Еца -> RE: Фази кај децата (25.11.2009 1:03:11)
|
"Кога децата растат и созреваат се јавуваат два моменти, поточно, периоди на отфрлање на родителите. Првиот ваков период се случува на возраст од 2-4 години, и се нарекува НЕ-фаза. Кога е во оваа фаза на развој, детето се инаети, честопати вели не, не сакам за се, за храна, спиење, игра, или игнорира. Ваквото однесување никако НЕ СМЕЕ да се казнува, колку и да не нервира и ни ја погодува суетата на добар родител. Оваа фаза е клучна во формирањето независна и самостална личност. Секако, сила Бога не моли, вие можете да му ја наметнете својата волја, но за добро на детето, не правете го тоа. Сепак, ова не значи дека треба да кренете раце од детето и да го оставите да израсне во мал тиранин. Се што треба е малку дипломатија и многу трпение. Ако се однесувате нагласено авторитативно во барањата, секако дека ќе си направите проблем, затоа обидете се со другарски пристап, низ игра да го пребродите овој мачен период, и секако, понекојпат- попуштете, кажете му на детето дека неговиот предлог е подобар, па по 10-15 минути повторно реализирајте го тоа што е на дневен ред ако мора. Следна фаза кога децата ги отфрлаат родителите е пубертетот, но тоа е нова и многу опширна тема." kajgana
|
|
|
|