Calypso -> RE: Дали би живееле во странство и каде? (4.8.2012 10:59:06)
|
И ние сме моментално во една преодна фаза на вадење визи... јас се надевам дека што побрзо ќе се завршат работите, па да се мавнеме од оваа држава. Мм веќе почна со работа, ќе си дојде здравје Боже на 14, а дотогаш се надевам дека ќе биде поднесено барањето за неговата виза за престој, за кога ќе се врати, да ја добие без проблем, па да почне да работи на нашите визи. Тешко е, ептен тешко на ваков начин да бидеме разделени, посебно кога треба да сме заедно, и она што можеби некому му се чини како краток период, мене ми е вечност. Сакам да си одиме пред се заради опкружувањето што го имам, оти Скопје ми омрзна летово, баш поради луѓето што, по некоја логика, треба да ми бидат блиски. И си велам, кај и да сме, ако сме ние тројца заедно, ништо не ми е важно освен тоа. Штета што е договоров на две години, оти мене не ми се враќа во Македонија. Инаку, оптимист сум и верувам дека ќе се снајдеме таму, иако можеби малку потешко е за жените, но, како што кажав, штом сме ние тројца заедно, ништо нема да ми биде тешко. Ќе пишувам почесто од таму, се надевам [sm=smiley1.gif] Икана, и јас ќе речам фала Богу за скајпот... да не беше тој, кај ќе ни беше крајот... Од срце ти посакувам се да се среди и што побрзо да си бидете сите тројца на купче. Мм ми вели дека му е криво што пропушта многу работи кај малиов, ама тоа е...
|
|
|
|