Bethany -> RE: Доење на саат или по барање на бебето (7.8.2013 8:47:37)
|
Мајкичка, добредојде на РР. [sm=smiley31.gif] За бљуцкањето не се грижи, тоа е сосема нормално! Подојот не и скратувај, таа си знае колку и е доволно, напротив, ако сметаш дека не е доволно нацицана дури треба и да ја разбудуваш да се доцица, ама штом бљуцка, тоа е вишокот и сосема нормално кај мали бебиња, посебно тоа "капачето" на желудникот се уште не и функционира како што треба и затоа бебињата бљуцкаат. Ако заспие, само ја дигни во усправена положба, наслони ја на своето раме и сосема благо тапкај по грпчето, не би требало да се разбуди од тоа, барем така јас со син ми правев. Некогаш го држев и по 15 минути и искрено тоа ми беше најмачниот дел, посебно во ноќните подои, ама ждригнувањето е добро за да не се создаваат грчеви. Ако не ждригне и после подолго време, спушти ја полека да спие, па и ако бљуцне, не се секирај, бебињата тоа прават [sm=smiley1.gif] Може да ја свртиш на страна да спие, така и ако бљуцне, ќе и биде полесно да го исфрли млекото, и можеби и нема да ика. А икањето и мене ме нервираше, ама и тоа е нормално, и бебушката не се мачи со икање иако така изгледа. Ќе се намалува со тек на времето. Опусти се и уживај во бебушот [sm=smiley31.gif] Повеќе имаш тука за Повраќање кај бебиња Исто така и темата за Икање
|
|
|
|