|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Чудотворни продукти
30.10.2009 16:09:31   
arh_diz
Fala ti mother29

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Чудотворни продукти
30.10.2009 16:14:14   
mother 29
нема на што,ми беше задоволствоuser posted image

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Чудотворни продукти
13.11.2009 15:41:14   
profesorica
Здрави со маслиново масло


Маслиновото масло освен што делува мошне вкусно кога ќе го додадеме на јадењата, тоа има и делотворно дејство врз целокупната состојба на организмот. Особено добро делува врз желудникот, срцето и превентивно против карциномот.


ЖЕЛУДНИК

Маслиновото масло не само што може да го спречи настанувањето, туку може и да ја излекува инфекцијата од бактеријата Хеликобактер пилори, која годишно предизвикува повеќе милиони случаи на гастритис и чир на желудникот. Полифенолите од маслото делуваат ефикасно против некои видови на погоре споменатата бактерија, па дури и во јаки кисели услови во желудочниот сок. Поточно, делува на 8 видови на оваа бактерија, од кои дури 3 се отпорни на антибиотици.

ПРОТИВ КАРЦИНОМ

Може да се користи во борба против карциномот на желудникот, но не само за тој тип на карцином. Две фенолни компоненти кои се присутни во маслото ја инхибираат активноста на генот на карциномот. Особено делува ефикасно при заштита од карциномот на градите и дебелото црево.

СРЦЕ

Поради високата содржина на олеинска киселина, маслиновото масло го зголемува нивото на добриот холестерол и го намалува уделот на лошиот холестерол. Има забележително дејство врз повисокиот крвен притисок. Освен во овие три случаи, делува и на црниот дроб и жолчката, потоа придонесува за поубава и поздрава кожа, како и врз процесот на стареење.

извор:ИДИВИДИ


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Чудотворни продукти
14.11.2009 0:36:39   
ripce
Ејјјј моја тема како досега не сум ја видела...

Со нане до подобро здравје

Нането, воглавно, се одгледува поради листот (Mentha piperitae folium) и стебленцата со лисја (Mentha piperitae herba), односно поради етеричното масло (Mentha piperitae aetheroleum). Оваа билка содржи околу 1.25 % етерично масло и тоа 50 до 90% е ментол и 5 до 20% е ментон. Етеричното масло се добива со екстракција од стебленцата и од лисјата на нането. user posted image

Дивите врсти на нане (Mentha arvensis и други), како и питомите, се користат за подготвување на вкусен и здрав чај, кој помага при многу заболувања. Така чајот од нане е корисен при главоболка, стомачни тегоби, несоница, општа слабост и малаксаност, настинка и кашлица. Во народната медицина нането се покажало како природен лек при: стомачни заболувања (пролив и надуваност на стомакот), заболувања на дишните патишта (воспаление на уста, грло и при кашлица), нервоза, болести на жолчната кеса и жолчните патишта, цревни заболувања, болести на црниот дроб итн. Нането во исхраната може да се употребува и како зачин и често се додава во многу јадења, бидејќи го подобрува варењето на храната. Чај од нане Чај од нане е чај кој може да се сретне речиси во секое домаќинство. Најчесто поради пријатниот вкус и мирис. Но, сигурно не сте ни претпоставувале колкава добробит носи тој. На кратко кажано, речиси и да не постои болест за која нането не може да се употреби. Сепак, при купувањето на овој чај, обрнете внимание на составот. Најдобро е да купувате чај од органско или природно одгледано нане или, ако не сте во можност да пронајдете ваков чај, тогаш купете барем чај без додадена арома, мирис или некој друг додаток, односно чај на кој пишува дека составот е 100% нане. Освен во облик на чај, нането може да го пронајдете и во облик на капсула, тинктура, етерично масло и таблети. Делувањето е исто или барем слично. Нането од многу одамна се користело за лечење на настинка и во тоа е многу успешно, но ќе наведеме некои помалку познати делувања. Чајот од нане делува смирувачки и ги јакне нервите. Ако го комбинирате со розмарин и матичњак ја зајкнува психичката отпорност и ја лечи емотивната нестабилност. (Чајот го припремате така да измешате иста количина од трите билки, потоа една лажичка од таа мешавина ќе ја прелиете со шоља врела вода. Ќе ја оставите да одстои 10 минути. Дневно пијте по три шољи, најдобро пред главните оброци). Пет капки од етеричното масло капнати на коцка шеќер, на некоја адекватна бонбона или кекс делува против вртоглавица, мигрена, главоболка и мачнина. Со помош на нането ќе ја одстраните надразнетоста на желудникот, сите проблеми со варењето на храната, гасови и надуеност. Облози од нане смируваат осипи и црвени очи. Сепак, треба да се внимава ако имате намера самите да соберете нане некаде во природата, бидејќи некои врсти на нането (луто нане) може при неправилна употреба да биде многу штетна. Исто така, треба да се внимава и при користење на купено нане, никогаш не претерувајте количински и не надминувајте ги препорачаните дози.
Подготовка: Доколку во упатството од пакувањето не е поинаку назначено, една чајна лажичка од билката или една филтер вреќичка прелијте ја со 0,2 л врела вода. Поклопете ја и оставете да одстои 5 до 10 минути. Процедете ја и пијте свежо припремен чај.

< Поракaта ја уредил anica -- 14.11.2009 0:37:04 >

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Чудотворни продукти
14.11.2009 1:10:26   
ripce
Лековити својства на тиквата
Плодот и семето од тиквата имаат лековито дејство.Семето од тиква има висок процент на масло(50%) во кое доминираат есенцијални масни киселини(н-6 и н6 фамилија) кои човечкиот организам не може да ги произведе.

Маслото е богато и со протеини(35-45%), витамини А, Б1, Б6, Ц, Д, Е и К и минерали, посебно фосфор и цинк.
Како добар извор на есенцијални незаситени масни киселини кои се неопходни на организмот за нормален раст, развој и бројни други функции, вклучувајќи ја тука и репродуктивната, спаѓа во нутритивните највредни масла.

Есенцијалните н-3 масни киселини кои ова масло ги содржи во висок процент, го штитат организмот од инфекции, го јакнат имунитетот,го штитат сцето и крвните садови, снижувајки го нивото на триглицериди а зголемувајкји го нивото на ХДЛ честичките (добар холестерол).

Маслото од тиква делува стимулативно на целиот организам:урогенитално, дигестивно, кардиоваскуларно, ендокрино, нервно како и на коските, мускулите, зглобовите и кожата.

Заболувањата на кои тиквиното масло би можело да делува се : повишен крвен притисок, заболувања на срце, пречки при мокрењето кај зголемена простата, дијабетис, реуматизам, остеопороза, различни заболувања на кожата.

Маслото од тиква има исклучително пријатен вкус,па во кујната може да се искористи во вид на прелив за салати, варени јадења со зеленчук, ориз, печурки, , теста, смеси за пецива и колачи.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Чудотворни продукти
23.11.2009 12:28:08   
profesorica
Костенот ги зајакнува забите, коските и не прави среќни


Питомиот костен е здрав и добар за нервниот систем. Комбинацијата од калциум и фосфор во него, ги зајакнува забите и коските.
Американските научници кои извршија серија испитувања дојдоа до заклучок дека питомиот костен добро влијае врз организмот на човекот и поради тоа препорачуваат тој да се консумира во текот на зимата.

- Нашата студија го докажа тоа што го објавивме пред неколку недели. Костените ги зајакнуваат забите и коските. Зимските месеци и ладното време се одлична шанса за јадење на костени кои можеме да ги најдеме кај уличните продавачи. Освен што ќе не згреат, тие ќе ни го зајакнат и организмот, изјавија научниците.
Освен ова, костенот содржи и аминокиселина "триптофан" од која во телото
се формира хормонот на среќата "серотонин".
извор:ИДИВИДИ


< Поракaта ја уредил Еца -- 6.12.2009 10:53:22 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Чудотворни продукти
23.11.2009 12:32:05   
profesorica
Ореви за циркулација

Точно 56 грама ореви на ден, го намалуваат ризикот од кардиовакуларните заболувања кај дијабетичарите, покажува најновата студија од Јејл.

На групата на бадеми и ф'стаци сега им се придружуваат и оревите.

После 8-неделно следење, измерениот проток на крв кај испитаниците со дијабетис од типот 2, кои секојдневно конзумирале, покрај редовните продукти и 56 грама ореви, бил за 2,2 посто подобар отколку кај другите.

Покрај подобрениот проток на крв, забележани се и други позитивни подобрувања како што е намалувањето на нивото на шеќер и холестерол во крвта.

Студијата покажала дека оревите позитивно влијаат и врз намалувањето на ризикот од артеросклероза, како и врз оштетувањето на крвните садови и врз нивното ширење.
извор:ИДИВИДИ


< Поракaта ја уредил Еца -- 6.12.2009 10:53:42 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Чудотворни продукти
26.11.2009 13:36:16   
mami
Чај

Претставува најпопуларен пијалок, после водата нормално. Тој е одличен за гаснењ на жедта, а не содржи калории. Одредени соединенија, конкретно во зелениот чај, го зајакнуваат метаболизмот т.е. му помагаат да согорува што повеќе калории.
Тука треба да ги нагласиме и антиоксидантните својства на чајот, особено зелениот. Докажано е дека секојдневното пиење на зелен чај го зајакнува имуниот систем.
Меѓутоа ако овој пијалок го засладите со шеќер, му одзмате дел од неговите лековити состојки. Поради тоа, пијте само незасладен чај, секогаш кога ке можете. За подобрување на вкусот додадете неколку капки лимон.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Чудотворни продукти
26.11.2009 13:42:09   
mami
Кафе

незасладеното кафе изобилува со лековити соединенија и содржи малку калории. Но, ако сте љубител на зашеќерените кафе пијалоци тогаш знајте дека внесувате поеќе од 200 калории повеќе во просек ,за разлика од оние кои ги пијат незасладени. Пробајте еспресо со вода или кафе со обезмастено млеко

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Чудотворни продукти
27.11.2009 15:08:15   
mami
Чај од бразилско нане, природен лек за болки во телото


Билката позната како бразилско нане успешно лекува болки на телото, со ист ефект како и некои синтетички лекови, покажа истражувањето на англиските експерти.

Традиционалниот лек, кој во Бразил се користи веќе со години може да третира низа здравствени проблеми, од главоболка, стомачни болки, грозница и грип, пишува „Health Day“.  Билката се вика Hyptis crenata.

Новата студија е прва која докажува значаен напредок во решавањето на проблемите на болките со конзумирање на ова бразилско растение.

Експериментите направени со глувци на Универзитетот „Њукастел“ покажаа дека чајот од ова нане е еднакво ефикасен како и лековите како што е аспиринот.

Резултатите од истражувањата претставени се на научната конференција во Индија, а ќе се појават и во изданието на магазинот Acta Horticulture.

- Земавме билка која се корити за сигурно отстранување на болката и научно докажавме дека делува како некои синтетички лекови. Следен чекор е да откриеме на кој начин делува, рече водачот на тимот експерти, Грациела Роша.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Чудотворни продукти
6.12.2009 9:32:55   
ripce
Леќата како совршена намирница

Нискиот процент на кардиоваскуларни болести кај жителите на Шпанија и Италија е директно поврзан со исхраната богата со леќа, а леќата помага и во губењето на вишокот килограми, бидејќи содржи многу малку калории.

Леќата се вбројува во групата на зрнести мешунки заедно со гравот, грашокот и боранијата. Досега се познати околу четириесетина видови различни по бојата, големината и обликот.

Леќата се одгледувала уште од камено време, а се претпоставува дека потекнува од југозападна Азија, од каде преку Средоземјето се проширила кон Европа.

Инаку се смета дека леќата е првата намирница која човекот почнал да ја одгледува. Пронајдена е во археолошките наоѓалишта на Блискиот Исток кои потекнуваат од пред околу 8000 години, а и во гробниците на египетските фараони. Леќата ја одгледувале и старите Грци и Римјани, а истата се спомнува и во Библијата. Леќата заедно со јачменот и пченицата со векови била основна намирница за луѓето.  


Леќата е ефтина и исклучително здрава. Полна е со протеини и хранливи влакна и во 100 грама сува леќа може да се најдат 48% од препорачаните дневни потреби за протеини и 46% од препорачаните дневни потреби за хранливи влакна.   

Лековитите својства на леќата се многубројни. Оваа мешунка не содржи заситени масни киселини, ниту штетен холестерол, а е извонреден извор на хранливи влакна. Хранливите влакна го намалуваат нивото на глукоза и холестерол во крвта, го забрзуваат метаболизмот и го скратуваат задржувањето на храната во органите за варење, па на тој начин го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево.

Леќата е богата и со витамин Б што поволно влијае на нервниот систем и на здравјето на кожата и косата, а високиот процент на железо ја спречува појавата на слабокрвност.   

При подготовка секогаш ставајте ја леќата во врела вода бидејќи така побрзо се вари. Зависно од видот, леќата се вари од 20 до 40 минути, а се служи како вариво, додаток во салати или како прилог со месо и риба.  

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Чудотворни продукти
20.12.2009 11:13:58   
mis.
Пресечениот морков личи на човечко око. Зеница, ирис и линии во форма на зраци, кои што изгледаат исто како и човечкото око. Науката потврдува дека морковот значително го подобрува очниот проток на крв и функцијата на окото.

Доматот има четири комори и има црвена боја. Срцето е црвено и има четири комори. Сите истражувања покажуваат дека доматот е одлична храна за крви и срце. 

Гроздот личи на срце. Секое зрно грозје наликува на крвна клетки, а истражувањата покажуваат дека грозјето е храна која има значителна улога за ревитализација на срцето и крвотокот.

Оревот изгледа како мозокот. Има лева и десна хемисфера. Познато е дека оревот помага во развојот на преку 30 неуро-трансмитери за мозочните функции.

Гравот е скоро идентичен во ликот како и бубрегот, и тој всушност тој ја подобрува функцијата на бубрезите. 

Стебленцето на целерот, марулата и сличните растенија наликува на коските. Тие ги јакната коските. Интересен е фактот дека коските во себе содржат 23% натриум, а истиот процент на натриум се наоѓа и кај овие растенија. Ако не внесувате доволно натриум во организмот, телото го црпе од коските, и на тој начин ги олсабнува. Ваквата храна ги надокнадува потребите на скелетниот систем.

Модриот патлиџан, авокадото, крушата го подобруваат здравјето и функцијата на матката и грлото на матката кај жените - а тие всушност и личат на овие органи. Истражувањата покажуваат дека кога жените јадат по едно авокадо или круша неделно, хормоните и се избалансирани, им се смалува прекуменрата телесна тежина за време на бременоста, и се спречува ракот на грлото на матката. Интересен е фактот дека се потребни девет месеци едно авокадо да созрее во фазата од цвет до плод.

Смоквите се полни со семе и додека растат најчесто висат во парови. Тие ја зголемуваат мобилноста на спермата кај мажите и го зголемуваат бројот на сперматозоиди, а на тој начин се намалува стерилноста кај мажите. 

Портокалите, цитронот и останатото цитрусово овошје лишат на млечните жлезди кај жените, и тие всушност го подобруваат здравјето на градите и протокот на лимфа во и од градите. 

Кромидот личи на клетките од телото. Истражувањата покажуваат дека кромидот ги отстранува отпадните материи од клетките. Знаеме дека кромидот може да предизвика и солзи, а тие го плакнат епителните слоеви на очите.

 Лукот исто така ги елиминара отпадните материи и опасните слободни радикали од телото.

Компирот личи на панкреасот и тој всушност го регулира гликемичкиот индекс кај дијабетичарите.

Маслинките помагаат за здравјето и за функцијата на јајниците кај жените.

Калинките личат на црвените крвни зрнца и имаат широк спектар на лековитост. Тие се добар извор на антиоксиданти, имаат превентивна улога кај ракот на простатата, дури и го успоруваат. Го намалуваат ризикот од рак на кожата. Всушност, калинките го успоруваат развојот на туморот. Калинката го помага протокот на крв, го балансираат нивото на холестерол во крвта.

< Поракaта ја уредил Еца -- 1.2.2010 0:11:48 >

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Чудотворни продукти
26.12.2009 9:10:29   
Bogdancanka
Босилекот - зачин и лек

Оваа едногодишна тревка, особено нејзините листови, има пријатен мирис пред самото цветење и во времето кога ги отвора своите бели, розови или пурпурни цветови.

Вкусот е горчлив и ароматичен. Се бере нејзиниот надземен дел, на силно попладневно сонце. Билката се сече до над самата земја, а може да се берат и само листенцата.

user posted image
Најчесто има две берби - во јули и во втората половина на септември. Добрите познавачи на лековитите билки истакнуваат дека босилекот собран во јули има подобри лековити својства. Ако е набрана целата билка, се суши во мали заврзани снопчиња, тие се сушат распослани во тенок слој врз чиста површина.

Исушената билка би требало да се иситни и да се чува во добро затворена лимена или стаклена кутија, во кои не може да влезе воздух. Според треварите, во допир со воздухот босилекот ги губи своите лековити својства. Тој содржи етерично масло со елементи на цинеол, тинол, ленеол, енгенол, камфор.

Чајот од оваа миризлива тревка им се препорачува на нервозни лица, на деца што имаат немирен сон и на возрасни што страдаат од вртоглавица, ангина или мигрена, стомачни грчови - во сите тие случаи се пие два-три пати дневно по едно филџанче чај (мало лажиче се прелева со 2 дл зовриена вода). Овој лек ги растерува црните мисли; лекува астма, воспаление на бубрези, го отвора апетитот, го засилува сексуалниот нагон.

Босилекот има и диуретско својство - помага за подобро лачење на урината. Тој дејствува стимулативно на циркулацијата на крвта и го подобрува крвотокот. Се подготвува на следниот начин: во 1 л вода се ставаат 10-15 г листови; тие стојат во водата од половина до еден час. Есенцијата од босилек се пие во дози од по 5 капки на коцка шеќер, по јадење. Користи против недостиг на желудочни сокови предизвикан од некое нервно нарушување.

user posted image
Заедно со лукот, босилекот дејствува и против цревните паразити. Важно е и неговото стимулативно дејство на млечните жлезди кај жените доилки, кои немаат доволно млеко. За таа цел еден грст босилек се вари во 1 литар вода и од тоа се пијат по две филџанчиња дневно.

Варен во бело вино, плодот на босилекот се користи кај тврдокорниот запек






_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Чудотворни продукти
26.12.2009 9:17:17   
Bogdancanka
еве некој чудотворни продукти за да си ја вратите изгубената енергија
Како да ја вратите загубената енергија

Истражувачите од Државниот универзитет во Аризона изјавуваат дека повеќето од нас внесуваме недоволни количества од витаминот Ц кој е многу важен за нашиот организам, и му помага на нашето тело со своето согорување да создаде енергија.

За да се одржува нивото на енергија на висина, обидете се да си обезбедите доволни количества витамин Ц во храната што ја внесувате секојдневно. Портокалите и сокот од портокали се ваш природен извор, но него го има во големи количества и во пиперките, јагодите и брокулите.

user posted image
Чај од нане

Наместо утрински филџан радост, префрлете се на чај од нане. Било да користите свежо или сушено нане (во филтер - акесички), оставете го чајот да отстои во филџанот 10-ина минути пред да го испиете. Додека го чекате, вдишувајте ја пареата од чајот - дури и силната пеперминт арома е извор на енергија.

user posted image Вода

Таа не содржи калории ниту има нутриционистички вредности, но без неа не би издржало долго - или не би имале многу енергија. Ако вашето тело прима само 1/2 чаша вода од онаа што нормално му е неопходна, вашата физичка и психичка енергија значително ќе опадне. Спречете го тоа со пиење барем осум чаши вода дневно (и повеќе, ако практикувате телесни вежби).

user posted image
Овес

Овој старомоден производ е најдобриот извор на енергија што постои. Одредени хемиски материи во овесот се всушност многу слични со активните материи од природните стимуланси, каков што е жен шенот. За да се постигне максимален ефект, обидете се да изедете еден филџан овес дневно - како оброк, потоа во гранули или измешан во слатки.

user posted image
Хром

Овој минерал работи заедно со инсулинот од вашето тело, отстранувајќи го шеќерот во крвта од крвотокот во вашите ќелии, каде што ќе биде употребен за создавање енергија.

- Кое е дневното количество: 120 микрограми

- Каде ќе го најдете: брокули, сок од грозје и шунка

user posted image
Фосфор

Уште еден важен минерал, кој најчесто се наоѓа во коските, фосфорот помага при одвивањето на хемиските реакции во вашето тело кое ослободува енергија. Помислете на него како на чкорче кое ја потпалува "печката“ на вашето тело.

- Кое е дневното количество: 1.000 мг

- Каде ќе го најдете: немасно телешко, лосос, пилешки гради, овес, немасен јогурт





_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Чудотворни продукти
26.12.2009 9:22:24   
none
sekogas go zimam vitaminot c kako  preventiva od moeto pusenje pa i drugi okolnosti ,samo ne po priroden pat nego kako tableta od 500 mg ,kolku e dobro neznam za pravenje sok priroden na sokovnik porano bev aktivna sega napise tableta i gotovo,kolku e dobro neznamuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Чудотворни продукти
26.12.2009 9:24:29   
Bogdancanka
па јас мислам дека и со таблета пак надокнадува за витаминот Ц мм  пие и таблети и правиме свеж сок

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот none)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Чудотворни продукти
21.1.2010 11:01:29   
avramovski
sakam da ve prasam dali znaete, dali mozam na dete od 8 godini da mu dadam svedska gorcicauser posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Чудотворни продукти
21.1.2010 11:03:20   
mami
Што е шведска горчица? нешто како сенф?

(Одговор на членот avramovski)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Чудотворни продукти
21.1.2010 11:09:58   
avramovski
ne toa e tecnost,koja se sostoi od 30 bilki rastvoreni so alkohol, po star recept, se prodava vo aptekite.leci mnogu bolesti, uste poznata e kako SVEDEN BITER...

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Чудотворни продукти
21.1.2010 11:18:35   
mami
незнам, прв пат слушам за вакво нешто, да ги прашаш во аптеката каде што се прдава..Иако ова потопени во алкоџол не ми изгледа како добро за 8год. дете

(Одговор на членот avramovski)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Чудотворни продукти
2.2.2010 20:35:13   
STRUMFETA
Брокула - екстремна доза витамини user posted image Малку по малку, но почнавме брокулата да ја внесуваме во нашата исхрана. Дали во супа, сварена или похувана, се среќава во рестораните. Нејзиниот вкус е близок до оној на карфиолот, а нејзината енергетска вредност оди до крајност. Состав на брокулата: Витамини: А, Ц, Е, Б, а особено Б9. Минерали: калциум, магнезиум, железо, бета-каротен, фолна киселина. Полезна за органите: Ги штити цревните слузници. Лесно се вари, содржи растителни влакна што влијаат во одржувањето на цревната флора. Одлична е за здравјето на срцето. Крвните садови стануваат еластични со што се подобрува циркулацијата. Таа го поттикнува производството на ензимите што го штитат срцето од оштетувања. Ја одржува функцијата на белите дробови. Белите дробови може да се оштетат и од обичен грип, доколку тој стане хронична болест или прерасне во пневмонија. Особено во ерата на свинскиот грип, белите дробови се изложени на најголем ризик. Но, состојката во брокулата, позната како сулфорапан, ја зголемува активноста на генот NRF2 во клетките на белите дробови и така ги штити од оштетувања предизвикани од токсините. Го штити мозокот. При повреди на мозокот доаѓа до оштетување на значајни протеини. Истражувањата покажале дека брокулите ја намалуваат загубата на функциите на тие протеини. Заштитните својства ѝ се препишуваат на состојката сулфурафан.

Се бори со болестите: Дијабетес. Брокулата е најголем извор на хром кој е неопходен за намалување на шеќерот во крвта. Ако дневно дијабетичарите треба да внесат 25 милиграми хром, само во 100 грама брокула има 22 милиграма. Рак. Со оглед на тоа што е антиоксиданс кој влијае експресно, брокулите го забавуваат оштетувањето на клетките што настанува под дејство на слободните радикали. Содржи состојки што се нарекуваат сулфорани, природни хемиски материи што даваат препознатлив вкус и може да го поттикнат самоуништувањето на клетките на ракот.
Стрес. Одлично се справува со стресот и депресијата. Им се препорачува на сите луѓе, особено на децата во развој, спортистите и на трудниците (поради фолната киселина). Причината е нејзиниот состав кој се одликува со висок процент на витамини и минерали.
Слабеење на видот. Секојдневното изложување на УВ-зраци доведува до пегаста дегенерација на окото, која е една од главните причини за губењето на видот. Утврдено е дека брокулите може да го заштитат окото од УВ-зрачењето со јачина шест.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Чудотворни продукти
2.2.2010 20:40:33   
topce
навистина е чудотворна.јас не јадам месо веќе 13 години и кога не внимавам на исхраната станувам анемична, брокулата е нешто што ми помага да го одржувам имунитетот заедно со копривата и медот.и на Анастасија и ја ставам повремено во јадењата, кога јадеше кашички полесно ми беше сега мора да ја маскираме.

(Одговор на членот STRUMFETA)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Чудотворни продукти
2.2.2010 21:00:53   
STRUMFETA
4 поттикнувачи на работата на желудникот
Континуираното консумирање сува храна може да предизвика тврда столица Со исхраната на телото му овозможуваме да биде стабилно, издржливо и отпорно на некои надворешни и внатрешни влијанија што можат да го нарушат нашето здравје. Преку внесувањето минерали, витамини, белковини и други елементи, го задоволуваме секој дел од телото и му овозможуваме непречен развој. Ние ви нудиме неколку неизбежни и корисни продукти, што морате да ги внесувате доколку сакате да извлечете од нив дополнителна корист и да бидете здрави: СПАНАЌ Спанаќот е производ богат со вода, има ниска енергетска вредност и е лесно сварлив. Во спанаќот има 2,2% белковини, 3,9% јаглехидрати и 0,3% масти. Најголема вредност на спанаќот е во богатството на минералите и витамини. Содржи фолна киселина, витамини А и Ц, железо, магнезиум манган, рибофлавин, витамини Б6 и Е, калциум и калиум. Многумина не го сакаат, меѓутоа спањакот е важен посебно за машките. Го поттикнува сексуалното возбудување, го чува здравјето на срцето, помага во изградбата на мускулите, коските и го штити видот. ЈОГУРТ Јогуртот помага во борбата против туморите, во изградбата на коските, го зајакнува имунитетот... Посебно се здрави пробиотичните јогурти што имаат во себе здрави бактерии. Јогуртот е вистинска мала ризница на протеини, витамини и минерали. Тој е одличен извор на калциум, што е одговорен за растот, развојот и одржувањето на коските во било кој животен период. Јогуртот има многу важна улога и во превенцијата од остеопороза.Само јогуртот кој содржи жива јогуртна култура помага во одржувањето на чувствителната рамнотежа на цревната микрофлора. ХРАНЕТЕ СЕ РЕГУЛАРНО!
Се препорачува 3 главни оброци и два споредни, со чиј распоред се постигнува подолга ситост и побрзо работење на метаболизмот. ДОМАТИ Неговите плодови се богати со витамин Ц, каротин, витамин Б1 и витамин Е. Покрај витамините, во него се среќаваат и значајни количества на манган, железо и бакар. Доматите помагаат во борбата против туморите, го зајакнуваат имунитетот, го чуваат здравјето на кардиоваскуларниот систем. За доматите е важно да се знае дека преработените се еднакво здрави како и свежите. МОРКОВИ Морковот во себе содржи многу витамини и минерали, а поради антиоксидативното дејство, многу поволно делува на организмот. Тој ја зголемува природната одбрамбена отпорност на организмот, односно го зајакнува имунитетот. На тој начин, морковот е природен лек кој помага при многу заболувања и патолошки состојби. Морковите го чуваат видот здрав и помагаат во борба против ракот.

(Одговор на членот STRUMFETA)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Чудотворни продукти
2.2.2010 21:16:16   
Bibi_S
ЧОКОЛАДО

Чоколадото, посебно она со најголем дел на какао маса, е продукт кој содржи некои материи кои досега биле непознати а ни помогнува во моментите кога од храната бараме "враќање на расположението" и токму тоа го добиваме. Чоколадото се смета за одговорно за стимулирање на доброто расположение, односно го поттикнува создавањето на серотонинот (хормонот "за добро расположение") во нашиот организам. Тој е тој кога по некој оброк кај нас предизвикува чувство на пријатност.

По кунсумирањето чоколадо во нашиот организам се ослободуваат ендорфини, кои се нарекуваат и ендогеним или опијати, затоа што имаат природно смирувачко и антидепресивно влијание.

Чоколадото содржи тонизирачки материи како танин, теобрамин и кофеин.

user posted image

Кофеинот е присутен во многу мали количества (една шоља чоколадо содржи околу 10 мг, додека мал филџан црно кафе содржи 60 - 120 мг.). Теоброминот е материја присутна ви многу поголеми количества и која делува како регулатор на крвниот притисок, ги опушта крвните садови (со што обезбедува добра снабденост на срцето со крв), го активира излачувањето на мокрачата, го регулира нервниот состав и е корисна во случави на анемија. Заради тоа е разбирливо што во случај на тежок физички или психички напор само мало количество на чоколадо постигнува запрепастувачко влијание на општата состојба на организмот.

Пожелно е да се одбегнува чоколадото пред спиење затоа што може да предизвика несоница.

Покрај фактот дека чоколадата е богата со масни материи тие бргу се варат. Какао путерот, кој е главна липидна состојка во чоколадото во телото се асимилира од 95 до 98 %. Покрај тоа содржи стеаринска киселина - заситена масна киселина која во црниот дроб бргу преминува во олеиснка киселина (т.н. "добра маст"), која во најголемо количество во природата ја наоѓаме во маслиновото масло.

Со консумирање на помали количества на чоколадо ја поттикнуваме концентрацијата и ги јакнеме интелектуалните и психичките способности.

Потребно е да се истакне и дека ако се претера со консумирање на чоколадо може да се постигнат спротивни ефекти а како прво се манифестираат радразливост или потиштеност. Како последица на претераното внесување се јавуваат симптоми на лесна интоксикација. Сепак е разбирливо дека таквиот продукт треба да се консумира во умерени количества и само повремено но никако не треба да се исфрли од исхраната.

_____________________________

Every cloud has a silver lining

(Одговор на членот STRUMFETA)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Чудотворни продукти
2.2.2010 21:37:54   
STRUMFETA
Витаминска листа

Витамините се магични супстанци што му овозможуваат на нашиот организам да се спротивстави на болестите и да остане во топ форма и покрај годините. Но наместо да ги голтате како готови апчиња, сменете ја навиката и наместо тоа каснете јаболко или портокал пред компјутер додека работите. Лабораториското решение во никој случај не може да се мери со природното.     1. ВИТАМИН А user posted image

во овошјето и зеленчукот витаминот А се среќава како провитамин каротин, што организмот го трансформира во витамин А

НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: намалување на видот, вознемиреност, мигрена, несоница, висок крвен притисок, кршење на коските, паѓање на косата, пореметување во менструалниот циклус.
ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА: урамнотеженост на сексуалните хормони, зајакнување на коските, косата и ноктите, заштита од инфекции и пореметување во бременоста, сон, подмладување на клетките, регулација на притисокот.
ПРИРОДЕН ИЗВОР: Зеленчук: зелен зеленчук, моркови, роквици, компири, лук, домати, кромид. Овошје: суво овошје, кајсии, лимони, портокали. Разно: сирење, жолчки од јајце, масла од билно потекло, мед, полен, млеч, алги. 2. ВИТАМИН Бuser posted image
претераната количина на витаминот Б може да предизвика грчеви, акни и шок

НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: нервни и психички проблеми, оштетување на црниот дроб, анемија, неухранетост, ширење на очните капилари, катаракта, испукани усни и раце, студени раце, афти, лупус, парализа, смрт.
ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА:
нервна рамнотежа, формирање на хемоглобин, стимулација на крвта и црниот дроб, рамнотежа во системот за варење, борба против запек и болеста Бери-бери, заштита, раст и пигментација на кожата, ноктите и влакната.
ПРИРОДЕН ИЗВОР:
Зеленчук: свеж зелен зеленчук, зелка, соја, интегрален ориз, комплетен јачмен. Овошје: кикирики, свежо овошје, ореви,суво овошје. Разно: јајца, путер, млеч, мед, квасец, алги. 3. ВИТАМИН Ц user posted image
не заборавајте дека од свенатото или сварено овошје или зеленчук, витаминот Ц потполно исчезнува

НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: паѓање на забите, различни крвавења, целулит.
ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА
: ги зајакнува крвните садови, зајакнување на десните на забите, регулирање на надбубрежната жлезда. ПРИРОДЕН ИЗВОР: Зеленчук: црвена зелка, спанаќ, кромид, пиперки, компир, роквици, домати, поточарка, мотиловка. Овошје: рибизли, лимон, мандарини, портокали, цитрони, а најмногу го имаво шипките. Разно: мед, алги, полен, млеч, рен, магдонос. 4. ВИТАМИН Д user posted image

претераната употреба на витаминот Д го спречува дејството на витамините А и Е
НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА:
рахитис, забен кариес, пореметување во растот.
ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА: зацврстување на коските, дава цврстина на кожата, го забрзува правилниот развој кај децата.
ПРИРОДЕН ИЗВОР:
Зеленчук: свеж зеленчук и било каква свежа салата. Разно: мед, полен, млеч, алги, сончање, маслиново масло 5.ВИТАМИН Е user posted image предозирање со витамин Е може да предизвика пореметување во видот
НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: стерилитет, полна немоќ, заболување на гениталните жлезди.
ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА:
плодност, регулирање на сексуалниот живот.
ПРИРОДЕН ИЗВОР: Зеленчук: поточарка, зелена салата. Житарици: пченични никулци Разно: билни масла, јајца, алги, млеч, полен, млеч, мед. 6. ВИТАМИН Ф user posted image
производите се единствениот извор на овој витамин
НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: дегенерација на епидермот.
ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА: подмладување на подобрување на епидермот.
ПРИРОДЕН ИЗВОР:
Разно: алги, мед, полен, млеч, маслиново масло. 7. ВИТАМИН К user posted image
е неопходен за децата што често патат од анемија

НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: хемофилија, анемија, пореметување во коагулацијата на крвта.
ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА:
воспоставување на добра коагулација.
ПРИРОДЕН ИЗВОР:
Зеленчук: моркови, зелка, карфиол, спанаќ, домати. Разно: интегрални житарици, мед, полен, алги. Овошје: портокали 8. ВИТАМИН П user posted image
претераната употреба на витаминот П предизвикува појава на чир на желудникот
НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: хемораргија, опасност од крвавење во мрежницата на окото.
ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА:
васкуларна попустливост, свежина и еластичност на крвните садови.
ПРИРОДЕН ИЗВОР:
Овошје: портокали Разно: јајца, мед, полен, млеч, алги. Зеленчук: пиперки 9. ВИТАМИН У user posted image
и овој витамин можете да го најдете само по природен пат, не пости како синтетички производ
НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: чир на желудник и дванаесетпалачното црево.
ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА:
зацврстување на мускулите на органите за варање.
ПРИРОДЕН ИЗВОР:
Разно: мед, полен, млеч Зеленчук: зелка, целер, моркови, домати, зелена салата

< Поракaта ја уредил Maca25 -- 12.6.2010 10:49:13 >

(Одговор на членот Bibi_S)
Revisions: 1 | Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?