Bogdancanka -> RE: Рецепт за зголемување на можноста за забремнување! (16.5.2010 21:58:46)
|
Внимавајте на скриените масти во продуктите Докажано е дека трансмасните киселини влијаат на плодноста и треба да се конзумираат што помалку. Скриените масти во многу видови на храна можат да го зголемат ризикот од неплодност за 70%, предупредуваат британските научници. Со тоа им порачуваат на сите жени кои сакаат да затруднат да ги избегнуваат трансмасните киселини. Трансмaстите се користат во многу прецесуирани намирници, кои немаат права нутритивна вредност како чоколадото, питата и брзата храна. Проблемот лежи често во тоа што никој не може со сигурност да докаже колку трансмасни киселини има во некоја храна. Токму поради тоа нутриционистите сметаат дека би требало да се забранат. Количината која може да биде штетна се состои во една крофна или пакетче чипс. Трансмасните киселини природно влегуваат во составот на црвеното месо и млечните производи, но, најголем број од нив се додатно вметнати. Некои студии докажале дека тие масти можат да ги блокираат артериите и да влијаат на нивото на лошиот холестерол, што може да доведе до срцев или мозочен удар. Во Велика Британија веќе на големо се зборува за штетноста на некои процесуирани оброци и продукти. Еден од пет Британци е со поголема тежина од пропорционалната на телото, а многу од нив имаат и доста голем вишок килограми. Неплодноста е исто така голем проблем, а секој шести пар има проблем со стерилитет. Во истражувањето кое го спровела Харвардскиот Универзитет за јавното здравство од Бостон, учествувале 18.500 жени кои сакале да забременат. Се покажало дека кај оние жени кои два посто од својата енергија ја земаат од трансмасните киселини,70% имале проблем со неплодноста. Тоа извадено во грамажа е, четири грама од тие масни киселини во дневен внесување од 2000 калории. Одговорниот на ова истражување, Д-р Жорге Чаваро, пресметал дека сите жени кои сакаат да родат треба да внимаваат на внесот на трансмасните киселини, пушењето и на одржувањето на нормала телесна тежина. На тоа осбено треба да внимаваат оние жени кои имаат полицистични јајници. Уште со сигурност не се знае како мастите влијаат на неплодноста, но се претпоставува дека тие влијаат на осетливоста на инсулинот. Резултатите на тоа истражување се објавени во часописот The American Journal of Clinical Nutrition. Експертите предупредуваат и укажуваат на фактот дека голем е бројот на оние кои лошо се исхрануваат, па така внесуваат многу повеќе од четири грама трансмасни киселини на ден, изложувајќи се себеси на опасност од неплодност. Оние кои често јадат брза храна во својот организам можат да внесат и неколку десетици грама од таа киселинина. еве нешто на што би требало да се внимава
|
|
|
|