RE: Ортопед (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Разговори на родители



Порака


rici -> RE: Ортопед (2.4.2015 5:37:40)

I mjot Stefan ima ramni tabani, ima 4,5 godini, sekoja godina od bolnica ni prepisuvaat ortopedski cevlicinja, i pak isto. Isto d-rkata rece mal e uste, moze so vremeto da mu se ispravat i da go ostavame bos. (toj i onaka celo vreme bos odi :)




Slonceo1 -> RE: Ортопед (10.4.2015 19:51:18)

Mamicki jas bev kaj doktor Goran Vidoevsi i ispadna deka se e vo red. Samo od pamet covek da izvadat. Inaku site mamicki na koi im e kazano nivnite bebenca da nosat kaisi da si pobarat vtoro mislenje.




lukajana RR -> RE: Ортопед (10.4.2015 22:38:52)

Slonceo 1 сега можеш мирно да спиеш[sm=smiley36.gif],докторите знаат да го извадат човек од колосек, сега да му одиш на учениот доктор со извештајот ,за џабе ке го малтретиравте детето.
И не само за ова за жал за се треба да се бара второ мислење ,заради некои доктори веќе во сите се сомневаме[sm=smiley13.gif]




Melanija RR -> RE: Ортопед (15.5.2015 22:23:35)

М сеуште на 21 м не е до стабилизиран од нагли и брзи двиења, советите се тие дома бос а надвор соодветни патичиња.Последно бевме 4 месеци по проодвување, во декември и ни рекоа дека за 4 месеци ќе се стабилизира.Ок ама па знае да залута.Следна контрола на 3 години.
Но кога трча по дома стапалат предниот дел му одат навнатре и брзо трча па често како да гази на страна со ногата а не на цело стапало.
Знам дека тоа се решава со обратни патичиња,но дали е рано за навнатре да оди? Да се консултирам па на преглед?




Neurotoxin RR -> RE: Ортопед (16.5.2015 9:20:45)

Ние кога бевме на ортопед кај доктората во ортомедика, ни рече дека е нормално навнатре да газат, тоа е инстинкт, рефлекс, зашто се раѓаат со ноџињата во форма на буквата О, па со цел да се исправи газат навнатре, е сега за да не продолжи тоа така, се што треба е само нормално да се развива, што повеќе бос, и да не седи на коленца па со нозете од колено надалое наназад, туку најправилно било турски прекрстени ноџињата. Ако ме разбравте сега за позицииве [sm=smiley36.gif]
Значи така како што не треба го најдов како W sitting position.




sandriana RR -> RE: Ортопед (16.5.2015 17:38:48)

И јас за Т прашував за моментот газење навнатре со стопалцата, од скочен зглоб. Го добив истиот одговор како Neurotoxin - појава наречена физиолошки Х и препорака за седење „турски„. До сега не сум забележала подобрување, а ми напомена д-рката дека би требало да се регулира до 5 годишна возраст.




Melanija RR -> RE: Ортопед (20.5.2015 14:21:48)

Ама кога оди пред мене со едното стапало баш навнатре оди коси,кај го мрзи па знае да влечка нозе .Вака на 21 м како недостабилизиран.Ако има малку подигнато несмеам сам да го пуштам да оди одма ќе се тресне.
Но штом е така, го пазам и нема навика така да седи клекнат со позади нозе .
За тоа х ни рекоа дека дури ќе ни изгледа дека има криви нозе но всушност е тоа оформувањедо до 5 год




vanessa30 -> RE: Ортопед (2.6.2015 12:01:10)

Ај и јас да пишам на оваа тема. Син ми има 3,5 години, пред 2-3 месеци го однесовме на ортопед бидејки приметивме дека гази навнатре, стапалата му се рамни, а плус на тоа и нозете ни се Х. Закажавме кај еден ортопед во Букурешт и после прегледот, стандард ни рече да внимаваме да неседи со нозете по газето, туку турски (е тоа дома јас го карам, ама во градинка незнам како седи и дали го опоменуваат), и ни преписаа и ги земавме и ги носиме ортопедски чевлички. Срека неправи проблем и сака да ги носи, и ги носи во градинка.
Мегутоа еве еден месец скоро одвреме навреме ми се жали на болки во листовите од нозете и на болки во зглобовите.

Дали некоја од вас го има овој проблем да споделиме искуство.

Незнам дали ова е поврзано со ортопедскиве чевлички што ги носи, или станува збор за нешто друго,. Бидејки читав некои статии дека на 1 од 10 деца при брз раст чуствуваат болки во нозете, зглобовите и колената.На ова најчесто се жали навечер пред спиење или се буди со болки од спиење.
Е сега и мајками ми потврди дека јас како мала сум имала болки во колената и сум се жалела, а дури и ден денес колената знаат да ме вртат при промена на време.
Ај писете и споделите искуство и мислење.
Инаку следно во септември сме договорени за контролен преглед.




Neurotoxin RR -> RE: Ортопед (2.6.2015 19:46:03)

Мислам дека сега правилно гази и му се зацврстува и правилно оформува мускулут во тој дел. Слободно давај му Б-комплекс, таму има Б12 за градба на мускулно влакно, Б6 за да го опушти од болката. а и не е на одмет




lukajana RR -> RE: Ортопед (2.6.2015 23:29:43)

Vanessa30 можеш да му ставаш облоги од борова вода или да му ги мачкаш ноџињата со водата ако не сака да држи облога ,јас од мала имам болки во мускулите на нозете кои некогаш се појаки некогаш послаби и ми рекоа дека е од рамни стапала .
Сепак кога ке одите на контрола нека го види докторот и на стапалата додека е помало поубаво се решава.позз




Felly RR -> RE: Ортопед (21.10.2015 16:00:03)

Ние денес бевме на прв преглед на ортопед, и докторот рече се е во ред, ама на извештајот што ни го даде пишува дека не се присутни јадра - па ме интересира на колку месеци се оформуваат јадрата? Ние немаме ни 2 полни.




tincule -> RE: Ортопед (21.10.2015 16:30:41)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Ние денес бевме на прв преглед на ортопед, и докторот рече се е во ред, ама на извештајот што ни го даде пишува дека не се присутни јадра - па ме интересира на колку месеци се оформуваат јадрата? Ние немаме ни 2 полни.

Мислам дека можат да се видат веќе после 5-6 месец, како што се сеќавам ако не сум грешка.




lukajana RR -> RE: Ортопед (21.10.2015 18:24:16)

Felly rr рано е да се оформат на нареден преглед може да бидат оформени ,јас сум ги носела на 5-6 месеци втор пат.
Иначе ја носев и јас Јана во септември на ортопед да ја види проодена и ми закажаа по два дена во Мајчин дом ,се чудев зашто бев спремна да чекам два месеци [sm=smiley1.gif]
Докторката многу љубезна до сега не сме биле кај неа ,ја прегледа од глава до пети ,ја пушти да оди боса ,ми рече од Октомври да давам капки за коски и контрола по една година




TeaM -> RE: Ортопед (2.5.2016 23:40:28)

Мамички, кога ги однесовте васите бебиња на прва ортопедска контрола, после онаа по раѓање во болница?

Од кога почнвте да им давате Д капки ? Колку и кои Д3 или Вигантол?




Bea -> RE: Ортопед (3.5.2016 10:10:42)

Ние го однесовме на полни 2 месеци, наредна ни закажаа на 6 месеци.
Уште од болница имавме препорака по навршени 8 дена на бебушот, да ставаме по 1 капка Вигантол, потоа со порастот на килажата зголемивме на 2. Сега и ортопедот ни рече да продолжиме со Вигантол 2 до 3 капки.




sandriana RR -> RE: Ортопед (3.5.2016 10:24:05)

Девојки, во врска со капките кои содржат различни форми и концентрации на Д витамин има и засебна тема ТУКА, па може и во нејзе за прочитате и продискутирате.




TeaM -> RE: Ортопед (18.5.2016 20:09:32)

Препорака за добар ортопед? Освен Видоевски ( нема термин) и Иванка-Ремедика (лошо искуство)?




sandriana RR -> RE: Ортопед (19.5.2016 20:10:44)

Тони Талески во Неуромедика, или Александра Димовска, исто во Неуромедика Влае. Др. Тони има и термини во Мој Термин, а Александра мислам само на приватно работи.




Babygirl2016 -> RE: Ортопед (21.5.2016 14:19:22)

Odlicen ortoped Dr Vesna sto raboti vo Ortomedika kaj Vidoevski.




Sanco -> RE: Ортопед (2.11.2021 17:41:26)

Zdravo jas da prasam moeto detence e 2 godinki koga place dolniot del od levata strana go spusta nadolu...paniki me fakat moram na ortoped ama da mi kazete nekoe vase mislenjeFalaaa viii




Страница: <<   < Претходна страница  30 31 32 33 [34]