|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Што треба да јаде доилката?
20.3.2009 23:40:02   
mis.
Mislam deka kolicinata i kvalitetot na majcinoto mleko mnogu zavisi i od ishranata na doilkata.Za pogolema laktacija se preporacuva pcenkarno brasno,nikulci zita bogati so b kompleks,Pivo(sum cula za nekoe bezalkoholno)Caj od bilna apteka(anason,kim,majcina dusica,grcko seme)
Treba da se izbegnuva gazirani sokovi,kofein(kafe,koka kola..)nikotin,zelka,brokula,grav
Sto mislite za mlekoto.Dali majkata treba da pie mleko?

< Поракaта ја уредил Elena -- 21.3.2009 15:08:22 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Што треба да јаде доилката?
21.3.2009 7:01:48   
Еца
Odlicen spisok misuser posted image user posted image user posted image jas samo ke se nadovrzam deka ne trba da jade kikiriki,citronsko ovosje,poretko jajca,cokalada,zasto seta ovaa hrana sozdava problemi vo stomaceto na naseto najmilo. A za mleko,pa ne znam,jas i ovaka i onaka ne go sakam,pa ne sum go piela,no zatoa jogurt da.

< Поракaта ја уредил mis. -- 8.3.2010 13:09:43 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Што треба да јаде доилката?
14.6.2009 20:51:03   
Еца
 Проблематични „ продукти во исхраната на доилките :

• грав, грашак, мешункаст зелечук, кромид, зелка - може да предизвикаат појава на грчеви кај бебето

• кофеин и теобромин (ги има во какаото и чоколадите) - во големи дози може да предизвикаат раздразнетост и немир кај бебето

• теин - состојка во чајот кој има слично влијание како и кофеинот. Препорачливо е конзумирање на чај, меЃутоа треба да се одбере оној кој има помала содржина на теин. Треба да се избегнува црниот чај

• не се препорачува многу солена ниту лута храна

• миризливиот зеленчук ( лук, кромид, брокула ) содржи мирисни масла кои преминуваат во млекото и му даваат специфичен мирис кој кај повеќето бебиња предизвикуваат проблеми на дигестијата

• млечни производи - многу често грчевите кај бебињата може да се јават како последица од конзумирање на млечни производи од страна на мајката

Немојте да дозволите Вашата исхрана да стане еднолична бидејќи тогаш многу тешко ќе бидат целосно задоволени потребите на организмот од хранливи материи.

< Поракaта ја уредил mis. -- 8.3.2010 13:10:24 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Што треба да јаде доилката?
14.6.2009 21:21:49   
mami
Значи се е тоа супер ама ако видиш списокот што се треба да јаде и не треба да јаде доилката е мање више ист...она што е добро за неа е лошо за бебето и обратно...се изначитав книги за грчеви кај бебето и според нив мајката треба да биде на леб и вода, па дури и тоа може да предизвика грчевиuser posted image тие се нормална појава преку која стомачето се навикнува да работи, само кај некои се поизразени(особено кај машките, девојчињата се поиздржливи) а кај некои се послаби...јас избегнував само грав, грашак, зелка, чај, кафе, од чоколадо не се откажав воопшто и се друго јадев нормално...млеко пиев по литро на ден...Лука имаше само 3-4 јаки епизоди на грчеви, се останато беше подносливо..

< Поракaта ја уредил mis. -- 8.3.2010 13:10:43 >

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Што треба да јаде доилката?
14.6.2009 23:47:07   
mis.
Мами тоа со грчевите може држи место бидејќи со првиот син јадев се и не внимавав со јадењето и немаше грчеви а за второво внимавав а грчрви имаше до 2 месеци.Меѓутоа со второво имам дете што е многу посмирено си спие едноставно мирно бебе спротивно од првото ама сега не пијам кафе,газирани пијалоци што мислам дека само го вознемируваат детето.Живеам здрав живот и истиот му го пренесувам на моето дете.Морам да ја споменам и нервозата која е најважна како за доилки многу повеќе и за трудници.Нервозна трудница\ доилка нервозно дете,смирена трудница\доилка мирно дете.Оваа сум го осетила на своја кожа и верувам во тоа.Мој совет е не се нервирајте,бидете смирени бидејќи такво во моментот е и вашето дете.

< Поракaта ја уредил mis. -- 8.3.2010 13:10:56 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Што треба да јаде доилката?
28.7.2009 20:09:17   
Еца
Мимичка еве тука ти одговарам на прашањето, јас внимавав со мартина првите 3,4 месеци, потоа почнав се да си јадам, веќе и организмот на детето е појак, па мислам дека можеш да си јадеш се, бидејќи има мајKи кои дури на 4 месеци и почнуваат со воведување на храна, па мислам дека нема логика ние да внимавме после 4 месец. Ајде еве нека пишат и другите мајки за своето мислење и искуство, до кога да се внимава што треба да јаде доилката, додека траат грчевите до кај трети месец или и понатака?

< Поракaта ја уредил mis. -- 8.3.2010 13:11:10 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Што треба да јаде доилката?
30.7.2009 2:02:58   
nadica
nadica mie prvo dete i mnogu iskustvo nemam ama jas nemav nesto strogo ne ,,se e dozvoleno vo umereni kolicini,, veli svekrva mi (akuserka e) i do sega super napreduvame
a mleko pijam mnogu po 1 litar i povece dnevno ama odsekogas pijam mleko i uzivam user posted image

< Поракaта ја уредил mis. -- 8.3.2010 13:11:26 >

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Што треба да јаде доилката?
30.7.2009 15:22:54   
Cacko
posto jas se uste nemam bebence, imam iskustvo samo so vnukite i sestra mi kako doilka.Me interesira dali nekoj znae zosto na doilka prvite da recam otprilika 2 meseci ,ovosje vo sirova forma ne i se dava (ili barem ne se preporacuva),tuku samo vareno kako kompot.Sestra mi za prvoto deta ne go primenuvase toa i imase dosta maka so grcevi vnuka mi,dodeka pak so vtoroto go primeni i sve si projde super

< Поракaта ја уредил mis. -- 8.3.2010 13:09:17 >

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Што треба да јаде доилката?
30.7.2009 17:45:06   
Палешка РР
Јас пиев многу боза и имав млеко колку прилепска млекара своевремено (сега пропадна) user posted image
За жал Марио не цицаше user posted image

< Поракaта ја уредил mis. -- 8.3.2010 13:09:03 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Што треба да јаде доилката?
30.7.2009 18:00:10   
mimicka
Cacko mene bratucetka mi koj mi e pedijatar a i patronaznata mi kazaa da nejadam grav,grasak, zelka i nekoi dr.zelencuci gi ima gore navedeno Elena. I navistina pomaga Ilija mi ima 2.5 meseci i za sega e super mnogu malku ima grcevi da nekazam ic. Sto se odnesuva do ovoseto mene mi kazaa deka mozam da si jadam vo sekakva forma i toa go prava mnogu user posted image . Navistina neznam.

< Поракaта ја уредил mis. -- 8.3.2010 13:08:47 >

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Што треба да јаде доилката?
30.7.2009 20:02:10   
Еца
За свежото овошје и јас немам слушнато дека би требало да се преработува, јас го конзумирам свежо, како што веќе нагласив избегнувајќи го цитронското овошје кое прави проблеми на стомачето кај бебето.

< Поракaта ја уредил mis. -- 8.3.2010 13:08:31 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mimicka)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Што треба да јаде доилката?
8.10.2009 17:42:33   
mis.
Сигурно секоја мајка после породувањето сака да се врати во поранешната состојба во што е можно пократок рок.меѓутоа треба да знаете дека со строга диета ќе го лишите детето од многу потребни материи.Диети при кои се избегнуваат јаглехидрати и при кои се консумираат само супи не се препорачуваат во никој случај,а особено не кога вашето тело трпи хормонални и метаболички промени.
Колку подобро ќе се храните,толку поздраво млеко ќе му обезбедувате на вашето дете, затоа треба да избегнувате готова храна,адитиви,вештачки бои и слични неприродни супстанции.Ако се грижите за вашата телесна тежина,во периодот на доењето,кога вашето тело согорува големо количество калории,ќе го потикнете вашиот метаболизам со редовни прошетки,истегнување и вежбање.
Треба да имате на ум дека додека доите не ви е потребно поголемо количество храна од обично.Само хранете се квалитетно и здраво и брзо ќе се вратите во претходната форма,а вашето дете ќе ги добие сите потрбни материи.

< Поракaта ја уредил mis. -- 8.3.2010 13:08:14 >

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Што треба да јаде доилката?
13.11.2009 16:35:14   
Milicka
ДАЛИ ЗНАЕ НЕКОЈ ДА МИ КАЖЕ ДАЛИ ДОДЕКА ГО ДОЈАМ БЕБЕТО СМЕАМ ДА ПИЈАМ АЛОЕ ВЕРА ЗА ИМУНИТЕТ? ИЛИ КАДЕ ДА ПРОЧИТАМ? ВИ БЛАГОДАРАМ!!!

< Поракaта ја уредил mis. -- 8.3.2010 13:07:54 >

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Што треба да јаде доилката?
7.12.2009 13:42:40   
mis.
Нормална здрава исхрана е се што ви треба за време на доењето. Порано експертите препорачуваа мајките кои што дојат да внесуваат екстра 400 до 500 калории на ден, но најновите откритија покажуваат дека не ви се потребни тие дополнителни калории. Се што ви е потребно е добро избалансирана исхрана.

Треба да го намалите количеството на кофеин, да избегнувате чоколадо, зачинета храна и друга храна која може да му пречи на вашето бебе. Внесувајте многу течности – окситоцинот кој го испушта вашето тело додека доите ќе ве прави жедна и ќе ве потсетува да пиете течности.
Запаметете дека иако доењето е природен инстинкт, може да имате проблеми првите неколку дена додека вашето бебе научи да цица. Слободно консултирајте се со медицински персонал или пријатели кои веќе доеле бидејќи нивните совети ќе ви бидат добредојдени и корисни.

< Поракaта ја уредил mis. -- 8.3.2010 13:07:39 >

(Одговор на членот Milicka)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Што треба да јаде доилката?
17.12.2009 22:07:31   
mis.
Јадете разновидно, урамнотежено, избегнувајте луто и кисело - се најчестите совети за мајките кои дојат. Еве неколку совети колку и што да се јаде, а што да се избегнува Општо, се верува дека мајките кои дојат би требало да внесуваат дополнителни 500 калории дневно. Сепак, исхраната едноставно мора да биде квалитетна, што значи здрава, разновидна и што е можно помалку преработена.

ШТО ЗНАЧИ РАЗНОВИДНА И КВАЛИТЕТНА ИСХРАНА? Свежо овошје и зеленчук, житарки и продукти богати со калциум како и животински и растителни белковини (месо, риба, млеко, грашок, мешунки, ореви, лешници, семки од сончоглед). Исто така, омега-3 масните киселини, вклучувајќи ја алфа-линоленската, ЕПА и ДХА, кои се исклучително важни за детето и играат клучна улога во развојот на мозокот, очите и нервниот систем. Заблуда е дека мајката која дои треба да пие многу млеко. Имено, млекото не произведува млеко, но сепак важни се состојките кое тоа ги содржи. Калциумот е потребен во прехраната на бебето, па оние мајки кои не пијат млеко треба да го побараат во други млечни производи, семки од сусам и друго. ШТО ДА СЕ ИЗБЕГНУВА?
Општо, секоја храна која содржи многу шеќер, маснотии, кофеин и сол. Во различни делови од светот постојат различни верувања за влијанието на храната при доењето. Така на пример, на жените во Кина и Југоисточна Азија им се советува да избегнуваат ладни пијалаци, Латиноамериканките веруваат дека треба да избегнуваат свинско месо, чили и домати. Некои Африканки избегнуваат кромид додека дојат, а во Австралија се советува да не се јаде зелје, чоколада, зачинета храна, грашок, кромид и карфиол бидејќи може да предизвикуват грчеви, гасови, дијареа и алергии. Сепак, најчесто нема потреба да се избегнува ништо од оваа храна, туку таа да се конзумира умерено. Исто така, ако во семејството постои склоност кон алергии на одредена храна, се советува нејзино избегнување. Неколку совети за храната која би можела да ви пречи и зошто: - тешката и многу зачинета храна може да предизвика минлив немир кај децата и да го измени вкусот на мајчиното млеко, па детето да почне да го избегнува. - зелје и мешунки (грав, леќа, грашок, наут) поради гасовите, односно, надуеноста - кравјо млеко кое е чест предизвикувач на алергии и е тешко сварливо. - умерена количина на кафе не би требала да пречи на бебето. Сепак ако забележите дека тоа е плачливо и помалку спие, намалете го неговото конзумирање. - чоколадата, како и кафето во умерени количини не би требала да пречи. - алкохолот воопшто не се препорачува, а доколку го конзумирате, не треба да го доите бебето во наредните два часа.

< Поракaта ја уредил mis. -- 8.3.2010 13:07:24 >

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Што треба да јаде доилката?
8.3.2010 13:07:06   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: biljana_ppp

Sto mislite dali bozata pomaga za idnata majka da ima poveke mleko.Kolku sto znam treba da se pie vo 9 mesec pa i otkoga ke se porodi majkata.dodeka e vo bolnica.Cekam vasi mislenja?

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Што треба да јаде доилката?
8.3.2010 13:10:14   
baby mama
Којзнае дали е вистина ова за бозата?  Еве јас моментално пијам боза, и јас имам слушнато дека надоѓа млеко од неа user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Што треба да јаде доилката?
8.3.2010 13:49:42   
Весна
Е може така било кога бозата ја правеле со јачмен, а сега е со пржено брашно. Туку, бејби мама, купи си чај за доилки од билна апрека, та барем ќе знаеш што пиеш. Мене од чајот (од грчкото семе) баш солидно ми надоаѓа млекото. 

(Одговор на членот baby mama)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Што треба да јаде доилката?
8.3.2010 14:29:41   
riba79
bozata e ziva glupost za mleko demek da imas..user posted image jas piev boza mnogu,a nemav mleko ja doev malata samo 4 meseci taka da samo ke se zdebelite.pozdrav

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Што треба да јаде доилката?
8.3.2010 14:58:50   
profesorica
јас пиев многу боза како доилка и нвистина имав повеќе млеко.жени бозата е добра и за убави гради.обично кога пијам ми се како пополниuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот riba79)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Што треба да јаде доилката?
8.3.2010 15:28:13   
baby mama
Првите 2 месеци го пиев тој чај,инаку имам млеко онака си пијам боза user posted image , често си купуваме. Фала Весна user posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Што треба да јаде доилката?
8.3.2010 15:53:20   
Тања РР
Јас пијам Хип чај за доилки и боза наизменично и мислам дека од бозата навистина ми се зголемува лактацијата а чајот е чиста мачкина кашлица. Сепак бозата мноооогу ме здебели. Пробам да ја исфрлам но ако не се напијам два дена млекото значително ми се намалуваuser posted image

(Одговор на членот baby mama)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Што треба да јаде доилката?
8.3.2010 16:06:00   
Leonida
Јас си пијам чај од Хипп и оној од билна аптека. Но ме нервираат што веќе цел месец немаат грчко семе и не знаат кога ке добијатuser posted image

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Што треба да јаде доилката?
8.3.2010 16:12:17   
mis.
Јас мислам дека од бозата моментално ти надојдува многу млеко но потоа следи стагнација и затоа не ја препорачувам.И вистина многу се дебелее од неа.

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Што треба да јаде доилката?
9.3.2010 12:36:37   
alex_mo
      Првите денови откога се породив...некако неможев да ставам ред со млекото.Имав многу ,па се измолзував,потоа една вечер снемав,а Ања нервозна ,морав да и дадам адаптирано.Дојде патронажата и и го кажав проблемот.МИ препорача само пиво...се зачудив,зашто има алкохол,а таа ми рече дека не е штетно и дека е мал процентот на алкохол.И доволно ми е една чаша (околу300мл) дневно.Оттогаш пијам секоја вечер и супер е ...пробајте.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?