mis. -> RE: Секс за време на бременоста (8.11.2009 17:04:03)
|
Секс–пози за бремени жени Многу жени се соочуваат со покачено либидо и уживаат во сексот за време на бременоста. Ако не сте дел од нив, не треба да се грижите бидејќи и тоа е дело на самата природа. Со вас и понатаму сé е во ред. Веќе зборуваме за тоа дека не смеат да постојат ограничувања во сексот за време на бременоста, освен во случаите кога тоа го забранува лекарот. И бременоста е фаза во која е возможно одржување на интимноста. Сé што треба да сторите е да пронајдете удобна поза за да продолжите да уживате во убавините на сексот и во наредните девет месеци. Токму на позите ќе се задржиме во оваа статија. Ќе ви препорачаме неколку едноставни и лесни за изведба за да не мора да водите сметка дека на кој било начин го загрозувате животот и нормалниот развој на плодот. Но, претходно задолжително консултирајте се со матичниот лекар за да ви даде потврда и дозвола за секс. Секс-поза: мажот клекнат. Опис: Вие удобно легнете си на креветот кревајќи ги колената кон градите. Тој нека клекне помеѓу вашите нозе за во таа позиција да овозможи пенетрација. Оваа поза е одлична бидејќи нема да почувствувате никаков притисок во стомакот. Доколку почувствувате умор во нозете, слободно потпрете ги на рамената на сопругот или по можност спуштете ги на кревет. Под карлицата ставете мека парница за сексот да биде уште поудобен. Кога е изводлива? Оваа поза е изводлива до 4. месец бидејќи подоцна не се препорачува долго лежење на грб заради циркулацијата која може да се забави. Секс-поза: жената одозгора. Опис: Оваа поза ви е доволно позната бидејќи сигурно ја изведувавте и кога не бевте бремена. Сопругот нека легне на кревет, вие качете се врз него и оставете му да ужива во глетката. Зошто е добра оваа поза? Ви овозможува да не ја чувствувате тежината на стомачето, а имате контрола на брзината на движењата. Кога е изводлива? Доколку сé е во ред, слободно практикувајте ја во текот на целата бременост. Секс-поза: жената легната настрана. Опис: Легнете на едната страна, онаа која е поудобна, сопругот нека легне зад вас. На овој начин товарот од стомачето сте го оставиле на креветот. Партнерот нека биде внимателен со движењата, правете го тоа полека и сигурно. Кога е изводлива? Во подоцнежните фази кога длабоката пенетрација станува неудобна. Секс-поза: мажот и жената седнати. Опис: Партнерот нека седне на цврст стол. Вие седнете во неговиот скут обиколувајќи ја неговата половина со нозете. Флексибилноста ќе направи да се чувствувате секси истовремено овозможувајќи пријатно чувство во стомачето. Кога е изводлива? Бидејќи можете да имате контрола на брзината и длабочината на пенетрацијата, дозволена е во текот на сите 9 месеци. Секс-поза: doggy style. Опис: Клекнете на раце и на нозе. Партнерот нека пенетрира зад вас без разлика дали ќе клечи или ќе стои. Во оваа поза можете да го држите стомачето со едната рака. Перниците се одлични за да ги ставите под вас за стомачето да може да се потпре и на нив. Кога е изводлива? Се препорачува во првите две тримесечја бидејќи тогаш длабоката пенетрација е пријатна. Ајде трудници само напред[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
|
|
|
|