arh_diz -> RE: Рецепт за зголемување на можноста за забремнување! (24.3.2010 10:09:14)
|
Медитеранската исхрана помага при забременување Жените кои се склони кон медитеранска исхрана богата со риба, зеленчук и растителни масти почесто забременуваат после лечење на неплодност, покажува последната научна студија. Холандските научници откриле дека од 161 пар кој се лечел од неплодност, жените кои јаделе медитеранска храна имале за 40 отсто поголеми шанси за забременат за разлика од оние кои не се хранеле на тој начин. Истражувањето објавено во магазинот „Fertility and Sterility“, само по себе не потврдува дека исхраната ги зголемува шансите за успешно забременување Станува збор за „студија на набљудување“ во која научниците ги прашувале паровите за нивните прехранбени навики, по што ги поделиле во групи и го следеле успехот на лечење на неплодноста. Ваквите последици не овозможуваат донесување заклучок по примерот „причина-последица“, но можат да ја истакнат улогата на исхраната во лечењето на неплодноста, велат експертите предводени од др. Реџине Штегерс Тунисес од медицинскиот факултет во Ротердам. Медитеранската и таканаречената здрава исхрана имаат бројни сличности, но постојат неколку начини на кои првиот начин би можел да влијае врз успехот на лечење на неплодноста, велат експертите, додавајќи дека еден од главните фактори е големото внесување на растителни масти. Омега -6 масните киселини од овие масла се поврзани со хормонот простагландин, кој влијае на менструалниот циклус, овулацијата и одржувањето на бременоста. Со студијата исто така е утврдено дека жените чија исхрана е слична на медитеранската имаат зголемено ниво на витаминот Б6, кој според некои претходни истражувања ги зголемува шансите за забременување.
|
|
|
|