|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Говор на детето
10.7.2012 14:38:46   
AnnaMolly RR
Марија, еве на овој линк може да прочиташ нешто повеќе за говорот на детето и кога е вистинското време за на логопед.
http://www.ringeraja.mk/statija/koga-e-vreme-za-logoped_1285.html?page=1



_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Maria)
Непосредна врска до пораките: 126
   RE: Говор на детето
10.7.2012 14:45:07   
Maria
Ти благодарам Anna Mollyuser posted image
А доколку некој има поминато низ, ова ве молам споделете го вашето искуство и совети кои секако би ми биле добредојдени.user posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 127
   RE: Говор на детето
10.7.2012 17:16:17   
Felly RR
Мариа, ѕирни ја и оваа тема. Логопед.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Maria)
Непосредна врска до пораките: 128
   RE: Говор на детето
10.7.2012 17:38:20   
Felly RR
Еве една табела што ја најдов на заздравје, која го отсликува развојот на говорот.

Очекувано однесување на детето:

До 3 месеци:

- Се оддалечува кога ќе чуе силен звук
- Престанува да плаче кога ќе му се обратите
- Го менува начинот на цицање во зависност од звукот кој го слуша
- Се огласува кога е задоволно
- Различно плаче во зависност од своите потреби
- Се насмевнува кога ќе Ве види

До 6 месеци:

- Ги движи очите во насоката на звукот
- Ги приметува промените во Вашиот глас и реагира на истите
- Ги приметува звучните играчки
- И обраќа внимание на музиката
- Се огласува со повторување на определени слогови (ма, ма, ма)
- Се смее
- Го вокализира одушевувањето и негодувањето

До 12 месеци:

- Ужива во игрите со криенка
- Се врти и гледа во насоката од која што доаѓа звукот
- Слуша кога му се обраќате
- Ги препознава зборовите за предметите во секојдневната употреба (сок, книга, шолја...)
- Одговара на едноставните барања (“додади ја топката“, “дојди овде“)
- Гугањето станува поинтензивно и подолго трае
- Се огласува за да привлече внимание
- Употребува гестови за да соопшти што сака (на пример, ги подигнува рацете за да го кренете)
- Имитира различни звуци (ономатопеја)
- Околу првиот роденден се појавува и првиот збор, т.е. збор со значење

1-2 години:

- Ги покажува одредените делови од телото кога ќе го прашате за нив
- Ги покажува и именува сликите во книгата
- Одговара на едноставните барања (на пример “каде е мечето?“)
- Слуша кратки приказни и песни
- Секојдневно го збогатува својот речник
- Поставува едноставни прашања (“каде е...?“, “што е...?“)
- Спојува два збора и формира проста реченица (“дај сок“, “бебето спие“)

2-3 години:

- Ги разбира разликите во значењето (големо – мало, оди – стој)
- Одговара на две барања дадени истовремено (“земи ја топката и стави ја во кутијата“)
- Слуша и ужива додека му раскажувате подолги приказни
- Знае да ги именува скоро сите работи од опкружувањето
- Речениците се состојат од 2-3 зборови
- Секојдневно го збогатува речникот и ги проширува речениците
- Говорот на детето е разбирлив за фамилијата

3-4 години:

- Одговара на прашањата кој?, што?, каде?, зошто?
- Опишува што се случило во градинката, паркот, продавницата...
- Користи реченици составени од 4 зборови
- Во говорот не ги повторува слоговите ниту зборовите
- Со навршени 3 години треба коректно да ги изговара с, з и ц, додека со навршени 4 години, ш, ж, ч и л.
- Говорот на детето е разбирлив и за пошироката социјална средина

4-5 години:

- Заинтересирано е за кратки приказни и дава одговори на едноставните прашања во врска со прочитаната приказна
- Ги разбира зборовите кои што се однесуваат на времето (вчера, денес, утре) и ги разбира односите (прв, последен, следен)
- Разбира поголем дел од содржината која што ја слуша во домот или во градинката
- Речениците стануваат се посодржински (на пример, “најголемото црвено јаболко е мое“)
- Ги раскажува приказните и се држи до темата
- Без никакви проблеми комуницира со другите деца и со возрасните
- Ги римува зборовите
- Со навршени 5 години правилно ги изговара сите гласови
- Говорот е граматички точен (не прави грешки во однос на родот, бројот, членот и времето)

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 129
   RE: Говор на детето
16.8.2012 13:48:23   
makbt
мојата керка има 5 год не зборува околу 10 букви и некои зборови ги превртува буквите пр за леб вели бле додека одевме во здраво прашуаа само дали вика мама тато и не обрнаа внимание никакво да ни дадат совет ние како родители се надевавме ке се пусти инаку нејзините предни заби ги нема скапаа ја записавме градинка во која по неколку месеци разбравме дека е во група со 3 год колку да си потполнат децата секој ден и префрлаат и поцна само со едно дете да се друзи се изолира целосно во влезот во зградата се само 4 девојцинја поцнавме да ја пустаме да се дружи поцнаа да викаат не ја играјте незнае да збори и тие се знаат а таа нисто а мојата керка нема друг проблем освен говорот се развива нормално како сите деца со логопедот во градинка не соработува ја однесовме во зрс и говор кај другиот логопед соработува и нема ден да не праса кога ке одиме кај тета ....јас имам заврсено воспитувац и ја вежбам колку можам ни предложија дневен престој во заводот меѓутоа јас првпат слусам за таков престој дали знае некој да ми каже за што се работи и дали некој познава приватен логопед во битола инаку јас сум од друг град и затоа не знаев каде да се обратам логопедот кај со одиме работи 2 пати неделно по пола цас а во тоа време нон стоп влегуваат излегуваат колешките сандра другата есен треба да оди прво со ова темпо многу сум уплашена незнам кај да барам помош ве молам помогнете ми

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 130
   RE: Говор на детето
19.8.2012 9:31:39   
Snowhite RR
Михаил од пред некоја недела почна да кажува Р, не во сите зборови, ама се почесто, е сега проблемот е што во зборчина што поретко ги употребува ја кажува Р, а во некои што си ги знае како такви, така си ги кажува, на пример „Добо“ за добро. А ако му речам, ај речи Р, ми вели, не можамuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот makbt)
Непосредна врска до пораките: 131
   RE: Говор на детето
19.8.2012 10:47:13   
niki
Snowhite vezbaj go taka sto ke mu smisluvas recenici od zborovi koi sodrzat R da gi povtoruva, ne e bitno ako gresi neka se trudi da gi izgovara posle tebe sto e mozno pocisto i mnogu pati.
pr. Drvarot sece drveni drva;
Srcka krevetot krcka, od krckanje ke raspuka i nema da krcka, srcka.( na ovaa recenica so kerka mi sme se pagale od smea, dolga i bese na pocetok pa dur ja zapamti pa se trudi uste tocno da izgovori, zabava do besvestuser posted image )
Trkacot brzo trca od trcanje se izmori i prestana da trca;
Ribarot ribari riba vo ezero, ako ribarot ne izribari riba vo ezero ke ostane gladen;
Grizacot grize praska, grizajki praska grizna i crv;
Cresnarkata bere cresi, nabranite cresi gi sobira vo krosna i sl.
Ne mora da imaat mnogu smisla recenicite vazno e R da go ima cesto vo zborcinja sto mu se poznati na deteto, sigurna sum deka i toj ke ti pomogne vo smisluvanje na takvi recenici.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 132
   RE: Говор на детето
18.9.2012 16:56:34   
Maria
Драги мои,ние 100 % го надминавме проблемот со т.н. пелтечење.user posted image Андреј повеќе не завлекува,зборува убаво и течно,а најверојатно се работеше за физиолошко повторување,што е карактеристично за деца на оваа возраст.user posted image
Можеби и други мамички ќе се соочат со овој проблем,па еве сакав да го споделам моето искуство за тоа како успеавме да го совладаме проблемот.user posted image
На детето кое е соочено со овој проблем треба:
- да му се пружи мноооогу љубов,
- да се остави детето да се искаже до крај,без да се прекинува,без разлика колку долго ќе трае говорот
- да му се даде лесен модел на зборување,т.е. да му се зборува полека,со паузи,кратки реченици
- да се одржува контакт со очите,со што детето би се чувствувало посигурно
- и на крај, да се има огромно трпение.
Како што пребарував по нет,80 % од децата на возрас од 2 до 3 години поминуваат низ ова,само кај некои трае помалку,кај некои повеќе.Кај нас траеше околу месец ипол...два.Доколку не се елиминира проблемот до третата година треба да се посети логопед.
И така сега дома си имаме уште еден дрдорко кој изненадува со нови реченици и зборчиња секој ден.user posted image user posted image user posted image
А мама и тато...пресреќни.user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 133
   RE: Говор на детето
26.9.2012 13:46:37   
AnnaMolly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Еве една табела што ја најдов на заздравје, која го отсликува развојот на говорот.

Очекувано однесување на детето:

До 3 месеци:

- Се оддалечува кога ќе чуе силен звук
- Престанува да плаче кога ќе му се обратите
- Го менува начинот на цицање во зависност од звукот кој го слуша
- Се огласува кога е задоволно
- Различно плаче во зависност од своите потреби
- Се насмевнува кога ќе Ве види

До 6 месеци:

- Ги движи очите во насоката на звукот
- Ги приметува промените во Вашиот глас и реагира на истите
- Ги приметува звучните играчки
- И обраќа внимание на музиката
- Се огласува со повторување на определени слогови (ма, ма, ма)
- Се смее
- Го вокализира одушевувањето и негодувањето

До 12 месеци:

- Ужива во игрите со криенка
- Се врти и гледа во насоката од која што доаѓа звукот
- Слуша кога му се обраќате
- Ги препознава зборовите за предметите во секојдневната употреба (сок, книга, шолја...)
- Одговара на едноставните барања (“додади ја топката“, “дојди овде“)
- Гугањето станува поинтензивно и подолго трае
- Се огласува за да привлече внимание
- Употребува гестови за да соопшти што сака (на пример, ги подигнува рацете за да го кренете)
- Имитира различни звуци (ономатопеја)
- Околу првиот роденден се појавува и првиот збор, т.е. збор со значење

1-2 години:

- Ги покажува одредените делови од телото кога ќе го прашате за нив
- Ги покажува и именува сликите во книгата
- Одговара на едноставните барања (на пример “каде е мечето?“)
- Слуша кратки приказни и песни
- Секојдневно го збогатува својот речник
- Поставува едноставни прашања (“каде е...?“, “што е...?“)
- Спојува два збора и формира проста реченица (“дај сок“, “бебето спие“)

2-3 години:

- Ги разбира разликите во значењето (големо – мало, оди – стој)
- Одговара на две барања дадени истовремено (“земи ја топката и стави ја во кутијата“)
- Слуша и ужива додека му раскажувате подолги приказни
- Знае да ги именува скоро сите работи од опкружувањето
- Речениците се состојат од 2-3 зборови
- Секојдневно го збогатува речникот и ги проширува речениците
- Говорот на детето е разбирлив за фамилијата

3-4 години:

- Одговара на прашањата кој?, што?, каде?, зошто?
- Опишува што се случило во градинката, паркот, продавницата...
- Користи реченици составени од 4 зборови
- Во говорот не ги повторува слоговите ниту зборовите
- Со навршени 3 години треба коректно да ги изговара с, з и ц, додека со навршени 4 години, ш, ж, ч и л.
- Говорот на детето е разбирлив и за пошироката социјална средина

4-5 години:

- Заинтересирано е за кратки приказни и дава одговори на едноставните прашања во врска со прочитаната приказна
- Ги разбира зборовите кои што се однесуваат на времето (вчера, денес, утре) и ги разбира односите (прв, последен, следен)
- Разбира поголем дел од содржината која што ја слуша во домот или во градинката
- Речениците стануваат се посодржински (на пример, “најголемото црвено јаболко е мое“)
- Ги раскажува приказните и се држи до темата
- Без никакви проблеми комуницира со другите деца и со возрасните
- Ги римува зборовите
- Со навршени 5 години правилно ги изговара сите гласови
- Говорот е граматички точен (не прави грешки во однос на родот, бројот, членот и времето)


Морам на темава да го пофалам Филип, бидејќи немам многу што друго да го фалам (не е мирен, не е послушен user posted image ).
Во однос на говорот, мојов дрдорко според листава е како дете од 4-5 години, а има 2 години и 3 месеци. Сите точки од последниот дел што се однесува за дете од 4 до 5 години ги исполнува, освен „ги римува зборовите“, „правилно ги изговара сите гласови“ (не ги изговара правилно „р, ч, џ и ш“) и „ги разбира зборовите кои што се однесуваат на времето (вчера, денес, утре)“. Тоа не ни е совладано, ама знае „прв, втор, следен, последен“.
Друго се исполнува user posted image

< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 26.9.2012 13:48:01 >


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 134
   RE: Говор на детето
26.9.2012 18:48:36   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bebence te cekame

Кога Вашите најмили почнаа да зборуваат? Моето злато ќе полни две годинки, а сеуште речникот му е многу сиромашен. Ме разбира се, покажува голема интелегенција при составување на слагалици, друштвен е и се тоа, ама умее да каже десетина зборчиња. Гледам дека се труди, цело време нешто „меле“, ама не се рабира што збори. Какво е Вашето искуство?


ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka RR

Исто сме и ние,нешто си зборува ама на Кинески оди разбери ја а сега за 4 дена ке прави 2 години. Разбира се и на Македонски и на Англиски ама незнае да зборува дури ја мрзи и мама да каже!


ИЗВОРНА ПОРАКА: temjanuska75

Исто и моето, разбира се, дури и се пазиме пред него што зборуваме, user posted image , составува сложувалки, меле неразбирливо, поготово кога ќе ми заѕвони телефонот вика мамаааа и продолжува на кинеско арапски демек јави се user posted image . Речник од максимум 20 зборови.
А за два месеци ќе полни две години.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bebence te cekame

Уф, не сме сами...!
Не дека се плашам дека нема да прозбори, ама малку ми е непријатно кога некое негово врсниче збори, а он не :( А освен тоа, не знам дали е поврзано со зборување, ама многу се лигави. Се уште ставаме лигавчиња, мора да го опоменувам да голтне, да се избриши и сл.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bjanka

I nie ne zboruvame a ke ima uste malku 2, samo po nekoj zbor user posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: dostickage

Ne se sekirajte i sin mi taka pravese.
Nisto ne zboruvase samo nesto bez vese po negovo i cat pat po nekoe mama , tato i sl.
Istoto go pravese i za peelnite ,ednostavno ne sakase.

I taka fino lepo deckoto si stana na 1-vi Septemvri i sam pocna da zboruva i toa vednas recenici so po 3-4 zbora i pocna da koristi noksice.

I nie edno vreme se zasekiravme ama ete ne mu bil dojden denot user posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka RR

Епа јас ич не се секирам,јесте дека и мене ми е мака кога некое додуша и помало од нејзе зборува убаво и ептен ми е интересно тоа,а моево ко бајче дреме незнае ни ДА да каже user posted image . Ама со фактот дека татко и презборел на 4години,па воошто не се замарам,останува само да чекам user posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: lilicka

Од колку точно месеци почнува детето да сврзува реченици?? Или да кажува повеќе зборови??
Мојава женска почна по нешто по нејзино како на пр.Мама тао брм брмuser posted image - во превод по мое Мама да одиме чао со брм брмuser posted image или Тата њам њамuser posted image
Имам една пријателка детето не и зборуваше ништо до 3,5години и одеднаш почна да збори дури онака како преку ноќ!!


ИЗВОРНА ПОРАКА: lilicka

Од колку точно месеци почнува детето да сврзува реченици?? Или да кажува повеќе зборови??
Мојава женска почна по нешто по нејзино како на пр.Мама тао брм брмuser posted image - во превод по мое Мама да одиме чао со брм брмuser posted image или Тата њам њамuser posted image
Имам една пријателка детето не и зборуваше ништо до 3,5години и одеднаш почна да збори дури онака како преку ноќ!!


ИЗВОРНА ПОРАКА: penelopa


ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka RR

Епа јас ич не се секирам,јесте дека и мене ми е мака кога некое додуша и помало од нејзе зборува убаво и ептен ми е интересно тоа,а моево ко бајче дреме незнае ни ДА да каже user posted image . Ама со фактот дека татко и презборел на 4години,па воошто не се замарам,останува само да чекам user posted image

Јас ич не се замарам со ова, син ми слуша 2/3 јазици дома сам зборува на негов= кинескиuser posted image Нормално разбира се ама ете изгледа на татко му се метнал и тој покасно прозборел на 2 и нешто години.




_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 135
   RE: Говор на детето
26.9.2012 19:26:35   
suzeto
и ние уште со буквите се мачиме......има 7 години на логопед одиме 1,5год.
ш му е како с....ж како з........... л како љ............чќџ и нив не ги изговара баш убаво
само р е научи откако одиме на логопед............незнам дали не ни се погоди логопедот млада е, не дека не е искусна не сакам тоа да кажам ...него повеке како да не е ентересира го остава на компјутер да игра и демек низ игра ке учиме ....

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 136
   RE: Говор на детето
27.9.2012 8:57:34   
Slagjana
Кога ќерка ми наполни 2 години знаеше само 2 збора. Сега има 2 и пол и знае околу 100. И тие не се баш разбирливи, а сите деца во нејзината група в градинка веќе зборуваат како големи. До пред 2 недели не знаеше ни името да си го кажи. Значи нема да прозборува преку ноќ како што сите ме тешеа, туку постепено. Од градинка ме советуваа да ја носам на логопед, оти сите деца ги знаеле песничките само таа не. И навистина не беше убаво чувството кога некој ќе ја прашаше како се вика и јас требаше да објаснувам дека уште не зборува. Сега секој ден кажува по некој нов збор и наскоро очекувам и подолги реченици не само од 2 збора.

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 137
   RE: Говор на детето
28.9.2012 15:34:32   
suzeto
kazetemi nekoj dali ima nekoj metod za bukvata l............. nekoj finti ili slicno

(Одговор на членот Slagjana)
Непосредна врска до пораките: 138
   RE: Говор на детето
28.9.2012 16:54:39   
Cipi Ripi
jas na vremeto odev na logoped za l i r, i vezbite mi bea vakvi: al, el, il, ol, ul. ala,ale,ali,alo,alu......i site samoglaski po red gi vrtev, posle ela,ele,eli..... itn. koga gi izvezbav ubavo mi davase brzozborki i recenici.

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 139
   RE: Говор на детето
28.9.2012 20:33:48   
Snowhite RR
Михаил веќе почна на големо да ја кажува Р, дури и таму каде што не и е местото, најчесто на местото од Л, на пример „кучето рај“ или „горем“, наместо голем и сл. го корегирам неусетно, т.е. го повторувам зборот по него правилно, во прашална форма, се надевам дека за брзо ќе почне да ја употребува само таму каде што треба

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 140
   RE: Говор на детето
4.10.2012 12:51:42   
Дечка
Zdravo ringerajki,

Slucajno naidov na vasiot muabet, pa vi prakam link so knigi za logopedija. Hrvatski se, ne sum gi pogledala, ama im veruvam deka se ponapred od nas + glasovite i bukvite se gore dolu isti. Gi pobarav zaradi edna ringerajka, pa da vi gi pratam na site.



Модератор: Не се дозволени надворешни линкови.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 5.10.2012 16:53:41 >

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 141
   RE: Говор на детето
29.10.2012 12:41:52   
kikicka
Женски јас почнувам по малку и да се загрижувам! Незнам оваа недела ме збудале со врескање, цикање, сака да каже се нервира. Незнам што е проблемот и дали да одиме на логопед, читкав нешто на нет, демек колку порано толку подобро ама незнам што да правам, и башка кој логопед добар би ми го препорачале? user posted image

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот Дечка)
Непосредна врска до пораките: 142
   RE: Говор на детето
29.10.2012 14:38:49   
vezilka RR
kikicka вие имате околу 2 години ако не се лажам. Јас мислам дека е рано за на логопед, мислам дека на логопед се оди после третата година доколку детето не прозборело. Некои деца едноставно подоцна почнуваат да зборуваат и тоа не е никаков проблем. Иначе имало некој логопед од кај тебе, од Неготино или КАвадраци во моментов не можам да се сетам на името, хи,хи ама знам дека е кандидатка за градоначалник. Ептен ја фалат.

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 143
   RE: Говор на детето
29.10.2012 14:46:35   
Mihaela 2010
Moeto kumasince ima 3 godinki i se uste ne zboruva...pa roditelite se resija na logoped,epten bea zagrizeni,inaku se bliznaci,devojceto pocna povekje da zbori no maskoto mn slabo...im zakazale vo gradinkata,doaga logoped dva pati nedelno,i ima napredok,zainteresiran e ,i mislam deka ke bide dobar...

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 144
   RE: Говор на детето
29.10.2012 14:50:06   
dostickage
ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka RR

Женски јас почнувам по малку и да се загрижувам! Незнам оваа недела ме збудале со врескање, цикање, сака да каже се нервира. Незнам што е проблемот и дали да одиме на логопед, читкав нешто на нет, демек колку порано толку подобро ама незнам што да правам, и башка кој логопед добар би ми го препорачале? user posted image


Ne ti treba, malecka e L.I V pravese taka i i nie normalno se zagrizivme ama vi vikam aj zdrav razum da go pocekam pa kje vidime.
I nisto si stana eden den na 1 septemvri i kao skolarec pocna da zbori i toa po 2-3 zbora odednas demek u recenica.
Ne se sekiraj kje pocne odednas.

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 145
   RE: Говор на детето
29.10.2012 20:05:12   
Snowhite RR
Внук ми од деверот после втората година почна да зборува, до тогаш само со пантомима се разбиравме, многу смешен беше кога нешто ќе сакаше да каже и како во циркуз да бевме со рацете ни објаснуваше, едно време помисливме дека така ќе се навикни полесно му е, знае дека го разбираме и нема да се мачи да зборува и потоа и да го разбиравме, се правевме дека не разбираме за да прозборува, па после тоа пушти со зборување, сега не знам точно колку имаше. Сега има 4 години, зборува се, ама сепак не толку чисто, ама мислам дека нема гајле ќе си зборува.
Така да, на 2 години мислам дека е мала за логопед

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 146
   RE: Говор на детето
3.11.2012 16:12:36   
Maria
Илија почна да ја кажува Р.user posted image Бев веќе решена да го носам на логопед,бидејќи има 5 ипол години,и бев загрижена,дека е голем,но, кога го прочитав постот на Ники со речениците во кои има Р,си ги препишав и си викам,ајде да пробаме прво вака.user posted image Вежбавме една недела и немаше никакви резултати,па викам ајде некој ден пауза.Кога пред некој ден ми вика мамо слушај РРРР...Леле колку сум се израдувала.user posted image
Кога зборува сега се заборава и зборува пак по старо,но го корегирам.Ти благодарам Ники user posted image А инаку и нему му беше многу смешна онаа со креветот,се газеше од смеење.user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mamica)
Непосредна врска до пораките: 147
   RE: Говор на детето
28.11.2012 12:58:15   
Bethany
Читајќи претходните коментари малку се потсмирив, ама се уште сум и загрижена. Син ми е 14,5 месеци, ама ништо не зборува. Кога кажува мама вика МА, кажува тата и тоа не секогаш, ајде ... и не знам да ли уште нешто зборува.
Инаку, да речеме скоро се разбира, кога го прашуваш каде е сликата, саатот, медо, банана, вода, и сите други секојдневни работи, послушува едноставни наредби, однеси вода на маса, врати тоа на место, одиме надвор (оди до вратата, се фаќа за патиките) и многу други примери. Ама за комуницирање само користи А? М? У? и така се обидува нешто да каже или праша. Дури и не знае да опонаша звукови, некои деца многу порано викаат брм, брм или слично, тој не, кога го прашувам како да се посрами, само се насмее и се сврти...

Дали овакво однесување значи дека ќе проговори многу касно? Треба ли да бидам загрижена? user posted image

(Одговор на членот Maria)
Непосредна врска до пораките: 148
   RE: Говор на детето
28.11.2012 13:15:55   
Calypso
Bethany, bez gajle. Ke si zbori deteto, koga ke mu dojde vreme, ke prozbori. Obicno momcinjata podocna pocnuvaat so zboruvanje od devojcinjata. Dobro e sto iskazuva nesto, sto razbira, toa e dobar pokazatel deka ubavo se razviva. Nema pravila vo toa koga decata pocnuvaat so zboruvanje.

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 149
   RE: Говор на детето
28.11.2012 14:16:44   
Bethany
Фала Калипсо за одговорот. Пред малку читав една странска статиа за развојот на децата и пишуваше дека ако не зборува ништо до 15 месеци треба да го однесете на доктор user posted image Не знам што точно подразумеваа под тоа, ама ме уште повеќе замисли.
Инаку, да, како го гледам е дека се тој добро развива, интелигентен е, ги капира работите, ама ете само со звуци ми збори. И не покажува интерес за зборување, да сака да повтори или сл. Како и да е, разбирам дека има време, ама ете не можам а да не се запрашам.

(Одговор на членот Calypso)
Непосредна врска до пораките: 150
Страница:   <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?