RE: Фази кај децата (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


AnnaMolly RR -> RE: Фази кај децата (30.8.2012 15:14:09)

Леле ептен ми олесна што читам дека не е само до него. А бе пусти маки со децава веќе, аман. Мислам дека преку се ќе поминам, ама ова плачењево без причина од кожа ме вади.




arh_diz -> RE: Фази кај децата (30.8.2012 15:25:19)

Nie sme vo faza tepanje , udiranje grizenje ,kubenje,nemozam da izlezam so nego na kraj mu kazuvam netba taka toj si prodolzuva po svoe.Na igraliste koga ke izlezeme istoto prodolzuva nebira dete pomalo pogolemo go stipe go grize , sram mi e veke.Povozrasnite decinja znaat deka e takov i pocnuvaat da go izbegnuvaat.Site igracki sto ke gi vide se negovi , a svoe nedava na igraliste lulaskite se negovi ako se lula drugo dete toj go tepa.Pocnav da go kaznuvam ke se stepa so dete za raka i vednas go nosam doma .




AnnaMolly RR -> RE: Фази кај децата (30.8.2012 15:27:34)


ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz RR
Site igracki sto ke gi vide se negovi , a svoe nedava na igraliste lulaskite se negovi ako se lula drugo dete toj go tepa.Pocnav da go kaznuvam ke se stepa so dete za raka i vednas go nosam doma .


Леле истоооооооо! Си шетаме на улица и за се што ќе види, без разлика што и да е, вика „Мое е, мое е“ и плаче, ме тепа! Аууууу, страшна работа. Децава сите се исти изгледа, копи-пејст.




AnnaMolly RR -> RE: Фази кај децата (30.8.2012 15:29:23)

Јас во тој случај открив дека игнорирањето е најдобро, арх_диз. Нормално, прво му кажувам дека не смее така да прави, дека тоа не е негово. И ако продолжи да плаче го оставам да си плаче, го игнорирам. Тешко ми е да го гледам како плаче со крокодилски солзи, ама па така побрзо се смирува.

На пример, ако го игнорирам престанува со плачење за 5-10 минути максимум.




vezilka RR -> RE: Фази кај децата (30.8.2012 16:02:31)

И Никола така прави, ама само за топки. Не вика дека се негови, ама исто ти е кога ги зима сите што ќе ги види..ако може со сите топки во паркот да игра. Ако не му дозволам да ги земе, има плачење и вриштење! А најмногу ми е страв од фонтаните, нели Скопјево се напраи саде фонтани, на секој чекор ги има, и ова моево сака да влезе цел у фонтана да се бањал..цело време се влечеме, јас му објаснувам дека таа вода не е за бањање, 2 минути стои настрана и пак јово-наново.И не дај боже да види некој нешто да јаде, застанува и чека да му дадат, како ние дома да не му даваме да јаде, жив срам ме јаде..стрвле невидено е! Некои денови навистина ми е напорно шетањето, ме уморува и ме исцрпува..




nadica -> RE: Фази кај децата (30.8.2012 16:34:56)


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR


На пример, ако го игнорирам престанува со плачење за 5-10 минути максимум.


da ignoriranjeto e najdobro i najfunkcionalno taka i fazata pobrgu minuva ama N ima advokati pred koi ne semee da place i mene toa uste poveke me vadi od koza




Annet -> RE: Фази кај децата (30.8.2012 17:11:14)

Lele moevo e stanato mnogu besno dete.
doma si e ok,se zaigruva,si gleda crtani ama stom izlezeme pocnuva interesnoto.Kaj mene samo vo race,a so tetko i peski trca duri,nego go slusa.Mi ide da poludam,ako nesto saka ,vidi i nemoze da dobie, se navednuva na zemja i place,kloca so nozinjata.Lele kakvi sramovi,vo site butici da vleze i da si izleze..Neznam,mnogu se plasam,ovaa faza sega mi e najteska.Stvarno koga ke proodele bilo najtesko....




AnnaMolly RR -> RE: Фази кај децата (31.8.2012 9:27:02)


ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR


На пример, ако го игнорирам престанува со плачење за 5-10 минути максимум.


da ignoriranjeto e najdobro i najfunkcionalno taka i fazata pobrgu minuva ama N ima advokati pred koi ne semee da place i mene toa uste poveke me vadi od koza


И ние имавме такви адвокати, ама никој не смее да писне кога го карам (за негово добро, нели). Или ако некој почне да се буни, го носам во соба и таму седиме додека не се смири. Мајка ми на пример не ми дава да го карам пред луѓе [sm=smiley36.gif] Срамота било. Ама не попуштам, мора дисциплина од мали нозе, инаку маф ни е работава.




arh_diz -> RE: Фази кај децата (31.8.2012 12:26:32)

Jas ne praktikuvam da go karam pred luge , mu objasnuvam so dobro.Koga sme doma go karam i kaznuvam
Inaku ignoriramjeto najmnogu pomaga pa duri nekogas koga se budi noke da proveri dali sum tuka , ke pocne da olace na sila ako jas se javam toj uste prodolzuva i pocnuva da me udira.Nekolku veceri go ignorirav i veke ne se budi




kikicka -> RE: Фази кај децата (31.8.2012 15:10:18)

леле и мене ми е Л во фаза лудило, башка тоа адвокатите кога ја карам( понекогаш и страшно звучам дека се дерам) ке кажат не така демек сдетето трауми ке добиенод што се дерам а јас нерви немам веке, од златно мирно дете што слушаше сега е преегалена и на сите му се качува на глава а мене така ме нервира. а нешто не и се даде траќањеврештење, абе неможеш да ја фатиш ко залудена. сега е во фаза на неспиење преку ден а тоа уште повеке ми ги ретче нервите , дека и тие 3 саати мир што ги имав сега векенсе минато [sm=smiley36.gif]




kikicka -> RE: Фази кај децата (31.8.2012 15:13:12)

заборавив да кажам и мене почна да ме мава по лицето како шамари ама јас и вракам демек и престанува. мада да неа тоа и е интересно и се смее си мисли дека си играме [sm=smiley36.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Фази кај децата (5.10.2012 13:53:16)

Луѓе помагајте, утешете ме дека му е само фаза и дека брзо ќе помине, оти нема спас за мене!
Детево не знам што му стана, ама последниве недела-две е буквално лепенка за мене. Не можам да одам во ве-це, не можам да работам по дома, НЕ ДАЈ БОЖЕ да ме снема од соба на подолго од 2 минути. Крокодилски солзи се леат и има вриштење до Америка.
Не сака ни со татко му да седи ако не сум тука и јас.
Кога гледа цртани морам до него да седам, кога си игра мора да му бидам во видокруг, кога спие навечер МОРА во секој момент да бидам до него зашто ако се подразбуди и не може да ме допре со рацете ми вика „Мамо, седи тука, не оди на работа!“.
Не знам што му е, детево како да ми се смени, како да е исплашен од нешто.




kikicka -> RE: Фази кај децата (5.10.2012 14:09:51)

Епа Изгледа фаза му е ама мислам дека и самиот ти кажал....Не оди работа мамо .....Мислам дека треба онака да седнеш и убаво да му објасниш зошто одиш на работа и кога си дома дека нема да избегаш никаде....па види како ке се реакциите...мислам на разговор баш како со возрасен човек.




Mihaela 2010 -> RE: Фази кај децата (5.10.2012 14:19:52)

Луѓе помагајте, утешете ме дека му е само фаза и дека брзо ќе помине, оти нема спас за мене!
Детево не знам што му стана, ама последниве недела-две е буквално лепенка за мене. Не можам да одам во ве-це, не можам да работам по дома, НЕ ДАЈ БОЖЕ да ме снема од соба на подолго од 2 минути. Крокодилски солзи се леат и има вриштење до Америка.
Не сака ни со татко му да седи ако не сум тука и јас.
Кога гледа цртани морам до него да седам, кога си игра мора да му бидам во видокруг, кога спие навечер МОРА во секој момент да бидам до него зашто ако се подразбуди и не може да ме допре со рацете ми вика „Мамо, седи тука, не оди на работа!“.
Не знам што му е, детево како да ми се смени, како да е исплашен од нешто.

Lele ova ko jas da sum go pisuvala....Vo ista situacija sum i jas i neznam do koga ke trae ova....Jas mislam deka e zaradi gradinkava...duri sum 99% sigurna deka e toa...sekoe sabajle place deka ne saka da ide u gradinka ,deka saka jas da ja cuvam,deka ke doagala so mene na rabota...i preku vikend e lepenka za mene mama pa mama,me umre,a po mm ic..
Saka samo jas da ja uspijam,dodeka spieme navecer celo vreme u mene se buta,me gali,me pipka i sl..
Se nadevam i jas deka e nekoja faza,mislam milo mi e sto e lepenka do mene,ama nemozam na raat da se izuriniram :D




AnnaMolly RR -> RE: Фази кај децата (5.10.2012 14:41:19)

И јас мислам да не се случило нешто во градинка. И вчера ми плачеше кога го носев, а нема плачено една година! Не памтам последен пат кога плачел кога го носам во градинка.
Ќе разговарам со воспитувачките искрено да ми кажат ако се случило нешто, па да видам што можам да преземам.
А за одењето на работа не ми правел никогаш проблем, ова е првпат. Си знае дека мама и тато одат на работа за да имаме пари за чоколатце и смоки [sm=smiley36.gif], а Филип оди во градинка. Луѓе, никогаш не ми правел вака, гарант е од нешто исплашен. Поим немам што му е, се надевам брзо ќе помине.




miana -> RE: Фази кај децата (5.10.2012 14:50:21)

Mozebi go iskarala nekoja ucitelka i sega se cuvstvuva nesigurno tamu... I kerkami e ista [sm=smiley13.gif]




Felly RR -> RE: Фази кај децата (5.10.2012 17:10:07)

Матеа е исто така како лепенка за мене залепена, и не ми дава никаде да одам. Само за викенд, знае дека сум дома и тогаш може да слезе кај баба и долу, да поседи, а друг пат, ми вика- ама, мамо и ти биди тука (не смеам јас горе да седам, туку мора да и бидам придружба). За да можам да работам, седнувам на лаптоп, во истата соба, и тие играат, јас работам. Мора да ме гледа дека сум тука.




AnnaMolly RR -> RE: Фази кај децата (5.10.2012 18:42:08)

Е кај мене е баш спротивно! Кога сум на работа преку викенд знае дека сум на работа и не ме бара, не плаче по мене. А кога знае дека сум тука, дека сум дома, ништо не прави без мене.




Mihaela 2010 -> RE: Фази кај децата (27.11.2012 15:51:26)

Lele neznam sto da kazam,eve vekje dve nedeli M e vo nekoja faza na tepanje...se nadevam deka ke projde ama stvarno neznam vise kako da postapuvam..
vcera duri dobivme poplaka vo gradinka deka gi tepala decata (inaku e najsitnicka od site tamo) i duri edno devojce so plasticnoto nejzino sise ja udrila po glava...lele mi zovre..
Dodjov doma i so arno so ubavo ja sovetuvav,pa ete denes bila dobra...
Iskreno mislam deka i e nekoj period,a moze e izrevoltirana sto ide vo gradinka,a moze i gleda tamo drugi decinja sto pravat pa ajde i taa...




lilicka -> RE: Фази кај децата (5.4.2013 0:28:58)

Лелле ние периодов сме во повеќе фазии,незнам од која да почнам!
Одеднаш почна да несака да се бања,не дава да се чешла,не дава заби да и измијам,да исечам нокти....ајде ке издржиме со оваа некако,но нешто што ме загрижува што почна во последно време да ми вика мама плашам или мама плачам....незнам од што се има исплашено толку...дури во сон ми вика мама плашам!Е сега нема веќе гледање ТВ и цртани си реков да не од тоа,не ја карал некој никогаш не е удрена и нема да биде гарантирано....незнам што е[sm=zmeden.gif]Многу ми е жал кога ми вика мама плашам и јас и викам од што бе мама?а таа ме гледа како бајче[sm=zmeden.gif]




oliva -> RE: Фази кај децата (16.4.2013 9:54:55)


ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka RR

леле и мене ми е Л во фаза лудило, башка тоа адвокатите кога ја карам( понекогаш и страшно звучам дека се дерам) ке кажат не така демек сдетето трауми ке добиенод што се дерам а јас нерви немам веке, од златно мирно дете што слушаше сега е преегалена и на сите му се качува на глава а мене така ме нервира. а нешто не и се даде траќањеврештење, абе неможеш да ја фатиш ко залудена. сега е во фаза на неспиење преку ден а тоа уште повеке ми ги ретче нервите , дека и тие 3 саати мир што ги имав сега векенсе минато [sm=smiley36.gif]

и со моето дете се случува истото,многу е немирен,се траќа нонн стоп ако не е по негово,почна и мојот денски да не спие,тепа цело време и гриза,се надевам дека е фаза која ќе помине




masa -> RE: Фази кај децата (16.4.2013 10:37:14)

Сега ние сме во фаза на лажење дека нешто е дозволено.Многу ми се допаѓа (морам да се пофалам [sm=smiley1.gif]) што научи да прашува дали нешто смее или несмее [sm=bravo.gif] НО кога не и се допаѓа одговорот си го менува.На пример иде ќе ме праша нешто и ќе и кажам дека несмее или неможе и оди кај мм и му вика "мама рече може".Сега треба оваа фаза да ја надминеме да научи дека зборот на родителот не треба да се извртува и да се менува како сака.Друго кога ќе направи беља не вика кршив нешто или исурив туку се скрши,се истури,како таа не е крива туку ете се случило [sm=smiley29.gif]Како само си извртува...се надевам и ова ќе го надминеме [sm=smiley1.gif]




vezilka RR -> RE: Фази кај децата (16.4.2013 14:07:23)

Ние сме во фаза, чекај нешто да видам.. Абе што и да треба да праиме, тој права реакција му е чекај прво нешто да видам. Ајде да смениме пелене, чекај нешто прво да видам. Ајде да се пресоблечеме, чекај прво нешто да видам. Сабајле стануваме во 7 и се облекуваме до 8, пошто прво нешто треба да види, и на крај пак со подвикнување. Од дома до градинка одиме 40 минути пат кој се оди за 10 минути во реално време, оти нели треба прво нешто да види, во секој двор.. Не може од одма нешто да напраиме, мора да се молиме пола саат. А богами некогаш губам нерви, после дваесет пати чекај прво нешто да видам.




Annet -> RE: Фази кај децата (23.4.2013 10:39:24)

А па ние сме во фаза Не.Не те фермам,викај си.Се прави на Тошо... Сите сме на игнор ставени,и несака да се облекува,соблекува,несака надвор,а после несака дома.и цееееел ден вришти,се дереее,незнам зошто,се и е погодено.Со ништо не се заигрува,незнам,оти стана вакви бееее,што дете ќе биде моево ,незнам....




Bethany -> RE: Фази кај децата (23.4.2013 11:47:27)

Anet, kaj nas pomaga koga mu kazem taka postrogo: Pogledni me vo ocite koga ti zboruvam! Ne znam zosto ama koga dete te pogledne vo ocite mora nekako da te poslusa, se dodeka ne te gleda, moze da te ignorira. I nas ne ignorira, ama koga veke situacija stane ozbilna malku postrogo mu kazem, mu ja duri svrtam glavata nakaj mene i mu kazam toa sto sakam da mu kazam, naravno najcesto e toa objasnuvanje da ne pravi nesto sto go pravi vo momentot. Ovo doma pali, nadvor poveke ne ignorira [sm=smiley1.gif]
A za vikanje poradi nesto sto ne smee da ima, ne mu popustame nikako, pa taman se deral cel den... ama brgu se smiruva koga vidi deka ne mu davame toa sto bara.
Nie sme vo faza (ako moze da se narece faza) koga da se naogame na 200 metri kv. povrsine i sekade e bezbedno za nego, ima mesto da istrazuva, da gleda, faka, toj si najde obavezno (samo ne znam kako mu uspeva) bas toa edno edinstveno sto ne bi trebalo da mu odvlekuva vnimanie, i posle celo vreme kade i da sme, se raspravame okolu taa edna stvar da ne treba da odi tamu itn.
Odime vo priroda, zelenilo, treva naokolu, mesto da trca, da istrazuva, bas odevme poradi nego, a toj od tolku golem prostor ja najde edna cesma so gubre naokolu i celo vreme pomina odejki natamu i nie vrakajki go nazad [sm=smiley29.gif] I toa e sekade taka vo posledno vreme. Se prasuvam kako samo od prva najde nesto sto ne bi trebalo.
Vo princip e relativno poslusno dete, ima miren, krotok duh, pa mozebi zatoa nemavme dosega nekoi tantrumi, ama ke vidime ponatamu sekako.




Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>