Bethany
|
Пробај, барем да ги надокнади витамините на инстант начин,па може ќе му го поттикне апетитот. Кај нас многу време помина откога мојот син имаше стомачен вирус, можеби едно месец дена, ако не и повеќе, и се ни е од тогаш пореметено,буквално. Што сакаше да јаде, од тогаш веќе не сака, не сака да џвака, само голта, како некој страв во него да влегол од тоа повраќањето, па не сака да ја допре храната со уста, не знам ама знам дека од тогаш започна се.... кога види одредена храна во чинијата, која дотогаш ја сакаше и ја јадеше, веднаш прави звукови на гадење, одбива ја, и се морам нешто ново да измислувам, барем да направам да изгледа поинаку храната за да не му се гади и пред да проба... Се надевам дека како дојде, еднаш мора и да оди овој период.... Читав и на нет дека во оваа возраст, порано или покасно, (тој е 23 месеци ) , има и термин се вика Неофобија-страв од новите работи, посебно во врска со храната (прочепкај по нет, можеби ќе најдеш нешто за утеха, ако не па)... Додуша мојов не само што има страв од новите работи, нема шанси нешто да го натераш да проба, ма ниту да го погледне, туку и тоа што јадеше треба да се намолиме да проба, ептен неколку јадења што јаде без да го испитува и одбива...
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
|