blue_blue -> RE: Не сакам во градинка (18.7.2011 11:31:23)
|
Ќерка ми после цела година одење во градинка без проблем сега не сака да оди. Се почна кога ги преместија доле (они беа на горниот спрат каде уште се водеа како јасли) и сега од јуни ги симнаа доле каде ке продоложат да одат до школо. Е, пошто е лето таму е жив хаос, едни учителки, други, едни деца, други деца, не се знае кој јаде кој пие. Едново девојче нема никаков проблем со тоа иако една луда учителка и рекла дека ако не е умна мајка и нема да ја земе од градинка (тој ден беше сама во градинка пошто сестра и беше болна). Она ми кажа тоа, се разбравме убаво, ја иксаравме учителката и се си е пак ОК. Другава си одеше првиот месец нормално и после еден ден дури беше и сама во градинка (без проблем отиде - сестра и беше болна) и после беше пак заедно со сестра и..наводно тој ден кога биле заедно баба им дошла покасно (бабата вика - нема врска на време дојодв имаше уште деца), немало више деца - учителката отишла не знам кај и ги оставила сами....Оваа мојава се испаметила дека останале сами со сестра и и дека нема никој да ги земе и од тогаш нејќе да иде.....се пробав - јас ја носам во градинка, полека влегуваме заедно, сите деца доаѓаат и даваат играчки, една учителка и донесе книга за да читаат, не бре нејќе и нејќе....едино ако дојде нејзината учителка едвај некако ќе се согласи да остане...После се е ОК, си игра, ја земаме среќна, а следното утро пак иста приказна....Се пробав - и зборам дека нема од што да се плаши, дека секогаш ќе ја земеме од градинка, и кажувам ако некое дете и земе нешто да му каже дека нема да игра со него и да оди да си земе друга играчка...ништо не помага...Има ли некој идеја, нешто што му успеало...Исцрпена сум скроз од ова..а и сакам да и помогнам - не сакам да биде несреќна, а месец ипол да ги чуваат бабиве (ако не иде она у градинка нема ни сестра и да иде) стварно не можат - стари се....На работа морам да одам, немам баш некој избор зошто ми треба ептен платата...
|
|
|
|