi stefan ubav kjotek zasto navistina pretera.se nesto nejke ajde toleriram ama vo 1h nokjeska da ne saka da spie da ne saka da stavi pampers? a 2 pati se izmocka vo krevetot taka vikajki raspravajki se so mene da ne mu stavam pampers.ama stvarno zivci vekje za nisto nemam.se utepav od zboruvanje koj me slusauser posted image

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 287
   RE: Фази кај децата
19.7.2015 17:09:55   
Defne90 RR
Значи и ние сме исти и поминуваме моментално низ таа фаза спиење по туши куќи и тоа со поголемиот син.Значи постоојано бара да останува на спиење кај бабите.Само дома да не биде user posted image user posted image А ко мал не можеше да си замисли да спие со било кој друг освен со мене а камоли па во друга куќа.Ама ете годините си го прават своето.Помалиот пак е во една навистина стресна фаза таканаречена бесна фаза.Ако во моментот не му дадеш нешто што сака туку после тој налутен го фрла она што го побарал и вреска и се тркала низ дома.Ептен е нервозен посебно ако брат му го земе пред него она што го барал.Ама се надевам дека ќе ни помине побрзо и оваа фаза оти искинавме нерви сите по дома со неговите ненајдејни плачи и нервози.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 288
   RE: Фази кај децата
23.7.2015 18:19:55   
deluxe
Жени ,не знам што е ова,дали фаза или размазеностuser posted image Синко { скоро има3 г} почна навелико да заборува од пролетоска,арно што почна да зборува,супер,ама сега почна нешто безобразно да ми зборува и тоа опседнат е со зборот ЦИЦКАuser posted image user posted image Се му е цицка,секој предмет го вика цицка,кога некој нешто ќе го праша тој кратко си одговара цицкаuser posted image Е сега да биде работава подраматична детево бара да цицаuser posted image user posted image Ме тероризира на секој чекор ако ме види со деколте ,веднаш моли за цицеuser posted image Се кријам кога се пресоблекувам ,ама не знам што толку мерак за цицање,тој цицаше само 3 месеци,не гледал некое бебе во близина да цица,не знам што му е штосовuser posted image
Се надевам дека е фазаuser posted image user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 289
   RE: Фази кај децата
24.7.2015 14:41:36   
Hopeful RR
Ме изнасмеа user posted image
За жал, немам поима што во ваков случај, ама само да ти кажам дека можам да замислам колку е смешен што на се вика цицка user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 290
   RE: Фази кај децата
24.7.2015 23:48:08   
lukajana RR
Deluxe од искуство ти кажувам дека му е фаза,и Л имаше фаза цицки и тоа оние од Голи и смешни и не сакаше да легне да спие додека не му се пушти Алфа да ги гледа и мислиш со очи ги пиеше додека гледаше ама помина и тоа,сега му е срам ако види одма вика гаси ова user posted image

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 291
   RE: Фази кај децата
25.7.2015 14:47:13   
deluxe
Баш како што кажуваш Лукијана исто така и Ф,со очи ги пие кога гледа голотијаuser posted image
Имаше ситуација кога го шетам по улица и една бабичка 90годишна комшивка го прашува како се вика,а тој како од пушка ЦИЦКАuser posted image И бабава мисли дека не слушна убаво,и јас се уфрлам во муабетот и викам Филип,Филип се викаuser posted image user posted image А таа остана прашалници целата,не беше сигурна дали детево убаво го слушна user posted image user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 292
   RE: Фази кај децата
25.7.2015 15:13:02   
mommy_angels RR
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image Ааааа... како слатко ме изнасмеа Делукс,ама ќе му помине и овој период.Тие се сунѓерчиња,се што ќе видат,а не им е секојдневно во видно поле,им е фасцинантно,а и не им е јасно дека не е добро.Ќерка ми на пример ,сигурно видела од филмовите ,го бакнува бебушот на сестра ми и тоа милото такво целото со отворена устичка,а мојава вади јазик да го лизнала user posted image user posted image user posted image user posted image .Учат тие секојдневно,а кога ќе пораснат,како што вика Лукајана , и ќе разберат дека не е добро,ќе почнат да се срамат

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 293
   RE: Фази кај децата
26.7.2015 2:27:30   
marchi
i kaj nas go ima toj zbor CIC samo ako go skokotkas vo vrat.toa mu e nekoj izraz,ama deca se i faza e a najubavo e da mu se objasni deka toa ne e ubavo da se zboruva zasto veruvaj stanuva navika

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 294
   RE: Фази кај децата
14.10.2015 17:06:49   
nataly86
Незнам дали е фаза некоја или се работи за нешто друго..инаку близнаците поготово женското значи за најмала ситница се фрла за земја и имаш плачење до бесвест..машкото сега мислам ја почнувааоваа фаза кај него е помалку изразено но сестра му абер нема да излезе од фазатаuser posted image страшно ме нервира пошто кога има други луге (баби) се придава уште повеќе значење...јас понекогаш и ја игнорирам и ја гледам дека кога гледа дека нема реакција побрзо се смирува..но некогаш тоа трае и трае,..инаку и ноките сеуште не ги преспива целосно значи имаме будење плачење и сл.
Мислам дека се мали но читав дека и до кај 15 месеци почуваат тантрумите по опис сме тука некаде..инаку сме 14 и пол месеци....

Ве молам за искуства како сте се однесувале вие во вакви ситуации што е попаметноuser posted image

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 295
   RE: Фази кај децата
14.10.2015 23:10:33   
lukajana RR
Фаза или табиет незнам што е ама и Ј е иста ако нешто не и е по кеиф легнува на земја ама не плаче само лежи и тогаш сите знаеме дека е лута.
Прво реагиравме и гледам дека повеќе се лигавеше а сега никој не ја регистрира ,ке полежи и станува па се мази да привлече внимание.
Кај неа мислам дека е желбата да биде во центар на вниманието на сите и ужасно љубомори ако нешто се прави без неа само со Л.
Решена сум да не реагирам и се надевам дека со тек на време ке смени нешто иначе тешко нас user posted image

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 296
   RE: Фази кај децата
15.10.2015 15:09:43   
marchi
Jas povekje ne mozam da izdrzam, milion fazi sme pominala (a doprva i rogovite ke se pokazuvaat) sega ima 2 godini i 7 meseci ama preteruva premnogu. Kreni me vo race, sakam da tepam sakam da kasam sakam da buckam... I nema sansi da poslusa ako mu ukazes na sprotivno. Recisi i ne prifakja nisto smeta deka e vo pravo i treba da e po negovo. Nekogas znae da popusti znae sto ne e pravilni ama nekogas ni karanje ni vikanje ni kjotek ne pomaga

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 297
   RE: Фази кај децата
15.10.2015 15:39:25   
tincule
Ех и ние сме 15 месеци и тек сега ни почнуваат бељите. Ја приметив мојава женска на неколкупати кога ќе стане од спиење сака да се гушка, ама се лути ако седиш значи да се гушка да ја држиш во раце ама да си на нозе. И после некое време нормално ќе те заболи кичма и со убаво со муабет ќе ја спуштам и се врти со главата лута и челото од патос за да се удира. Тоа ми го има направено 3-4 пати до сега ама ја карав и тоа со повисок тон. Исто ако нешто не и е по ќеф пробува демек да падне за да се удри како од стил еве не ме слушаш епа се удрив се повредив види што ми направи.Криеме играчки па се бутаме по ќошиња да ги бараме и нив и се што не треба а глумиме демек таму ми летна играчката мамо. Маниулаторче невидено. Пошто знам дека го прави намерно не му одавам толку значење од стилот да се нервирам ама без карање не поминува нормално. Сега тек почнуваат да не тестираат и нас а и себе user posted image Инаку си имаме фази со ноќно будење и кењкање за да легне до нас на спална, или гушкање со мама се додека не ми дојде саатот за да одам на работа и после заспиваме и немаме гајлеuser posted image а мама кома на работа.

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 298
   RE: Фази кај децата
23.11.2015 12:21:41   
marchi
morav da citiram nekoi iskazi od prethodnite komentari.

Предоперативна фаза (од 2 до 7 години): децата учат интелектуално да ги изложат работите.

nie sme vo nesto slicno na ovaa faza. stefan uci pretezno od slusanje od razgovori no najcesto vo posledno vreme mu pustam bonton so ana na youtube samo stetata e sto toj zapamtuva od onie raboti koi decata loso gi napravile a ne onie dobrite ana sto gi kazala user posted image
i se objasnuvame..... zasto decata ucat ona sto e so galama so vikanje sto e loso.... prosto ne znam kakva e taa faza. user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 299
   RE: Фази кај децата
23.11.2015 14:41:06   
miana
Nie seuste sme vo faza rasturanje na alista, glumenje ucitelka i oblakanje po 10 para stikli..Modna revija

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 300
Страница:   <<   < Претходна страница  9 10 11 [12] 13   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  9 10 11 [12] 13   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Пушење во бременост
predrag

Дали пушевте за време на бременоста

Да, како и претходно (15%)

Да, но помалку од претходно (23%)

Да, почнав за време на бременоста (0%)

Не, престанав за време на бременоста (19%)

Не, престанав уште пред да забременам (13%)

Не, никогаш не сум пушел/а (30%)


Број на сите гласови: 205

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!