sandriana RR -> RE: Доење на саат или по барање на бебето (18.7.2015 23:08:50)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: gina na kolku vreme gi doite mene patronaznite mi rekoa da go budam na 2 sati ama ne se budi taka da mu davam koga sam ce se razbudi na 4 -5 sa4ti pocnaaa pak odmor nemaa ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla За будење, Л го будевме на 3 часа ако затераше до 3 месеци бидејки е роден предвреме. Мислам и 4 часа не е страшно ако е 1 во денот ама мислам за новородени е 3 часа. ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR Да, пази на температурата, може ако му е топло и од тоа да плаче повеќе. Инаку за доењето, имаме и посебна тема, но накратко - за новородени оптимално е да цицаат на 2 часа, како што ти кажале. Ако спие, обавезно буди го, сепак е многу мал. Колкава тежина има? Колку толку, нека цицне, ионака желудничето му е мало, ама битно е да има стално млекце. До 4 часа може да го оставаш тек кога ќе биде поголем, после месец дена, сега не. И моите не се будеа, па ги будев точмно на 2 часа за да јадат, тоа е. А ако бара и почесто, давај му - во тој случај, не гледај на саат. ИЗВОРНА ПОРАКА: gina ce probuvam na brzina da go dojam inaku koga i da bara stalno go stavam na grada a lazackata taka silno ja cuva kako so cucla da bil vo mese no zagrizena sum dali treba da se odmolzuvam jas ja menuvam gradata pri sekoj podoj sega ne ako e na 10 min.ako e na sati e sega mi se pomeki ama mleko ima sveh\krvami mi vika samo da ne se laze kako meki gradite da ti se da ne ne mu e dovolno ama koga se se stegnam istekuva e nekogas si tece i po mene se rodi 3400 ne ispustija so 3140 pa za 4 dena krenavme na 3280 so moe i tri sisenca hipp pa za nekoj den pedijatarot treba da dojde da go meri ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla гина, градите треба да се меки, не дозволувај да се стврднуваат. Филозофијата е дека во градите има сензор така кажано, колку почесто о подобро се празнат тоолку повеќе ке се полнат. НЕМОЈ никој да дозволуваш да ти се меша во цицањето, ама баш никој, тоа си е посебен момент меѓу тебе и твојот син и во никој случај немој да слушаш приказни од типот дали млекото е доволно јако, дали имаш доволно итн.... До 6 недели се регулира лактација до тогаш бебето само ке си ги нагоди градите колку да се полнат на колку време. За некој ден само ке си се буди повеќе, а ако заспива на града додека цица, пробај со компресии има видеа на јутуб. Мене ме советуваа да го голицкам, кубам, штипкам, ама тоа е безвезе, само ако му протече млекце ке мора да голтне и да биде свесен да цица. И мајка тешко е, јас го доев навечер во дневна, намерно со пуштен тв, за да не задремувам. Или и мт нека учествува, ти дој, па потоа тој нека го држи обавезно да ждригне. и УЖИВАЈ, брзо мине времето. ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR Да не офтопикувам, Гина, ти најдобро си знаеш што му треба на бебето, тоа е и хормонално, и интуитивно - па до вчера бевте едно тело! Се слагам со lolla, ич не дозволувај некој друг да ти кажува за доење, си знаеш сама, или ако не, наскоро само ќе ти се каже. Синко ти има супер тежина, супер напредува, така што тоа значи дека добро правиш. Со таква тежина, мислам дека не мора да форсираш на 2 часа доење, но слушај го педијатарот, не нас. Не додавај АД ако добро напредува, и набрзо доењето ќе ти стане големо задоволство. Ќе почне да те гушка, да те гали, да те гледа... Ќе си знаеш и колку цицал, колку испразнил, и дали е најаден. Инаку, праша за измолзувањето, не ти пишав - доколку сакаш да зголемиш количина, добро е да се измолзуваш после секое цицање додека не ја испразниш секоја града. Тоа само ќе стимулира нова количина млеко. Измолзеното чувај го за ситуации во кои можеби нема да сака или може да цица, па да му го дадеш со шишенце, чисто како резерва. И исто така, измолзувај секогаш кога ја осеќаш тврда и преполна градата, дури и ако е измеѓу цицања или ако синко спие и не му е време за јадење. Градата менувај ја како што ти одговара и како што осеќаш - која ја чувствуваш пополна, понуди ја, ако се најаде од неа, следниот подој другата, или ако не, на пола доење смени го на другата, па на следен подој обратно. Имаш какви сакаш комбинации, најди некоја што вас двајца ќе ви одговара.
|
|
|
|