Snowhite RR -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (27.7.2013 0:25:49)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца Егзема е една од полесните алергични реакции на кожата што се појавува во најрана доенечка возраст, во првите 3 до 4 месеци, кај деца чии двата родитела се алергични. Најчесто се појавува на обравчињата, околу устата, зад ушите, на вратот и ретко на телото. На лицето се појавува изразено црвенило над кое се појавуваат меурчиња со бистра течност, која понекогаш е жолтеникава од инфекцијата што се појавува од јакиот јадеж на детето. Причинители се хранителните алергени, контактните алергени и сапуните и парфемите што се користат за нега на детето. Почесто се појавуваат при внесување кравјо млеко, ако мајката не го дои детето. Може да се изгуби кон третата и четвртата година, а понекогаш да остане до пубертетот, со повремено губење и појавување. Се препорачува елиминациона диета (наоѓање и отфрлање на причинителот), хранење на детето со посебни млека што се со преработени белковини и не предизвикуваат алергија. Детето има потреба од посебна нега на кожата: да не се употребуваат креми што содржат кортикостероиди (хормони) и креми што содржат хемикалии. Кожата се негува со антибактериски средства ако е инфицирана или само со маслени витамински течности. Најважно е да се врши редовна контрола кај лекар, кој ќе ја следи исхраната на детето. Бидејќи имавме проблеми со егзема на лицето користевме креми Linola feet и Eucerin(црвената линија), а за бањање масло од истата колекција на Eucerin.Презадоволна сум! Според ова не ми личи на егзема тоа што го има Јана. Како и да е, денеска бевме на кожен лекар и ми постави неколку прашање како дали дома ни е топло, кажав дека не е топло, дека дома имаме добра изолација и една нормална Т, после ме праша дали креваше Т, кажав дека крена пред два дена, ама примаше вакцина, па ме праша дали и пред вакцината го имаше тоа или откако ја прими, реков дека уште пред 2-3 месеци, само што јас мислев дека е од времето дека се затопли. На крај ми препиша еден крем и ми рече да не ја чуваме многу на топло и дека можеби е од вакцината. Одговоров катастрофа, битно се нацртав за кремот 800 ден, па сега ќе видиме што ќе биде Не знам што да кажам за докториве значи, врска немаат, денеска скроз се изнервирав и од матичната, таа па воопшто не обрна внимание на тоа што и реков дека има егзема. Битно ми кажа дека има малку црвено грло и ми даде антибиотик, а детево нема веќе Т, не кашла, нема никакви знаци дека е болна, го зедов сирупот нерастворен, па ќе видам ако нешто се влоши ќе почнам да и го давам, ако не само со витамин Ц. Малку офтопик забегав, сори ама веќе не знам кај да пишувам[sm=hudicek1.gif]
|
|
|
|