arh_diz -> RE: Спонтан абортус (6.12.2009 16:21:29)
|
Спонтаниот абортус се дефинира како прекинување на сакана бременост пред 20 недела на гестација или прекин на бременоста кога плодот е тежок помалку од 500грама. И за докторот и за пациентката губењето на саканата бременост е многу непријатна и фрустрирачка ситуација. Се смета дека спонтаниот абортус е најчеста компликација на бременоста која се појавува кај 75% од сите жени што се обидуваат да останат бремени. Најголем број од овие загубени бремености се случуваат пред или за време на очекуваната менструација такашто ниту пациентката ниту докторот не знае дека воопшто се случила бременост. Повеќето студии говорат дека процентот на спонтани абортуси се движи помеѓу 10 и 15% но сите се согласуваат дека вистинскиот процент на спонтани абортуси се доближува и до 50% имајќи ги во превид раните загуби на бременост кои претходно беа споменати. Една категорија на спонтани абортуси е посебно загрижувачка, а тоа се повторувачките спонтани абортуси. После еден спонтан абортус шансите да се случи нареден се 15%. Доколку кај пациентката имало 2 последователни абортуси ризикот се зголемува на 25%. Ако кај пациентката има 3 последователни абортуси тогаш ризикот за нареден спонтан абортус се згоелмува на 30-45%. Околу 5% од паровите кои се обидуват да постигнат брменост имале 2 последователни спонтани абортуси. За хабитуален повторувачки абортус станува збор кога кај пациентката се јавуваат 3 и повеќе последователни спонтани абортуси. Причините за повторувачки абортуси се повеќебројни. Како најчести се наведуваат генетски фактори ; конгенитални малформации на матката ; стекнати малформации на матката ; имуни и автоимуни фактори ; ендокринолошки (неадекватна функција на жолтото тело, антитиреоидни антитела, зголемено лачење на лутенизирачкиот хормон); инфекции ; хематолошки фактори ; фактори кои произлегуваат од средината : лекови, хемикалии, радијација, пушењето како негативен фактор за исходот на бременоста беше и сеуште е предмет на многу истражувања затоа што се знае дека чадот од цигарите содржи стотици штетни материи. Гестациската недела во која се случил спонтаниот абортус може да асоцира на можната причина за неговото настанување. Така на пример доколку причина за спонтан абортус е антифосфолипидниот синдром или некомпетентен цервикс на матката, тогаш спонтаниот абортус се јавува после првиот триместар на бременоста. Повеќето спонтани абортуси што се случуваат во првиот триместар се должат на абнормален кариотип на ембрионот. Цитогенетските истражувања на материјалот добиен од овие абортуси говорат за пристуство на најмалку 50% цитогенетски абнормалности. За илустрација : триплоидија (се добива кога нормална јајна клетка биде истовремено оплодена од два сперматозоида така што концептусот наместо нормален диплоиден број на хромозоми има триплоидија) најдена е кај 16% од абортусите во прв триместар. Кога да се започне со иследувањата кај пациентка која имала спонтан абортус ? Најголем број од гинеколозите се согласуваат дека иследувањата треба да започнат кога кај пациентката имало два или повеќе повторувачки спонтани абортуси. Кога причините за оваа појава се бројни, така и можностите за истражување и пронаоѓање на акторот кој довел до спонтан абортус се исто така бројни. Врз основа на добро земена анамнеза кај пациентката, нејзината старост, број на повторувачки абортуси, недела на гестација во која се случуваат истите, гинекологот ќе одлучи кои иследувања ќе бидат направени. Доколку постои сомнение за генетска причина се советува кариотип на двата партнери. Квалитетен ултразвучен преглед на матката дополнет со хистеросалпинографија ќе ги открие вродените или стекнати аномалии на матката кои можат да бидат успешно решени со помош на оперативната хистероскопија. Сомнение за имуни, ендокринолишки, хематолошки фактори како причина за повторувачки спонтан абортус бара назначување на бројни лабораториски иследувања со цел да се потврди или отфрли возможниот причинител. Инфекциите бараат опсежно микробиолошко иследување. Само квалитетен, сеопфатен пристап кон проблемот на повотрувачкиот спонтан абортус ќе резултира до навремено откривање на причината (или причините) за истиот а со тоа и соодветен избор на терапија : конзервативна или оперативна. Ако анализите говорат за ризик во сите наредни бремености (како кај некои генетски абнормалности) тогаш следи советување на брачниот пар за можностите на пренатална дијагноза, предимплантациона дијагноза, донација на јајна клетка или сперматозоид, како и можноста за адопција (посвојување).
|
|
|
|