elenak
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: miana ИЗВОРНА ПОРАКА: miana ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak RR Женички мене нешто ме загрижува и се мислам веќе некое време дали има место за паника. Ј има 2 год и 3 месеци, почна да спојува зборчиња, арно ама првиот збор што го кажува го повторува по неколку пати. На пример, маша,маша,маша пушти, и стално ја опоменувам дека само еднаш е доволно и ќе го каже еднаш ама без зборот после него. Значи не може да сврзе без да го повтори 2-3 пати првиот збор. Си мислам навика да не и стане да зборува така Не знам дали од брзање така прави или нормално е ова? Како да постапуваме? Срцка да ја гледаш од некоја страна керками ке се чудиш..На иста возрастини се децата и ке ти речам,немој да се замараш, тоа се некои тикови што ке се изгубат со тек на време. Моево дете на сите им е чудно како збори, зима воздух по три пати па кажува збор, па ц''цка, па пак ке каже збор, ама јас тука не гледам проблем..Полека,полека ке почнат убаво за зборуваат. Не се сите деца исти, некои се понапредни во говорот а некои пак не. Мојава сега научи да прави реченици и баш ми е слатка. Елена кажи ми како напредувате во говорот? Јас не бев мн огу загрижена, ама керками ептен ја зачести со ова повторувањево па почнавме да се плашиме по малку... Кога сака да каже на пример крени ме вика - ке,ке,ке кени мене или пак ја,ја,ја ака оди мама, или та,та,та тато са,са,са сака ногу тебе .... Ова е се почесто и се по изразено...Вчера се слушнавме се посоветувавме со една пријателка на свеки што работи во градинка, ни кажа дека не смееме да ја караме или да и го воочуваме проблемот зошто може целосно да престане да зборува... Претходно мм ке ја скараше и таа почнува да шепка ... Ептен сум исплашена , рано е за на логопед, ке ги применувам советите од сите претходно напишани постови и ке чекаме да наполниме 3 години па да ја однесам на логопед.. Елена, ме интересира дали кај вас заврши ова повторувањето на првите зборчиња? Миана тоа кратко траеше кај нас, дури не знам ни кога точно престана. Сега убаво си зборува, течно, само што уште не баш разбирливо. Важно се труди, и нешто што не може да го каже го кажува по нејзино и сама си се смее, знае дека е погрешно. Не знам стварно, почекај уште малку, нив говорот сеуште им се развива, може од брзање да каже повторува, а може и само така да и е интересно.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
(Одговор на членот miana)
|