Весна -> RE: Доење на саат или по барање на бебето (27.12.2009 23:12:42)
|
Јас еве поучена од вас и примарно држејќи се до мајчиниот инститнкт, ја дојам кога таа ќе посака. Го врти главчето лево-десно и зева со устето, па знам дека е гладна. Првите денови, баш додека бевме во болница, од памет ме вадеа сестирите зашто Јана ептен се забораваше со спиењето, па ќе фатеа 4-5 саати од последното доење и овие веднаш ќе земеа да ја будат, а таа да си праша, па штипкање, кревање, ништо, абер си немаше од будење, и така со шприцот без да ме прашаат, набрзина ќе и’ вбризгаа млеко и пак назад во креветчето. Ауф, ќе ги убиев неколкуте сестри што правеа така. Сега си чекам да си се разбуди, ќе си ја пресоблечам, ќе се помазиме и јуриш на цицање едно 10-15 минути и уште толку мазење. Инаку, откако сме си дома се буди на 2-3 саата, токму кога и почнува само да ми протечува млекото. Како на се’ си мисли природата. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
|
|
|
|