Felly RR -> RE: Не сакам во градинка (17.10.2013 9:04:28)
|
AnnaMolly истата ситуација е и кај нас, и не знам стварно што е проблемот. Сме имале и ситуација како SNowhite, кога дома ми вели не сакам во градинка, ама кога веќе стигнуваме во градника, таа трча за внатре. А сега, кога ќе стигнеме, трча накај мене, плачи, и само тоа го повторува - Не сакам во градинка!!! Зборував со двете воспитачки, едната морам да пишам, незаинтересирано некако ми делува. Внатре 5 деца плачат, ние надвор се убедуваме, таа си седи на столче, нешто си работи или стои надвор разговара со родители. М плачеше и на почетокот, кога почнавме д аја носиме, на 1 и 8 месеци, ама воспитачката ја земаше од кај мене, и почнуваше да и пее некоја песничка, па нешто ќе почнеше да ја прашува, и одма се смируваше. А сега таа плаче, нема кој да ја земе и да ја смири.[sm=zmeden.gif] Многу ми е тешко носењето во градинка во последно време.[sm=smiley19.gif]
|
|
|
|