vezilka RR -> RE: Фази кај децата (10.1.2014 8:30:24)
|
Уф, и Никола е во некоја таква фаза на инаетење и натегање до утре сабајле. Веќе втор пат го фаќа ваков бран, еднаш околу втората година, ама тогаш не го држеше долго, и еве сега пак. Сум приметила дека го почнува натегањето ако нешто не му е по ќеф, или ако не му се сите овци на број, на пример, му се спие, не е арен нешто, или сакал нешто а не му било удоволено(најчесто ова е причината)..и веднаш почнува со натегањето и врескањето за првата следна работа која може да биде најбезвезна. Еднаш имавме случка кога не му дозволив нешто, не се сеќавам што беше, а тој во моментот седеше на подот, и му викам ајде сега стани, и тој, не сакаааааам, зошто да станам. Епа не станувај му велам, а тој, сакаааам да станам, зошто да не станам, па ќе ми биде ладно на газето ако не станам..и така едно пола саат, ако не и повеќе. Па сега вклучува и други елеменити во расправањето, ако на неговото зошто добие одговор што не му се допаѓа, вика не може така, тоа не е одговор. Или не ме карај, и не ми зборувај така, тоа не е убаво, зборувај ми убаво..па не става во позиција пред да проговориме нешто убаво да размислиме што ќе кажеме со спремни пет-шест варијанти на реплкики после тоа. И тие разговори понекогаш знаат да не излудат, особено ако сме кнап со време и немаме пола саат за дискусија и убедување.
|
|
|
|