Чудотворни продукти (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје



Порака


Еца -> Чудотворни продукти (25.5.2009 10:02:01)

Ја отворам оваа тема, да запишуваме работи за кои сметаме дека се корисни за нашето здравје и нивната употреба во исхраната.

БРОКУЛА,зеленчукот како брокули, кељ, прокељ,зелка се смета за кралски, бидејќи е многу богат со антиоксиданси и содржи витамин Ц и други флавоноиди, меѓу кои индоли и сулфорафан. Индолите го спречуваат растот на туморот, посебно на дојката, а сулфорафанот го поттикнува производството на ензими што се борат против ракот.Неодамнешно истражување покажало дека изотиоцијанатите во брокулата се од голема помош на лицата што имаат голем ризик од рак на белите дробови, а се спомнува и дека брокулата може да биде ефикасна и при лекување на херпес.




Marta -> RE: Чудотворни продукти (25.5.2009 11:48:06)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]Moja tema!

Eve jas ke napisam za ZELENIOT CAJ,ima antioksidacisko dejstvoi e bogat so flavonoidi.Ovoj caj gi zajaknuva imunoloskiot sistem i e zastita za odredeni imuni bolesti.Go odrzuva zdravjeto na srceto i go normalizira krvniot pritisok. Kolku sto procitav spored nekoi posledni istrazuvanja pomaga pri pogolema memorija, i stiti od pojava na Alchajmerova bolest.

Jas si go pijam zeleniot caj, namesto kafe.




hristijana -> RE: Чудотворни продукти (25.5.2009 16:38:59)

zdravo Marta za kakov zelen caj pisuvas i dali ti e poznat bugarskiot zelen caj sanie  za slabeenje dali edobar ili steten za pienje.poz




biljanaM -> RE: Чудотворни продукти (25.5.2009 23:59:27)

зелениот чај ми е омилен, сите ми викаат како можам да го пијам, а јас си уживам бидејќи знам дека е многу здрав[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Еца -> RE: Чудотворни продукти (26.5.2009 7:58:06)

Христијана сигурно се работи за сосема друг чај, бидејќи Зелениот чај е по потекло од Кина и е многу здрав за пиење.

Веќе е познато дека зелениот чај е најсилниот антиоксиданс, чија благотворност со секое следно истражување станува се побогата и поразновидна. Освен што во неговите благодети можеме да уживаме пиејќи го, можеме да го употребиме и во низа други пилики. Еве неколку од нив:

Ја смалува потеченоста на очите
Ако претходно сте претерале со работата пред компјутер или пак во подобар случај сте се забавувале до раните утрински часови, зелениот чај ќе Ви помогне. Натопете марамче во зелен чај и оставете го на очните капаци 10 минути. Така не само што ќе се освежите, туку и погледот ќе Ви се разбистри.

Ја смирува кожата
Доколку сте претерале со сончање или на некој друг начин сте ја изиритирале кожата, премачкајте ја со зелен чај. Тој со своето антибактериско дејство ја смалува иритацијата.

Благотворен е за забите
Зелениот чај содржи флуорид, што го прави одличен за одржување на здравјето на непцата и забите. Исто така може да се користи како течност за плакнење на устата и сузбивање на непријатниот здив.

Го ублажува воспалението на грло
Антивирусното својство го прави зелениот чај идеален лек за превенција од грип и настинки. Гаргара со зелен чај го смирува воспаленото грло.

Корисен е за коските
Големиот процент на минерали во зелениот чај го прави идеален за одржување на здрави коски.

Освежување на воздухот
Листовите од зелен чај се познати по способноста да впиваат мириси. Ако сакате да се ослободите од непријатните и застоени мириси во собата или ладилникот, поставете сад со неколку листови зелен чај.




Еца -> RE: Чудотворни продукти (26.5.2009 8:01:57)

Христијана еве уште нешто околу слабеењето.
Три шолји зелен чај дневно помагаат при губењето на вишокот килограми. Истражувањето покажало дека чајот... помага при слабеењето дури и ако се продолжи со консумирањето мрсна и калорична храна.
Познато е дека зелениот чај е добар антиоксиданс и го чисти телото, а го намалува и крвниот притисок и му помага на телото да го разложи шеќерот.
Зелениот чај е безбедна и ефектна алтернатива за борба против дебелината и кардиоваскуларните болести, го намалува апетитот и холестеролот, па дури и ризикот од рак.




Еца -> RE: Чудотворни продукти (5.6.2009 10:27:14)

Никој освен природата не успеал да собере вода во толку мал простор, како што е во лубеницата.Ова овошје важи за едно од најосвежителните и речиси е диетален оброк бидејќи во 2 шољички им асамо 80 калории. Лубеницата има мал процент на натриум, добар извор е на витамин Ц, на бета каротен и ликопен. Лубеницата се препорачува и за енергетско освежување на спортистите бидејќи содржи 8,2 % овошен шеќер. 




Еца -> RE: Чудотворни продукти (16.6.2009 22:43:12)

Пченката изобилува со прехранбени влакна, кои го намалуваат холестеролот. Фолната киселина на овој зеленчук го чува здравјето на крвните садови, додека витаминот Б1 пак е особено важен за добрата и правилна работа на мозокот.
За време на варењето или печењето, пченката ослободува молекули кои го штитат организмот од влијанието на слободните радикали. Тоа ја зголемува антиоксидативната моќ на оваа житарката, која штити од рак, срцеви заболувања, катаракта и Алцхајмеровата болест.
Иако пченката можеме да ја јадеме во текот на целата година, сепак онаа која ја  јадеме кон почетокот на есента содржи најмногу хранливи материи. Универзалното мислење дека сировиот зеленчук е подобар од варениот, не важи и за пченката. При термичка обработка, пченката ослободува молекули со антиоксидативна моќ, што дополнително ја подобрува нејзината заштитна моќ.

Јас лично многу сакам пченка, а тоа и го пренесов и на Мартина, така да таа секој ден има за десерт конзервирана пченка, дури и сама ја бара ако не и дадам, или знам и да замрзнеме свежа, па зимно време да си вариме обавезно.




Еца -> RE: Чудотворни продукти (18.6.2009 8:32:50)

Свежиот магдонос ја чисти крвта, ги раствара наслагите на ѕидовите од вените, ја одржува еластичноста на крвните садови, помага во исфрлување на песок и ситни камења од бубрезите, лекува глувост и инфекции на ушите, се користи во разни мешавини за лекување на импотенција...
Со џвакање на свеж магдонос се отстранува непријатниот здив. Во помала количина листови и корен од магдонос го стимулираат апетитот, го зголемуваат секретот на желудни сокови и го подобруваат варењето.
Оваа тревка има благо лаксативно дејство, па може да се користи при запек. Исто така помага и за искашлување. Неговиот корен во својот состав има протеини, минерали, витамини, флавониди и други корисни состојки.
Семето исто така има лековити својства бидејќи содржи етерични масла. Есенцијалните магдоносови масла ја намалуваат инфекцијата на уринарните патишта и уништуваат бактерии.




Еца -> RE: Чудотворни продукти (25.6.2009 2:17:10)

Копривата е најдобро природно средство за чистење на крвта. Таа е природен лек и за болестите на мочните патишта, како што се: воспаленијата, камењата и песокот, па дури може превентивно да делува и на стварањето на каменчиња во бубрегот и мочните патишта. За стимулирање на мочањето, дневно се пијат 3 до 4 шолји свеж чај од коприва.
Копривата содржи големи количини на витамин А, разни минерални соли, растителни хормони и ензими, кои поволно влијаат на зголемувањето на бројот на црвените крвни зрнца во крвта. Затоа, многу често чајот од коприва се препорачува како природен лек против слабокрвност.Докажано е делувањето на копривата во запирањето на крварењето, па често се користи при обилни менструации, крварење од матката, при повраќање на крв, крваво мочање.Често се користи како природен лек против запек.Чајот од целата билка го чисти желудникот, цревата и црниот дроб, а воедно е и одличен природен лек за лекување на анемијата, хемороидите, жолтицата, маларијата и сите други видови на грозници.

Инаку јас на Мартина и правам коприва со оривче (исто како со спанаќ што правиме) и навистина е убав оброк.




Еца -> RE: Чудотворни продукти (25.6.2009 2:22:25)

Цвеклото е лековит зеленчук кој ја стимулира размената на материите во организмот и ја подобрува функцијата на црниот дроб. Цвеклото содржи големи количини на витамин Ц, витамини Б1 и Б2, каротин, како и минерали: калиум, калциум, натриум, фосфор, железо, сулфур, јод...
Цвеклото е најдобро средство за подмладување и ревитализирање на организмот, ја зацврстува кожата, ги јакне коските, ги елеминира отровните состојки од организмот, ги неутрализирана вишокот на желудечни киселини, а на тој начин ги искористува и белковините, активира создавање на црвени крвни зрнца , ја подобрува косата, ноктите, го решава запекот, го подобрува расположението.Цвеклото е идеално за регулирање на крвниот притисок и го намалува зголемениот холестерол во крвта.
Цвеклото изобилува и со силициум, кој што го појачува сврзното ткиво во организмот, изобилува со фолна киселина и калиум.

Во случај да имате проблеми со камен во бубрегот или патите од остеопороза, немојте да претерувате со внесот на цвекло, бидејќи тоа ја намалува апсорпцијата на калциумот во организмот.

Еве еден предлог(моја омилена салата) изрендајте цвекло, морков и зелка, ставете маслиново масло, јаболков оцет и сол и конзумирајте една витаминска бомба[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Еца -> RE: Чудотворни продукти (25.6.2009 2:27:12)

Бананите се добар извор на магнезиум. Магнезиумот има многу важна улога во врзувањето на калциумот во коските и во опуштањето на мускулите. Тој учествува и во регулирањето на срцевиот ритам и го намалува нивото на холестерол во крвта. Овој олигоелемент го регулира работењето на цревата, посебно во случај на постоење на запек. Кај трудиците, магнезиумот ја намалува опасноста од спонтан абортус и предвремено породување.Бананите содржат големи количини Б витамин, кој го смирува нервниот систем. Витаминот Б6, кој го има во ова овошје го регулира нивото на шеќерот во крвта, кој пак влијае на расположението. Бананата помага и при депресијата. Триптофанот, кој се наоѓа во бананата, е вид на белковина која телото ја претвара во серотонин, кој е одговорен за доброто расположение.
Бананата е богата со железо и го поттикнува создавањето на хемоглобинот во крвта. Со тоа бананата помага при анемија, а калиумот од бананата ја поттикнува концентрацијата и помнењето.
Бананата е единственото свежо овошје кое може да го земаат лицата со хронични болести на системот на варење, без да тоа предизвика некои последици кај нив. Напротив, бананата е корисна за подобрување на работата на цревата, ја намалува желудечната киселината, а со тоа и ја штити слузницата на желудникот од оштетување.






Еца -> RE: Чудотворни продукти (2.7.2009 15:12:24)

Да јадеме кајсии!
Големото количество на бета-каротин и ликопен ги прават кајсиите многу лековито овошје. Имено, и едниот и другиот го заштитуваат LDL холестеролот од оксидација, што може да помогне во спречување на болестите на срцето. Содржат и големо количество витамин А, кој помага во подобрување на видот. Токму слободните радикали може да ја оштетат очната леќа.

Кајсиите се и одличен извор на влакна, кои делуваат делотворно на системот за варење. Секоја здрава диета мора да го балансира внесувањето на влакна, а кајсијата може одлично да ја одигра таа улога.Кајсиите се особено делотворни во подобрување на работата на мозокот и при третирање на анемијата поради богатството со фолна киселина, кобалт и бакар. Маслото од кајсија одамна се користи во борба против карциномот и улкусот, како и во козметката за омекнување на кожата.

Единствено, бремените жени не би требале да консумираат големо количество кајсии, поради високата концентрација на бакар во нив.

Кога ќе купувате кајсии, треба да бидат со изразена боја и меко ткиво. Избегнувајте зеленкасти кајсии, затоа што никогаш нема да дозреат. Се чуваат два дена на собна температура, па се до 5 дена во фрижидер.




milijana -> RE: Чудотворни продукти (2.7.2009 15:28:45)

Najdobro nesto za cistenje na krvta e lepkata koja vo narodot se narekuva lepavec. Jas pocnav da pijam po tri solji dnevno.Veruvajte mi : ne vi se jade, se custvuvate lesno, sinusite mi pominaa, grlo me bolese-se napiv i mi pomina..tolku mnogu e dobar. Eden doktor za toj caj zboruvase na TV, deka go cisti limfniot sistem vo teloto na covekot,pa zatoa selskite luge sto go piele(a rastel pokraj reka) voopsto ne zaboluvale od rak. Toa mi se cini nekako vozmozno.Cajot ne gorci, lesen e za pienje i mirisa kako caj od kopriva. Toa e mojot cudotvoren produkt od prirodata(makar da sum piela i kopriva koja e dobra za cistenje na krvta).Pozz na site i se nadevam deka ke pomognam nekomu.




Еца -> RE: Чудотворни продукти (29.9.2009 13:50:19)

Невенот е ефикасен лек
Цветот на невенот е преполн со корисни материи кои помагаат против нередовна и болна менструација, а го зголемуваат и имунитетот

Во градините и на балконите невенот (Caledula officialis) се одгледува како декоративна билка. Но неговите цветови се користат и како лек. Бидејќи невенот сака сонце, треба да се сади на сончеви места. Цвета од јуни до септември, а кога е есента топла и до крајот на октомври. Се бере целиот надземен дел на билката, а најголема вредност има цветот и тоа оној со интензивно портокалова боја. Како и сите други билки треба да се бере во суво време за да се спречи можноста за мувлосување. Во невеновиот цвет има доста активни материи на чие присуство се должи неговата лековитост. Такви се етерското масло, каротеноидите и ксантофилите што ја даваат портокаловата боја, потоа горливи материи, слузи, флавоноиди, органски киселини и окситерпени. Невенот ја подобрува работата на желудникот и целиот дигестивен тракт, а има и седативно дејство. Особено е ефикасен за заздравување на ерозиите (раните), односно за чир на желудник и дванаестпрсното црево. Каротените го обновуваат епителот, а етерското масло дејствува антивоспалително и антимикробно (го сопира развојот на грам-позитивните бактерии и на некои грам-негативни бактерии). Бидејќи оваа билка ги отстранува спазмите (грчевите) на материцата, се користи и за олеснување и ублажување на болна менструација, истовремено јакнејќи ја матката. Од цветовите на невенот се изолирани окситерпенски деривати кои делуваат против "бело перење" предизвикано со трихомонас со што се оправдува употребата на билката за оваа намена. Невенот е добар и за видот заради присуството на каротеноиди (провитамин А) кој во организмот се претвора во витамин А. Витаминот А е познат по своето благотворно дејство на стапчињата и чепчињата во окото.

Го поттикнува и имунитетот

Имунитетот е способност на човековиот организам да даде отпор на сите отрови и организми кои настојуваат да ги оштетат ткивата или органите. Знаци на нарушен имунитет можат да бидат: несоница, намалена можност за концентрација, чувство на малаксаност, главоболки, воспаление на дишните патишта почесто од четири пати годишно, пролив или повраќање, хроничен цистит, честа појава на херпес на уста и гениталии, упорни инфекции со габички, упорни кожни заболувања или заболувања на коренот на косата и алергии. Едни од најважните фактори што можат да го ослабат имунитетот се претерано пушење, пиење алкохол или кафе, честа употреба на антибиотици, стресови, живот во загадена околина. Невенот е една од најважните билки при третмани за зголемување на имунитетот. Полисахаридните компоненти со висока молекуларна маса се носители на имуностимулирачката активност на невенот. Всушност при третмани за зголемување на имунитет се користат сите оние билки кои имаат антитуморска активност, ги неутрализираат токсините, ја подобруваат крвната слика, или пак се богати со витамини. Добро избалансирана комбинација од лист од коприва , тегавец и орев, плод од шипка, цвет од невен и босилек е застапена во препаратот "имунал". Невенот е ценета и популарна билка и за лекување на рани и одредени кожни заболувања.




mother 29 -> RE: Чудотворни продукти (3.10.2009 12:23:14)

КОНЕЧНО, СОК ПРОТИВ НАСТИНКА И ГРИП

[image]http://www.gurman.mk/wp/wp-content/uploads/2009/09/bravofriscus.jpg[/image]
Компанијата Skånemejerier, пионер во шведската млечната индустрија, го прошири својот асортиман на Браво соковите со пробиотични својства и на тој начин стана првата компанија во светот која произведе 100% сок кој се бори против настинката.
Новиот производ се вика Bravo Friscus и доаѓа во пакување од 1 литар. Сега за сега има само две варијанти – од јаболка и портокал. Тие содржат пробиотични бактерии за кои клинички е веќе докажано дека се отпорни на настинки и грип.
Според Михаел Оредсон, главниот извршен директор на програмата, овој производ е резултат на 7 години напорно истражување и развој. Инаку, сокот е претставен на шведскиот пазар со голема кампања и пред зимскиот период ќе започне да се продава на целиот скандинавски пазар.
За кај нас ќе треба да почекаме барем уште една зима, која ќе ја поминеме со витамин Ц и апчиња, завиткани во ќебе. ●




profesorica -> RE: Чудотворни продукти (7.10.2009 11:24:31)

ЛЕКОВИТОСТ НА ЗАЧИНИТЕ

Голем дел од кујните во светот користат најразновидни зачини при подготвување на специјалитетите. Но, освен што ѝ даваат на храната посебен вкус, тие имаат и многу лековити и козметички својства.

БОСИЛЕК

Босилекот одамна се смета за природен антибиотик. Често се користел за смирување на рани од убоди на инсекти и змии како и за зараснување на раните. Бидејќи состојките во босилекот делуваат на смирување и освежување на кожата, тој се користи и во козметичките препарати, особено оние против сува кожа и акни. Препарати на база на босилек се користат и за релаксирање на мускулите, за смирување на стомачни грчеви и за јакнење на нервниот систем.

ЖАЛФИЈА

Има силно антисептичко делување, па поради тоа во минатото се палела во болничките соби. Делува и против габични инфекции и ги смирува воспаленијата на кожата и слузокожата. Бидејќи делува на работењето на лојните жлезди и на потењето, се користи и во козметиката. Кон тоа ќе додадеме и дека делува на полесно варење на масна и слатка храна.

КОМОРАЧ (ДИВ КОПАР)

Најчесто се користи при пореметувања кај варењето на храната како и кај проблеми со дишните патишта. Ја спречува надуеноста на стомакот и ги отстранува грчевите. Добар е и за искашлување и за лачење на слуз. Помага кај сузбивање на инфекции на мочните патишта. Особено е делотворен кај целулитот.

ЛАВАНДА


Лавандата отсекогаш се користела за нега на кожата, па ја употребувале уште старите Римјани. Таа ја чисти, смирува и освежува кожата и ја прави мека, нежна и млада. Помага и кај изгореници и при појава на егземи, псоријаза и акни. Го намалува потењето и помага во подобрување на здравјето на косата и ноктите.

извор:Гурман





profesorica -> RE: Чудотворни продукти (7.10.2009 11:32:19)

ВРЕМЕ Е ЗА ГРОЗЈЕ!

Денес се одгледуваат голем број видови грозје, од кои 12 се основа за производство на најголем дел од вината во светот. Грозјето може да го поделиме на десертно и винско грозје, а во тие рамки на црно и бело грозје. 
Црното грозје помага во заштитата од срцеви заболувања, ракот и стареењето. Особено е благотворен при регулирање на крвниот притисок. Лушпата од овој вид грозје изоблиува со феноли од кои потекнува и неговата боја. Полифенолите како што се ресвератроли, антоцијани, катехини и кверцетини се антиоксиданси кои ги уништуваат слободните радикали во организмот и на тој начин го спречуваат појавувањето на тумори. Тие ги чуваат и крвните садови од артериосклероза. Белото грозје е одличен енергетски извор, но многу посиромашно е со феноли, во споредба со црното грозје.

Во 150 гр плод од грозје има 104 калории, 1 гр протеини, 27 гр јаглехидрати, од кои 1 гр диететески влакна, што претставува 5% од препорачаната дневната доза на влакна. Не содржи масти и холестерол.
[image]http://www.gurman.mk/wp/wp-content/uploads/2009/09/tabela_grozje.jpg[/image]

*ДПК – дневна препорачана количина


ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ГРОЗЈЕТО • Ботанички, грозјето спаѓа во групата на бобинки;
• Потребно е околу 1,15 кг грозје за да се добие едно шише вино;
• Од сите овошја на светот, грозјето е најчесто одгледуван плод;
• Грозјето се одгледува на сите континенти, со исклучок на

извор:Гурман




Весна -> RE: Чудотворни продукти (7.10.2009 12:51:26)

Еве нешто како заштита за престојниот зимски период:

Лук и кромид против кашлица [image]http://www.spic.com.mk/images/Image/kromid%20i%20luk.jpg[/image]Ако ви се суши устата и чувствувате гребење во грлото, најверојатно се работи за инфекција на горните дишни патишта и наскоро можете да очекувате и кашлица. Најдобар начин да ја ублажите е инхалација. Ако почнете навреме да се инхалирате, значително ќе го намалите времетраењето на болеста. Во почетниот стадиум на настинката најважно е да ја навлажните сувата и воспалена слузокожа на грлото и синусите. Во текот на денот можете да се инхалирате од седум до десет пати, дури и со етерични масла. Важно е после тоа да не излегувате надвор барем еден час. Не смеете да заборавите дека кашлицата сама по себе не е болест, туку придружник на настинката, па дури и на грипот. Затоа мора веднаш, штом ги почувствувате првите симптоми, да почнете со лечење. Пред се, јадете повеќе рен, кромид и лук, ако не ви пречи, бидејќи природните фитанциди од тие продукти помагаат да се спречи болеста. Антибиотиците се бескорисни, па дури и штетни ако кашлате, особено за децата. Тие ја сузбиваат имунолошката реакција на организмот и не влијаат на вирусите. Најголема корист болниот ќе има од плакнење на грлото со чаеви од лековити тревки, пред се од жалфија, босилек и од камилица. Сирупот за кашлица можете да го направите сами: прелијте една супена лажица листови од жалфија (или некоја друга билка) со чаша врела вода, оставете го да отстои 15 до 20 минути, исцедете го и плакнете го грлото со него четири до пет пати дневно. Корисна може да биде чаша вода на собна температура во која ќе додадете три лажички јаболков оцет и две лажички мед. Со тој раствор плакнете го грлото трипати на ден. Секогаш подготвувајте свеж раствор. Ако кашлицата е многу силна, добро е да пиете сок од ротквица, бидејќи ги смирува воспалената слузокожа и кашлицата. Една чаша сок од ротквица измешајте го со две лажици мед и земајте по една супена лажица три до четири пати на ден. Додека кашлицата е сува, се препорачуваат сирупи против сува кашлица кои се купуваат во аптека. Ги има многу и меѓу нив нема голема разлика. Само внимавајте да не ги измешате со препаратите за искашлување бидејќи тие се земаат дури по три до четири дена откако се појавил секрет. Доколку кашлицата не помине ни по две седмици, тоа значи дека преминала во хронична

И како што си знаеме миризбата од лукот и кромидот не е баш пријатна, по јадењето соџвакајте неколку ливчиња магдонос. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley2.gif[/image]




mother 29 -> RE: Чудотворни продукти (7.10.2009 14:07:49)

[image]http://www.hrana.com.mk/gallery/2009/06/statii/aloe.jpg[/image] Алое за појак имунитетЛековитите својства на алоето се познати уште од антички времиња. Ја употребувале старите Египќани, а по тропска Африка се користела како противотров од убодите на отровните стрели. Старите Грци и Римјани ја применувале за заздравување на раните. Исто така се користела и заради благотворното дејство врз дигестивниот систем - алоето е единствениот природен лаксатив кој дејствува и како тоник за желудникот.

Денес, алое има широка примена, особено заради својството да ги лекува изгорениците предизвикани од УВ зраци и радијација.

Сокот од листовите на алое е одлично средство за прочистување на цревата и е многу корисен во случај на констипација.

Покрај тоа што е идеален во домашни услови како прва помош за изгореници и рани, гелот од алое се употребува и при габични инфекции, а помага и при воспалувања на вените. Гелот успешно се применува и против чиреви во устата.

Научните истражувања во САД и Русија докажаа дека светлиот гел од алое има способност за лекување рани, чиреви и изгореници преку создавање на заштитен слој врз загрозените делови и преку забрзување на процесот на заздравување. Ова е резултат на изобилството на алоцетин Б во алоето кој го стимулира имуниот систем.




mother 29 -> RE: Чудотворни продукти (7.10.2009 14:10:19)

Лековитите својства на медот[image]http://www.hrana.com.mk/gallery/2009/08/statii/lekovitite-svojstva-na-medot1.jpg[/image]

Медот ја подобрува работата на сите органи, ја поттикнува умната и физичката активност, го зголемува имунитетот и му дава сила на целиот организам, бргу и потполно се апсорбира. Ја подобрува отпорноста на организмот за инфекции и зарази затоа што има антисептичко делување. Хигроскопот ја врзува и отстранува непотребната вода од организмот. Одличен е против кивавица, настинки и суво кашлање.

Ја подобрува апсорпцијата на лековите и ги прави поделотворни а го заштитува организмот од штетните остатоци на истите. Исто така има позитивно влијание на отстранувањето на забните наслаги.

Во зависност од нектарот од кој се добива има разни видови мед, кои се разликуваат по бојата, составот, вкусот и мирисот. Така потемниот мед е побогат со минерали од посветлиот.   
Маслиново масло[image]http://www.hrana.com.mk/gallery/2009/06/statii/maslinovo-maslo.jpg[/image]


Благотворно и тераписко делување на маслиновото масло се спомнувало уште во времето на Хипократ – таткото на медицината. Со векови жителите на медитеранот ја користеле состојката на маслиновото масло во разни видови на еликсири, козметики и што уште не. Маслиновото масло спаѓа во најстарата тајна на кујната.

Староримската филозофија на долговечноста спомнува две клучни нутритивни намирници: вино и маслиново масло. Маслиновото масло го задржува целиот свој квалитет заради начинот на кој се произведува.

Најздраво е секако она маслиново масло кое се произведува и рафинира на природен начин, односно со филтрирање на маслинки. Нутриционистички гледано, маслиновото масло произведено на овој начин е храна богата со хлорофил и картонодим кои служат како природни антиоксиданси и спречуваат настанување на наслаги. Антиоксидансното дејство на маслиновото масло е толку добро благодарение на витаминот Е, кој овде се наоѓа во најдобар облик.




mother 29 -> RE: Чудотворни продукти (30.10.2009 15:01:28)

[image]http://www.vitalia.com.mk/WBStorage/Articles/75947EE1DB310943878ADBF7AECA1F08.jpg[/image]КОМБУХА
Комбухата е природна и здрава освежителна напивка која го прочистува и ревитализира организмот. Претставува 100 % природен производ,
подготвен од филтрирана вода и специјално селектиран зелен чај кој дополнително ја зголемува неговата лековита и хранлива вредност. Не содржи адитиви и конзерванси. Препорачана примена: 3 пати на ден по 100 мл.





arh_diz -> RE: Чудотворни продукти (30.10.2009 15:08:38)


ИЗВОРНА ПОРАКА: milijana

Najdobro nesto za cistenje na krvta e lepkata koja vo narodot se narekuva lepavec. Jas pocnav da pijam po tri solji dnevno.Veruvajte mi : ne vi se jade, se custvuvate lesno, sinusite mi pominaa, grlo me bolese-se napiv i mi pomina..tolku mnogu e dobar. Eden doktor za toj caj zboruvase na TV, deka go cisti limfniot sistem vo teloto na covekot,pa zatoa selskite luge sto go piele(a rastel pokraj reka) voopsto ne zaboluvale od rak. Toa mi se cini nekako vozmozno.Cajot ne gorci, lesen e za pienje i mirisa kako caj od kopriva. Toa e mojot cudotvoren produkt od prirodata(makar da sum piela i kopriva koja e dobra za cistenje na krvta).Pozz na site i se nadevam deka ke pomognam nekomu.


Kade moze da se kupi cajot od lepavec ili ako znas pisi mi latinsko ime




mother 29 -> RE: Чудотворни продукти (30.10.2009 15:14:56)

Galium aparine – лепавец

еве го![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mother 29 -> RE: Чудотворни продукти (30.10.2009 15:16:53)

Лепавец (Galium Aparine) - одличен диуретик и регулатор на тироидната жлезда која го контролира метаболизмот.




Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>