Вагинални инфекции во бременоста (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Палешка РР -> Вагинални инфекции во бременоста (28.5.2009 22:03:43)

Загрижувачки е фактот што секоја втора трудници има вагинална инфекција. Оваа состојба може да ја променат матичните гинеколози бидејќи тие треба повеќе да ги информираат трудниците и да им објаснат зошто е важно да се земаат брисеви и да се прават вагинални прегледи - вели Викторија Јовановска, лекар-специјалист во Клиниката за гинекологија.
Таа објаснува дека, поради посебната состојба на жената во периодот на бременоста, овие инфекции предизвикуваат посилни реакции, како што се предвремени породувања, абортус и неонатални инфекции кај бебето по раѓањето. - Инфекциите го омекнуваат грлото на матката, а со тоа предизвикуваат предвремено отворање и породување. Во првите 12 недели од бременост може да предизвикаат и оштетувања на органите на плодот - вели Јовановска. Бебето може да добие инфекција на очите, кожата, папочната врвца, како и воспаление на белите дробови и инфекции што се пренесуваат преку крвта. - Овие инфекции се јавуваат кај жените и кога не се бремени, но во оваа фаза може да направат сериозни проблеми на мајката и на бебето. Најчести инфекции се кандида, трихомона, токсоплазми, кламидија и уреоплазма - вели Јовановска. Инфекциите може да бидат без симптоми или, пак, да се манифестираат со засилена секреција, непријатен мирис, чешање и пецкање. Откако ќе се дијагностицираат, се лекуваат со таблети и вагиналети што ги дава гинеколог, а кои не му штетат на плодот. - На клиниката жените доаѓаат ако имаат засилени симптоми. Брисеви задолжително треба да се земаат во раната бременост и во 36. недела, кога се гледа дали има бетахемолитичен стрептокок - вели Јовановска. Таа објаснува дека кога жените планираат бременост задолжително треба да направат преглед пред да забременат. Кај трудниците што се постари од 35 години се прави и генетско испитување на плодовата вода. - Многу е важно покрај ултразвучните прегледи, што во развиените земји се ограничуваат на осум, да се прават и вагинални прегледи. Жените не треба да се плашат дека кога се зема брис или се прави преглед ќе се повреди бебето или ќе се предизвика предвремено породување. Овие прегледи се потполно безопасни - вели Јовановска. Наспроти тоа што трудниците кај нас одбиваат да прават вагинални прегледи, објаснува таа, постои практика многу често да се прават ехо-прегледи. - Во Германија, на пример, кај нормална бременост има осум ехо-прегледи, што е повеќе од доволно. Треба да имаме предвид дека се уште не е докажано дали ултразвукот му штети на плодот - вели Јовановска. Таа објаснува дека и со четири ехо-прегледи може да се следи состојбата на плодот. Првиот се прави на почетокот на бременоста за да се види дали плодот е во матката, а вториот во 12-тата недела за да се види како се развива плодот. Во 20-тата недела ехо-прегледот треба да покаже дали кај плодот постојат физички недостатоци, а околу 32. недела, кога тој интензивно расте, се гледа дали заостанува. Потоа ехо- прегледи се прават кај трудници што имаат болки или, пак, ако се пролонгира бременоста.




Палешка РР -> RE: Вагинални инфекции во бременоста (28.5.2009 22:09:49)

Дали одите/одевте на вагинални прегледи за време на бременоста?
Кaкви се испитувања направивте?
Какви лекарства примавте?


Искрено, кога докторката ми препиша упатница за Микробиолошки институт, се зачудив [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
Испитувања на цервикален брис, вагинален брис, микоплазма, уринокултура, токсоплазмоза.
Потоа добив информации дека е тоа рутина и дека би требало да се испитува кај секоја трудница, според стандардите на Светската Здравствена Организација.

Ок, испитав се, ги чекам уште резултатите за токсоплазмоза.
Се е во ред [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Natasha5 -> RE: Вагинални инфекции во бременоста (28.5.2009 23:00:59)

dada i jas zemav bris vo ranata bremenost ne sum sigurna tocno koja nedela,pravev o pap test se bese vo red.a sega eve sum vo 36 nedela i treba da odam od ponedelnik da zemam uste eden bris.pa belki ke bide se vo red.




mami -> RE: Вагинални инфекции во бременоста (29.5.2009 8:45:56)

мене бидејќи си имам проблеми со кандидата постојано ми земаше 3 пати брисеви на почеток, средина и при крај на бременоста и само во средината ми се појави па ми даде вагиналети и помина...




Lady -> RE: Вагинални инфекции во бременоста (31.5.2009 11:14:41)

Вчера се разбудив со чудна болка доле.. како да е иритирано, не ми е пријатно.., меѓутоа нема непријатен мирис или засилен слуз.. ама ич не си ја осеќамм фино, сигурно е некоја инфекција, сега сум 12 недела и се исплашив многу, утре ќе одам на преглед, ама до утре ќе цркнам мислејки што е како е... Колку стварно може да му наштети на плодот????




Еца -> RE: Вагинални инфекции во бременоста (31.5.2009 11:49:27)

Лејди и да е инфекција, ношто страшно, мислам бактерии, инфекции, се нешто може да биде, но на плодот па и не може да му наштети доколку на време се интервенира, затоа утре кај твојот гинеколог и се убаво ќе дознаеш, а до утре не се сеќирај, мислам не е опасно, и јас ја осекам така подолго време... а утре кога ќе се се вратиш те молам пиши што ти кажале, баш ме интересира, поздравче[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Nikolina -> RE: Вагинални инфекции во бременоста (2.6.2009 14:39:40)

здраво пак од мене јас само што се вратив од на гиниколог и од микробиологија носев брис од вагина  и брис од цервикс па дај боже се да биди во ред дур понеделник резултати,се убив од трчање за денес да ги однесам ама заборавив оти петок не работат незнам како е кај вас ама тука во Бт. за резултати од брис се чека по три и повеќе дена па да се мрдни човек ама да се надевам дека ќе бидат ок. а инаку на сите трудници обавезно има препорачувам  често да прват проверка на брис и дека нема потреба да се плашат дека со тоа му штетат на плодот. 




Палешка РР -> RE: Вагинални инфекции во бременоста (2.6.2009 17:35:05)

И јас правев такви испитувања минатата недела, Даниела, се беше во ред [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image].
И кај нас во Прилеп се чека 2-3 дена.




Nikolina -> RE: Вагинални инфекции во бременоста (2.6.2009 18:14:28)

баш ми е мило дека е се во ред се надевам дека и кај мене ќе биди ќе ви пишам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Nikolina -> RE: Вагинални инфекции во бременоста (8.6.2009 17:42:20)

ете ме мене со резултати [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]повторно ми ја најдоа Стрептококата и Ешерихија коли бев ми дадоа лекарства па ми рекоа за две недели повторно брис ќе полудам оваа бактеријата не ми дава мир.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




Еца -> RE: Вагинални инфекции во бременоста (8.6.2009 17:44:27)

Даниела дали ти кажа докторот колку може да биде опасна или не и дали ти даде некаква терапија? Баш ми е криво што не можеш да се откачиш од овие досадни бактерии[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




Nikolina -> RE: Вагинални инфекции во бременоста (8.6.2009 17:55:58)

да ми даде терапија ама треба да видиме по две недели како ќе делува оти јас постојано ја имам оваа бактерија стрептококата и нон сто одам на котрола претходно ја имав тоцно пред десет недели и испив две различни терапииама сега дека и ешерихијата ја имам ми дадоа друга абе за штетно штетно е многу претходниот пат кога ми се слуци тоа што се случи пак беше предизвикано од стрептококата ама тогаш појма немав и дури после тоа откривме па после тоа две години еве се мачам со истата ама сега сме во предност што знаеме со што имаме работа и ја котролираме скоро секои два месеци и да се надевам дека не е многу фатлно овој пат оти нон стоп сум под терапии и ја лечам па пак се јавува да се надевам дека овој пат за скрос ќе ја излечам.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Еца -> RE: Вагинални инфекции во бременоста (8.6.2009 17:58:35)

И дали разговаравте до докторот тогаш на кој начин да се породиш, по приоден пат или со царски, дали веќе е решено?




Палешка РР -> RE: Вагинални инфекции во бременоста (8.6.2009 18:05:14)

Баш ми е жал Даниела, ајде издржи уште малку, [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




Еца -> RE: Вагинални инфекции во бременоста (8.6.2009 18:08:05)

Даниела еве тука нешто веќе сме напишале за ешерихија коли во бременоста  http://www.ringeraja.mk/forum/%D0%95%D1%88%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%85%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B8/m_4453/tm.htm




Nikolina -> RE: Вагинални инфекции во бременоста (8.6.2009 18:08:26)

незнам ама мислам царски ех имам уште три месеци рано е за тоа да мислам,ама така најверојатно оти претходниот пат бев царски [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]за жал џабе не било за да биди да се надевам овој пат дека ќе биди ок 




Nikolina -> RE: Вагинални инфекции во бременоста (8.6.2009 18:11:59)

фала Елена инаку да Д-р ми даде имало и апчиња од брусница или цај ама ми рече да ги земам апчињата и можи да треба до крај да ги пијам,инаку пред некој ден ме болесе бубрегот две вецери ете од што било ама ја с сум оптимис ќе помини мора да мислам така оти ќе полудам




Еца -> RE: Вагинални инфекции во бременоста (8.6.2009 18:12:41)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]ќе биде се во ред[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




lide78 -> RE: Вагинални инфекции во бременоста (9.6.2009 14:15:05)

Za pomalku infekcii koristete Betadine vaginalni apcinja,ne se stetni i posle sekoj odnos obavezno i ako piete antibiotik morate da piete i B-komplex,i antibiotikot sozdava candida




Еца -> RE: Вагинални инфекции во бременоста (16.6.2009 10:58:49)

Утрово бев на гинеколог ми земаа брис и во четврток ќе бидат готови резултатите, па ќе ви јавам каква е ситуацијата.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Еца -> RE: Вагинални инфекции во бременоста (19.6.2009 14:34:22)

Ги земав резултати од микробилологија,носев брис од вагина и брис од цервикс. Ниту патогени бактерии, ниту кандида не се најдени, резултатите се одлични[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




mami -> RE: Вагинални инфекции во бременоста (19.6.2009 14:36:58)

 [img]http://www.cosgan.de/images/midi/froehlich/k015.gif[/img] ете добра вест




Sara -> RE: Вагинални инфекции во бременоста (18.8.2009 10:41:54)

Јас мислам дека подосадно нешто од ова исцедоков во тек на бременост нема.
Јас имав скоро цела бременост па ставав вагиналети, д-р ме премачкуваше со генецијан виолетово па едно време ми се изгуби.
Сега при крај еве го пак ме посети, на брисевите нема ништо ставам два пати неделно вагиналети Гинодактрин ама исто како ништо да не ставам.
Незнам што ќе се прави, највеќе ми е страв дека може да се пренесе на бебето при пораѓај.




lili26 -> RE: Вагинални инфекции во бременоста (18.8.2009 10:47:31)

Sara probaj so POLIGINAX,mene mi pomognaa.Tie se na prirodna baza,ne se voopsto stetni,a se so imas,bakterii,infekcii,cistat.Jas gi stavav i vo sedmi ili osmi mesec,bezbedni se.




Bile -> RE: Вагинални инфекции во бременоста (18.8.2009 13:59:14)

luge ajde  pomagajte so vasite iskustva
imam candida albikans i ja lecev so Canesten spred 3 sega so ovie stresovi pak mi se pojavi. milsite li deka moze da bide fatalno za bebeto prisustvoto na candidata za vreme na raganjeto




Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>