Bogdancanka -> RE: Рецепт за зголемување на можноста за забремнување! (21.5.2010 20:58:44)
|
КОЛКУ ВЛИЈАНИЕ ИСХРАНАТА ВО ЗАЧНУВАЊЕТО Исхраната може да влијае врз плодноста и кај мажите и кај жените. Тоа не значи дека треба да се преоптоварите со она што го јадете, но сепак е добро ако почнете да внимавате на она што го внесувате во себе. Еве неколку практични совети: Обидете се да ја постигнете Вашата нормална тежина Покажано е дека преголемата или премалата телесна тежина можат негативно да влијаат на процесот на зачнувањето. Доколку патите од преголема телесна тежина, препорачливо е да ги намалите маснотиите што ги внесувате, но во исто време е добро да почнете да се занимавате со некоја физичка активност. Вежбањето не само што ќе Ви помогне да ја намалите телесната тежина, туку позитивно влијае и врз хорманалниот баланс во организмот. Никако немојте да се подложувате на ригорозни диети, затоа што само ќе го постигнете спротивниот ефект од очекуваното. Исто така докажано е дека кај жени со претерано мала телесна тежина исто така може да се јави пореметување на хормоналната рамнотежа, а со тоа и на плодноста. Хранете се здраво Ова значи да имате разновидна исхрана и да избегнувате храна која е пребогата со маснотии и шеќери. Препорачливо е доколку сакате да забремените, неколку месеци пред тоа да почнете здраво да се храните. На тој начин Вашиот организам ќе биде подобро подготвен за бременоста, а во исто време бебето ќе има подобар почеток. Се препорачува во исхраната да вклучите: - Многу овошје и зеленчук;
- Јаглени хидрати: житарки, ориз, тестенини и сл.;
- Протеини: месо, пилешко, мешункасти растенија (грав, леќа, боранија, грашок и др);
- Се препорачува барем два пати неделно да имате риба на трпезата. Внимавајте тоа да не биде ајкула, сабјарка или премногу туна, затоа што овие риби се богати со жива;
- Млеко, сирење, јогурт и сл. Овие производи се богати со калциум;
- Храна богата со железо: црвено месо, лиснат зеленчук, житарки и др;
- Сокови или овошје богато со Ц витамин. Ц витаминот помеѓу другото му помага на Вашиот организам да може полесно да го абсорбира железото од храната.
Фолна киселина Фолната киселина е многу важен витамин од Б групата, кој има не само огромно влијание врз здравата бременост, туку и ги намалува шансите за: срцев удар, мозочен удар, рак, дијабетис ит.н. Фолната киселина учествува во многу процеси во организмот: во создавањето на крвните клетки, метаболизмот на нервните клетки, во делбата и диференцирањето на клетките ит.н. Во бременоста потебата од фолна киселина значително се зголемува и најчесто нејзиното внесување преку храната не е доволно. Недостатокот на фолна киселина во почетокот на бременоста се смета дека е еден од главните фактори за настанок на дефектите на неуралната туба кај бебето, како што се Spina Bifida, Anencephalus и сл. Испитувањата покажале дека со земање на фолна киселина се намалуваат шансите за појава на дефект на неуралната туба кај бебето за 70%. Воедно се намалуваат и шансите за спонтан абортус. Фолната киселина се препорачува да почне да се зема 1-3 месеци пред забременувањето, но и ако не сте го направиле тоа, нема причина за паника, направете го сега. Препорачаната количина е по 400 микрограми дневно, се до 12 недела од бременоста. Препаратите на фолна киселина лесно се поднесуваат и немаат штетни нуспојави. Само внимавајте да не земате препарат во чиј состав влегува А витамин, затоа што големи количества на А витамин во текот на бременоста делуваат тератогено, односно можат да го оштетат плодот. Доколку во фамилијата веќе имало раѓање на бебиња со дефект на неуралната туба, се препорачува жената да зема по 5 милиграми фолна киселина дневно. Фолната киселина се наоѓа во: леќата, житарките, кафениот ориз, леснатиот зеленчук итн. Но сепак ако се планира бременост или веќе сте бремени веројатно само со исхраната нема да може да се внесе потребното количество. Исфрлете го алкохолот Ако се обидувате да останете бремени алкохолот или исфрлете го целосно или пијте го умерено и само повремено, заради неговото штетно влијание врз плодот. Бидејки не знаете кога ќе останете бремени, подобро е да се биде на сигурната страна, одколку да дозволите да му наштети на бебето. Престанете со пушењето За штетноста на цигарите во бременоста, не треба ниту да спомнеме. Постојат многу докази дека цигарите штетно се одразуваат врз здравјето на бебето во утробата, предизвикувајки различни пореметувања: раѓање со помала телесна тежина, предвремено породување, појава на астма кај бебето, респираторни инфекции, алергии, зголемен ризиик од леукемија итн. Исто е докажано дека ги намалуваат и шансите за забременување. На жените кои пушат во просек им требаат по 2 месеца подолго за да забременат, во однос на жените кои не пушат. За да обезбедите оптимална средина за развојот на Вашето бебе и за да има време да се исфрли никотинот од Вашето тело, доколку пушите, добро е престанете со пушењето уште пред да забремените. Можеби Ви изгледа како голема жртва, но имајте впредвид дека тоа го правите за здравјето на Вашето дете. Намалете го кофеинот Иако засега не е докажано дека кофеинот ги намалува шансите за зачнување, сепак е докажано дека неговото земање над 200 милиграми/дневно ја зголемува можноста за спонтан абортус и за раѓање на бебето со премала телесна тежина. Во Вашата подготовка за бременоста, можете да се обидете да го намалите количеството на кофеин кое го внесувате секојдневно. Само за илустрација: 200 mg кофеин има во: - 2 шољи кафе;
- 100 гр млечно чоколадо;
- 4 шољи чај;
- 5 лименки кока кола;
Избегнувајте премногу А витамин и риба богата со жива А витаминот е потребен во бременоста, но големи количини можат да му наштетат на бебето. Тоа значи да избегнувате: црн џигер, рибино масло од џигер и сл. Во риба богата со жива спаѓаат: ајкула, сабјарка и др. големи морски риби. Исто така јадете умерено туна, затоа што и во неа има значителни количества жива.
|
|
|
|