AnnaMolly RR -> RE: Не сакам во градинка (18.9.2013 9:14:13)
|
Блу блу и јас мислам дека проблем е спиењето, оти сабајле викаше дека не сакал да спие, ми викаше нека ме земе баба пред спиење, дома ветувам дека ќе спијам. А инаку Филип се ми кажува дома, ми кажува и кога некој ќе го скара од учителките, кога ќе се скара со другарче... Сабајле ништо не ми кажа, вика никој не ме караше, само не сакам да одам , не ми е убаво во градинка. А јас и реков на мајка ми денес да го земе во 12:30 пред спиење, можеби и згрешив? Да не ми се научи сега да сака цело време пред спиење да си оди? Инаку, цело време сме со зборење, со комуницирање, дека е убаво во градинка, дека има дечиња, дека учат, си играат... Знае дека тато и мама мора на работа да одат, дека тој мора да оди во градинка зашто нема кој да го чува... Не знам што се случило, ама мора да има нешто што го поттикнало на ова однесување . Денес баш имаме родителска, па ќе се распрашам дали е проблемот во спиењето. ЕДИТ: Учителките до сега секогаш ми кажувале ако некој го скара зашто не сакал да дели играчки, ако го скарале зашто првел бељи... Вака ми изгледаат на директни, а и добри во односот со децата, од лани е со нив и до сега не сум имала впечаток дека кријат нешто. Можеби и погрешно мислам... Не знам што да кажам, ама многу сум загрижена, вака целиииии две години ми нема изреагирано. Срцево ми се скрши сабајле кога ме молеше да не го носам во градинка!
|
|
|
|