RE: Спонтан абортус (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Спонтан абортус



Порака


mis. -> RE: Спонтан абортус (27.12.2009 12:21:20)

После чистење мора да се прими антибиотик.Јас после киретажата примав и инекции бидејќи доста сум крварела да се стопира крварењето.Мене ми е многу страв од заборавени делови,сепак е то страно тело а и температурата што ја имаш не е шала.И јас ја имав температурата а тоа е знак дека нешто работи во тебе.И јас ја имав таа температура 37,4,5,6бтука некаде дури и ја нормализирав но тоа пак работи во тебе.веднаш на чистење нема шала со вакви работи.




arh_diz -> RE: Спонтан абортус (27.12.2009 12:23:43)

јас незнам само како ја пуштиле неисчистена добро па сто гледале тие доктори. Знам дека после чистењето гледаат на ехо како не виделе незнам не ми е јасно навистина




angelcinja -> RE: Спонтан абортус (27.12.2009 12:38:00)

takvi se nasive doktori dojde sestrata da i mi vika ako ti e dobro odi si jas stanav ne mi se vrtese pametot mislam dobro mi bese i si otidov od bolnica ne me pregledaa jas dr den koga kaciv temperatura mu kazav na ginekologot i toj togas mi rece dojdi da vidam da ne ostanalo uste nesto koga otidov sto ke vidam se ostanato i vrekickata i plodot se bukvalno se katasrofa se doktorive barem koga zimaat edna rabota neka ja zavrsat do kraj a ne vaka e toa takva ni e drzavata da ne znaete kolku pari e vo cistina cistenjeto?




mother 29 -> RE: Спонтан абортус (27.12.2009 13:34:55)

ШО ДА КАЖАМ ПОСЛЕ ОВА!Бесилка!




mina_m -> RE: Спонтан абортус (27.12.2009 13:37:17)

angelcinja,najbrzo sto mozes da posetis doktor isto kako sto ti kaza i mis,ne ostavaj do posleden moment,cim imas temperatura i bolki vo stomakot,trk na doktor,jas stvarno neznam kako mozele da te ostavat taka,se slucuva nekoe parce da podostane pa da izleze nekogas i samo, ama ova skoro se da ti ostavat stvarno ne se normalni!!!!!!a zasto vo taa nedela so kiretaza ti pravele ,a ne klasicen abortus????




angelcinja -> RE: Спонтан абортус (27.12.2009 13:40:37)

nemam pojma sto mi pravea mi pustija lokalna anestezija nesto vleceja tegneja grebea a sto nemam pojma za 2 saati me pustija doma toa e se sto bese 




iki82 -> RE: Спонтан абортус (27.12.2009 13:41:17)

angelcinja и јас имам едно такво слични искуство во државна болница. Имам негде пишувано за тоа по форумов. Не е абортус но,јас имав ЦИН 2 и решија да ми земат биопсија. Биопсијата ми ја зема Др. Горан Димитров и ми повредил крвен сад од кој јас по 2 дена почнав да крварам ненормално многу. И кога му отидов цела утоп од крв (по нозе ми течеше) ми вика сигурно имаш менструација.  И му викам не ми е тоа, зошто си ги знам симптомите, плус сега имав добиено. И не сакаше да ме прими во болница, за на крај кога веќе беше алармантно(искрварев многу) реши да ме прими и да ме сошие. Па не ме сошил добро, па пак ме шиеше и ми правеше киретажа зошто пак крварев и малтретирања без крај. Па кога ме пуштија дома исто така не ми дадоа антибиотик и дигнав температура, јас дури до 39 дигав од што ми беше ослабен организмот, и кога им се јавуваа моите да ги прашат што да пијам, не отеруваа у пм. Како и да е јас успеав да се опоравам дури од кога најдов приватен лекар добар, кој што успеа да ме дигне со антибиотик и со природни препарати. Ама целата агонија траеше добри 4 месеци, а имав само 20 год. Јас сум поучена од сето тоа и сакам да те утешам дека се тоа ќе помине, само траумата после останува. Пробај во Систина или Ремедика, иако таму обично викаат кој те почнал нека те заврши. Барем мене тогаш не сакаа да ме примат во Систина. Но здравје боже кога ќе сум бремена ќе си почнам од почеток негде на приватно, за да се поштеди човек од вакви глупости што ни ги прават и трауматизираат млади жени. Ти посакаувам побрзо да се опоравиш и мој совет, пиј повеќе цедени сокови, од цвекло, морков (мислам го имаше негде рецептот на рр) и алое вера, да ти го подобри имунитетот да може да ти се бори со инфекциите и за некој месец ќе си спремна за ново [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] од мене




mother 29 -> RE: Спонтан абортус (27.12.2009 13:41:43)

а сега како си?имаш температура уште?
да ги тужишш!




mina_m -> RE: Спонтан абортус (27.12.2009 13:43:51)

stvarno ludi se!!!!ti necekaj utre da odis na doktor,so vakvi raboti nema sala,odi deneska na doktor...a zasto vo 11 nedela ti pravea kiretaza ,a ne abortus????




angelcinja -> RE: Спонтан абортус (27.12.2009 13:48:04)

lele jas iskreno neznam mozebi oti plodot bese veke isusen neznam stvarno 




mina_m -> RE: Спонтан абортус (27.12.2009 13:54:14)

pa idi prasaj gi sto ti pravea za ti e dva saata,i jas se slagam so mother29 samo za tuzenje se tie doktorcinjata....se nadevam vo brzo vreme ke se oporavis i povtorno so novi sili[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image]




ripce -> RE: Спонтан абортус (3.1.2010 12:59:01)

Генетските фактори - причина за повторувачки спонтани абортуси

Меѓу најчестите причини за повторувачки спонтани абортуси се и малформациите на матката, инфекциите, лековите и пушењето

Спонтаниот абортус е прекинување на бременоста пред 22. недела на гестација или прекин на бременоста кога плодот тежи помалку од 500 грама. Спонтаниот абортус е многу непријатна и фрустрирачка ситуација и за докторот и за пациентката. Се смета дека спонтаниот абортус се појавува кај 75 отсто од жените што се обидуваат да останат бремени. Најголем број од тие "загубени" бремености се случуваат пред или за време на очекуваната менструација и ниту пациентката ниту докторот не знаат дека воопшто се случила бременост. Повеќето студии говорат дека процентот на спонтани абортуси се движи меѓу 10 и 15 отсто (но докторите велат дека вистинскиот процент на спонтани абортуси е 50 отсто).

Повторувачките спонтани абортуси се посебно загрижувачка категорија абортуси. По спонтаниот абортус, шансите да се случи нареден се 15 отсто. Ако кај пациентката има два последователни абортуса, ризикот се зголемува на 25 отсто. Ако кај пациентката има три последователни абортуси, тогаш ризикот за нареден спонтан абортус се зголемува на 30 до 45 отсто. Повторувачки абортус е кога пациентката има три или повеќе последователни спонтани абортуси.

Најчести причини за повторувачките спонтани абортуси се генетските фактори, конгенитални малформации на матката, стекнати малформации на матката, имуни и автоимуни фактори, ендокринолошки (неадекватна функција на жолтото тело, антитиреоидни антитела, зголемено лачење на лутенизирачкиот хормон), инфекции, хематолошки фактори, лекови, хемикалии, радијација. Пушењето како негативен фактор за исходот на бременоста е предмет на многу истражувања, бидејќи чадот од цигарите содржи стотици штетни материи.

Гестациската старост во која се случил спонтаниот абортус може да сугерира за евентуалната причина што го предизвикала. За илустрација, ако причина за спонтаниот абортус е антифосфолипидниот синдром или некомпетентен цервикс на матката, тогаш спонтаниот абортус се јавува по првото тримесечје на бременоста. Причина за повеќето спонтани абортуси што се случуваат во првите три месеци е абнормалниот кариотип на ембрионот. Цитогенетските истражувања на материјалот добиен од овие абортуси говорат за присуство на најмалку 50 отсто цитогенетски абнормалности. За илустрација, триплоидија (се добива кога нормална јајце-клетка истовремено е оплодена од два сперматозоида, така што концептусот наместо нормален диплоиден број на хромозоми има триплоидија) има кај 16 отсто од абортусите во првите три месеци.

Повеќето гинеколози се согласуваат дека испитувањата за причината на спонтаниот абортус треба да почнат кога пациентката имала два или повеќе повторувачки спонтани абортуси. Врз основа на земена анамнеза кај пациентката, нејзината старост, бројот на повторувачки абортуси и неделата на гестација во која се случуваат, гинекологот ќе одлучи кои истражувања да ги направи. Ако постои сомнение за генетска причина, се советува кариотип на двата партнера. Ултразвучен преглед на матката дополнет со хистеросалпинографија ќе ги открие вродените или стекнати аномалии на матката, кои можат успешно да се решат со помош на оперативната хистероскопија. Ако докторот се сомнева во имуни, ендокринолошки и хематолошки фактори како причина за повторувачки спонтан абортус, треба да се направат неколку лабораториски испитувања. Инфекциите бараат опсежно микробиолошко испитување. Само квалитетен и сеопфатен пристап кон проблемот на повторувачкиот спонтан абортус ќе резултира со навремено откривање на причината, а со тоа и соодветен избор на терапија: конзервативна или оперативна.




Палешка РР -> RE: Спонтан абортус (25.2.2010 14:42:31)

Ве молам да се држиме до темата спонтан абортус.
Со расправата за абортус продолжете ОВДЕ




saniii -> RE: Спонтан абортус (30.3.2010 1:55:13)

Zdravo na site, brenmena sum vo 5 nedela i denes mi otkrija ureoplazma, ginekologot mi prepisa terapija i mi rece ke bide ok, no citajki po net, na nitu edno mesto ne sretnav deka nekoj se izlecil vo prvite  3 meseci, potocno deka site zavrsile so SPONTAN ABORTUS.

Ve molam kazete mi dali nekoj imal takvo iskustvo, dajtemi nekoja uteha zosto padnav vo totalna depresija, se plasam deka i da ne trebalo da se desi, od premnogu misli ke se desi :(((

Vi blagodaram mnogu




Rossana -> RE: Спонтан абортус (30.3.2010 2:28:55)

draga sanii eve klikni na ovoj link mozebi ke ti pomogne da najdes potrebni informacii.

http://www.ringeraja.hr/forum/m_269846/mpage_1/key_/tm.htm




mother 29 -> RE: Спонтан абортус (30.3.2010 9:40:43)

сании ,добре ни дојде на рр!

и најпрво да ти кажам дека  стравот  ти се појавил токму од пребарување на интернет, каде навистина има многу страшни работи за оваа бактерија. Но , доколку на време се открие и излечи нема никаква опасност. Дали сега пиеш Еритромицин редовно???????? и се надевам , се ке  биде во ред
бактеријата уреоплазма уреалитикум  не е толку опасна ,ако се открие на време и се следи со редовни брисеви!Затоа немај гајле, испиј си ја дозата и уживај!и те молам без црни мисли и без многу претраги по нет!
ете дружи не нас и нема да имаш место за паника[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




arh_diz -> RE: Спонтан абортус (30.3.2010 9:43:33)

sanii samo tvoite crni misli mozat da dovedat do spontan abortus , misli pozitivno i primaj ja terapijata koja ti ja dal ginekologot i se ke bide super




profesorica -> RE: Спонтан абортус (30.3.2010 9:47:46)

сани те молам немој да мислиш така, имај позитивни мисли дека се ќе биде во ред. одмарај, примај терапија и не се оптеретувај со информации на интернет. се и сешто има ама не значи дека тебе ќе ти се случи се најлошото

ајде мила ние сме со тебе[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




dostickage -> RE: Спонтан абортус (30.3.2010 10:28:46)

ne e malce rano da se ravi bris vo petta nedela od bremenost.
Jas da sum,bi otisla na drug lekar,nekako mi mnogu simptomaticno toa deka treba da pies lekovi tolku mnogu rano.Pa vo sedna osma nedela se ceka srceva akcija,togas se se formira...

Ti si znaes,samo bez nervoza.

So srekja




mother 29 -> RE: Спонтан абортус (30.3.2010 10:57:07)

jas mislam deka ne e rano za brisevi..na mene prvite brisevi mi gi pravea,vednas po konstatiranjeto na bremenosta.
i obicno se davaat antibiotici koi najmalku deluvaat na plodot ,a toa najcesto se penicilini.....pa podobro da deluva lekot na bakterijata otkolku infektot na plodot !




menca -> RE: Спонтан абортус (25.5.2010 23:35:06)

zdr jas sum menca na kratko edna maala moja istorija pred godina dena abortirav na 7ot mesec morase hidrocefalus (voda vo glavceto na bebeto i rbetot isto taka ne se razvivase pravilno).sega sum bremena isto 7 meseca kaj adamova bev na pregled pred dva meseca na 4d fala bogu see vo red.megutoa do pred  dva dena dodeka spiev nesto mi krcna vo stomaceto jas znam deka mozebi vie  ne ste lekari ama iskreno  voopsto ne sum zadovolna od nieden lekar smeniv 2ca maticni i ne sum zadovolna niod  dvajcata  custuvuvam deka nesto nee vo red ve molam sovet ili bilo sto






Bogdancanka -> RE: Спонтан абортус (25.5.2010 23:42:51)

најпрво добренидојде Менца[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] се надевам ќе имаш пријатна дружба со сите нас на рр и ќе добиеш одговори на твоите прашања,убаво рече дека не сме доктори али имаме доста искусни мамички кои сигурно би ти дале некој добар совет,тука сме мила за подршка и за се што ќе ти треба [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] поззз
ајде мамички совет?




Палешка РР -> RE: Спонтан абортус (25.5.2010 23:59:25)

И мене ми крцкаше во 4-ти месец, како да ми се преметнува мускул и појдов одма на преглед и кога ја прашав докторката се зачуди [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] , но ми рече дека е се` во ред. Појди и ти обавезно.




mamicka77 -> RE: Спонтан абортус (23.6.2010 14:04:32)

ИЗВОРНА ПОРАКА: vesna_kr

Зошто се случува спонтан абортус? Ако сте имале такво лошо искуство како сте се справиле....


Jas nemozam da se pomiram seuste so zagubata na mojot plod.Seuste mi e vo mislite i ke mi bide do krajot na mojot zivot nemozam da go zaboravam niz site maki sto gi pominav i bev spremna uste na mnogu izmacuvaja samo da mi se zadrzi plodot no se bese zaludno.Go nosev cetrii meseci a poslednite dva meseci od bremenosta gi pominav vo bolnica i koga mi kazaa deka nema srcevaakcija srceto i se skrsi cinam celata bolnica mi se prevrte,nemozev da se smiram bev sama vo bolnicata vo Cair soprugot ne go pustaa na poste bidejki tamu posetite se zabraneti bev sama samo po telefon se slusavme i mi bese mnogu tesko i na mene i na nego,sakav i jas da zavrsam so plodot.No eve vremeto si pomina a jas seuste mi e vo mislite terminot mi bese do 10 Avgust 2009go.Kako se nablizuvase terminot na mene mi bese se potesko i potesko i samo gi izgovarav zborovite deneska ke se porodese ke bev najsreknata majka ali se bese  zaludno i nemozam da se pomiram a na celata nesreka od togas ne mozam da ostanam bremena bolkata mi se zgolemuva se poveke samo ziveam so nadezta deka naskoro ke stanam majka pa mozebi ke mi bide polesno sekako deka nema da go zaboravam i toa no pak ke bide podrugo mozebi nema da mislam mtolku.




mamicka77 -> RE: Спонтан абортус (23.6.2010 14:07:37)

ИЗВОРНА ПОРАКА: angelcinja

takvi se nasive doktori dojde sestrata da i mi vika ako ti e dobro odi si jas stanav ne mi se vrtese pametot mislam dobro mi bese i si otidov od bolnica ne me pregledaa jas dr den koga kaciv temperatura mu kazav na ginekologot i toj togas mi rece dojdi da vidam da ne ostanalo uste nesto koga otidov sto ke vidam se ostanato i vrekickata i plodot se bukvalno se katasrofa se doktorive barem koga zimaat edna rabota neka ja zavrsat do kraj a ne vaka e toa takva ni e drzavata da ne znaete kolku pari e vo cistina cistenjeto?



Za vo sistina ne znam a vo remedika znam tamu e okolu 8000iljadi jas odam tamu na pregled kaj doktorkata Petrova Elena i sum premnogu zadovolna a vo sistina mislam deka e poskapo




Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>